С О О П Ш Т Е Н И Е
Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи објавено на ден 23.2.2018 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 1.3.2018 година (10 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручниот испит.
Поради горенаведеното, Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник односно брокер кои ќе бидат доставени по пополнување на максималниот можен број на кандидати, нема да бидат земени предвид.
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).
Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.3.2018 година и 31.3.2018 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр.68 во Скопје.
Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и точните термини и деталниот распоред за одржување на испитот ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката односно испитот.
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник).
Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.3.2018 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр.68 во Скопје.
Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и точните термини и деталниот распоред за одржување на испитот ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката односно испитот.
Регионална актуарска конференција – 22 февруари 2018 година
SC XPRIMM International во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување организираат регионална актуарска конференција, која за прв пат ќе се одржи во Скопје на 22 февруари 2018 година.
SC XPRIMM International SRL во изминатиот период се промовираше како квалитетна институција која го следи развојот и трендовите на осигурувањето, со посебен акцент на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, и земјите од Заедницата на Независни Држави (ЗНД) со тоа што за сите земји објавува редовни известувања со настани од осигурителниот сектор, проследени со редовни тромесечни статистики и годишни профили на земји.Исто така, SC XPRIMM International SRL се појавува како организатор и партнер во организирање на тематски конференции од областа на осигурувањето кои се промовираат како редовни годишни настани и кои се повеќе добиваат на значење и посветеност.
Таргет групата на посетители на конференцијата покрај актуарите, се и поширок спектар на учесници од осигурителната заедница, претставници од пензиските друштва и креаторите на економските политики во земјата и странство од причина што работата на актуарите станува сé покомплексна и треба да има централно место во организационата поставеност друштвата за осигурување.
Повеќе детали за конференцијата и пријавување на следниов линк
Повик за поднесување на понуди за избор на едукатори за образовни услуги
Агенцијата за супервизија на осигурување има потреба од образовни услуги од страна на едукатори, заради спроведување обука и стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето како и заради спроведување обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи, во 2018 година.
За таа цел, Агенцијата за супервизија на осигурување спроведува постапка за:
доделување на договор за јавна набавка на образовни услуги – спроведување обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурувањето, и
доделување на договор за јавна набавка на образовни услуги – спроведување обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи,
согласно член 17 став (1) алинеа 2 и став (3) од Законот за јавните набавки.
Седница одржана на 05.01.2018
- Одлука за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи во 2018 година;
- Одлука за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување во 2018 година;
- Решение за издавање согласност за измена на Статут на Триглав Осигурување АД, Скопје, и
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината на извештаите кои друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и банките ги поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување и крајни рокови и начини на поднесување на истите.
Седница одржана на 28.12.2017
- Стратешки план за извршување на внатрешната ревизија за периодот 2018-2020 година;
- План за извршување на внатрешната ревизија за 2018 година;
- Одлука за формирање на Комисија за попис на средствата и изворите на средствата на Агенцијата за супервизија на осигурување со состојба на 31 декември 2017 година;
- Упатство за работа на Комисија за попис на средствата и изворите на средствата на Агенцијата за супервизија на осигурување со состојба на 31 декември 2017 година;
- Одлука за усвојување на Годишен план за јавни набавки на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2018 година