Седница одржана на 15.12.2017
- Стратегиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за периодот 2018-2020 година,
- Планот за работа на Агеницјата за супервизија на осигурување за 2018 година,
- Одлука за донесување на Финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2018 година,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Акционерско друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема АД за осигурување ВИНЕР Лајф-Виена Иншуренс Груп Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Националното биро за осигурување – Скопје,
- Решение за издавање на согласност за измена на седиште и статут на КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот, Скопје,
Седница одржана на 29.11.2017
- План за архивски знаци на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2018 година,
- Листа на документарен материјал со рокови за нивно чување,
- Листа на архивска граѓа од трајна вредност на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2018 година,
Завршен настан по повод твининг проектот „Понатамошна хармонизација со ЕУ во областа на осигурување и зголемување на пазарните операции“
Во насока на понатамошно усогласување со законодавството на ЕУ во областа на осигурувањето и зголемувањето на пазарните операции, Министерството за финансии во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување и Меѓународната ибероамериканска фондација во изминатиот 21 месец работеше на твининг проект за што имаше завршен настан на 17 ноември 2017 година. Проектот го спроведуваше Генерална дирекција за осигурување и пензиски фондови од Кралството Шпанија.
Основната цел на проектот е транспонирање на Директивата за основање и водење на деловни активности за осигурување и реосигурување – Солвентност 2 во нова законска и подзаконска регулатива.
Веќе знаеме дека директивата Солвентност 2 донесе новости и промени истовремено за друштвата за осигурување, супервизијата и за корисниците на осигурувањето и претставува до сега најзначајната промена во европската осигурителна индустрија. Тие промени се толку опсежни што влијаат на промена на целиот бизнис модел на друштвата за осигурување, како и на моделот на спроведување на супервизија кој ќе биде заснована на ризици. Искрено се надевам дека резултатите од твининг проектот ќе ни бидат квалитетен водич во реформите кои ни престојат на пазарот на осигурување, истакна Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, на завршниот настан.
Во рамки на завршниот настан се одржа и округла маса на тема Имплементацијата на Солвентност 2 која ја модерираше г. Климе Попоски, а учествуваа претставници од ЕУ, и тоа
- Хавиер Кастило, генерална дирекција за осигурување и пензиски фондови од Кралството Шпанија
- Петар Пјер Матек, претседател на Управниот одбор на ХАНФА, Хрватска
- Гордана Летица, член на Управниот одбор на ХАНФА, Хрватска
- Нина Колчакова, генерален секретар на Здружението на бугарските друштва за осигурување, Бугарија, и
- Боштјан Вовк, заменик директор и раководител на Одделот за супервизија на Агенцијата за супервизија на осигурување на Словенија.
Во рамки на панелот учесниците ги изнесоа своите гледишта во врска со имплементацијата на Директивата Солвентност 2 во нивните земји. Главните заклучоци се движеа во насока дека овој процес е комплексен и бара голем ангажман и ресурси како за друштвата за осигурување, така и за органите за супервизија.
Седница одржана на 20.11.2017
- Решение за вршење на функцијата член на Управен одбор на Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ АД, Скопје, на лицето Срѓан Крстиќ,
Прогласен победникот на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2017 година
Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, наседницата одржана на 27.10.2017 година, го усвои Извештајот на Комисијата заизбор на најдобар истражувачки труд одобласта на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија за 2017 годинасо што го прогласи трудот на Ангела Блажеска – “Анализа навлијанието на оперативниот ризик врз деловниот успех на компаниите за неживотноосигурување во Република Македонија” за победник на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд одобласта на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2017година. Победничката Ангела Блажеска изврши презентација на својот труд на7.11.2017 година пред претставници на друштвата за осигурување во Агенцијата засупервизија на осигурување.
Трудот претставува емпириско истражување на ефикасноста во работењето наосигурителните компании во Република Македонија од областа на неживотнотоосигурување со испитување на пет компании кои имаат најголемо учество напазарот на осигурување во Р. Македонија. Преку употреба на комплекснаквантитативна анализа, целта е да се согледа состојбата на следниве индикаторина успех: бруто полисираната премија како доминантен извор на приход,влијанието кое врз неа го имаат бројот на осигурителните полиси, ликвидиранитештети и оперативните трошоци.
Трудот е методолошки конзистентен и содржи напредна квантитативна анализа,особено во делот на VAR моделите како иновативни во испитување накоинтеграцијата на варијаблите, компарирана со соодветни емпириски современистрански истражувања, и истата претставува основа за генерирање на поединечнинаоди за селектираните компании и генерални заклучоци за истите. Оперативниотризик за компаниите е еден од круцијалните фактори кој влијае на деловниотуспех на македонските компании, и на кој, особено на делот на оперативнитетрошоци, компаниите не фокусираат соодветно внимание и усовршување на интернитепроцеси.
Трудот, во тој контекст, има додадена вредност за осигурителниот пазар иистиот е корисен имајќи ги во предвид квантитативните наоди, кои треба да секористат во работењето на компаниите, но сепак со ограничено влијание. Трудот едоминантно ориентиран кон квантитативната анализа на оперативниот ризик, и воистиот има дополнителен простор за длабинска анализа на вкупните перформанси накомпаниите и потреба за подетална квалитативна анализа на оперативниот ризик инеговите фактори.
Седница одржана на 14.11.2017
- Решение за давање согласност за стекнување квалификувано учество во МАКТРЕНД БРОКЕР АД Скопје,