Седница одржана на 11 јули
- Записник од 17-та седница на СнЕ на АСО одржана на 30 јуни, 2025 година,
- Решение за издавање согласност друштвото за ревизија ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на САВА осигурување АД Скопје за 2025 година,
- Решение за издавање согласност друштвото за ревизија РАФАЈЛОВСКИ РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД Битола,
- Одлука за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи во 2025 година,
- Одлука за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување во 2025 година,
- План за изменување и дополнување на Годишниот план за теренска супервизија на Агенцијата за супервизија на осигурување, за 2025 година,
- Решение за издавање на согласност за друштво за ревизија КПМГ Ревизија ДОО Скопје, да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје за 2025 година
- Извештај од 25тите спортски средби на кои учествуваше АСО, одржани во периодот од 15-18 мај, 2025 година.
АСО го започна процесот на подготовка за примената на Меѓународниот стандард за финансиско известување ИФРС 17 за договори за осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) го започна процесот на подготовка за примена на Меѓународниот стандард за финансиско известување (МСФИ) 17 во договорите за осигурување.
Оваа комплексна реформа од областа на финансиското известување ќе го подобри и направи поефикасно работењето на осигурителните компании, а тоа во крајна линија ќе значи подобра заштита на осигурениците – корисници на услугите на осигурителните компании.
По тој повод во Скопје беше успешно организирана петдневна обука и работилница на која учествуваа над 50 стручни лица од осигурителните компании, од пензиските фондови, супервизори од АСО и овластени сметководители.
Обуката АСО ја организираше во соработка со Центарот за реформи во финансиското известување и известување за одржливост при Светската банка. Обуката ја спроведува Дарел Скот, реномиран експерт кој непосредно го има водено процесот на усвојувањето на стандардот, како поранешен член на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди.
Меѓународниот стандард за финансиско известување во нашата регулатива ќе се применува од 1 јануари 2028 година и во овој период сите учесници на осигурителниот пазар ќе го прилагодат своето работење односно ќе ги имплементираат барањата на ИФРС 17.
Во знак на благодарност за успешно спроведениот тренинг за разбирањето, значењето и примената на стандардот за финансиско известување претседателот на Советот на експерти Ели Дракуловска и членовите Александра Дранговска и Горан Здравковски на предавачот Скот му подарија сувенир – реплика од фрагмент од мозикот во античкиот град Стоби еден од најпопуларните артефакти на македонското културно наследство од античкиот период.




Регулаторните барања за водење на сметководство и финансиско известување на друштвата за осигурување суштински се менуваат со објавата на Меѓународниот стандард за финансиско известување (МСФИ) 17 Договори за осигурување. Агенцијата за супервизија на осигурување со помош на Центарот за реформи во финансиското известување и известување за одржливост при Светската банка обезбеди еднонеделна обука за вработените во друштвата за осигурување и во супервизијата со цел подобро разбирање на барањата на стандардот и поефикасна транзиција на институциите. Обуката ја спроведува Г.Дарел Скот кој непосредно го има водено процесот на усвојувањето на стандардот, како поранешен член на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди.


Известување за уплата на средства за обуки за застапници во осигурување и осигурителни брокери
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) апелира до сите потенцијални кандидати на идни обуките за застапници во осигурување и за осигурителни брокери да не вршат уплати на средства за обуки додека не бидат објавени термините за претстојни обуки.
Воедно апелираме до сите заинтересирани лица кои сакаат да се пријават и да посетуваат идни обуки да ја следат веб страницата на АСО каде навремено ќе бидат објавени сите релевантни и официјални информации за претстојни циклуси за едукација и полагање за застапници и брокери во осигурување.
За сите дополнителни информации Ви стоиме на располагање на мејл адресите contact@aso.mk и nikola.stojanov@aso.mk
Со почит,
АСО
Седница одржана на 30 јуни
- Записник од 16-та седница на СнЕ на АСО одржана на 27 јуни, 2025 година,
- Одлука за исплата на регрес за годишен одмор за 2025 година, на вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување.
Седница одржана на 27 јуни
- Записник од 15-та седница на СнЕ на АСО одржана на 19 јуни, 2025 година,
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2025 година на Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп Скопје и донесување на решение,
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2025 година на Акционерско друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и донесување на решение,
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2025 година на Друштво за осигурување ПРВА ЖИВОТ АД Скопје и донесување на решение.