Нова брошура на АСО: Осигурување имот во три чекори
Како регулатор во осигурувањето Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) води особена грижа за едукација на сите граѓани
– актуелни или идни осигуреници. Заради тоа целта на оваа брошура е да даде најосновни насоки и објаснувања во врска со осигурувањето имот
АСО по повод „Глобалната недела на парите“: Проширете ги своите знаења од областа на осигурувањето!
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и годинава активно се приклучува во глобалната акција за подигнување на свесноста на населението за потребата од осигурување, во рамки на Глобалната недела на парите:

За вас, почитувани читатели, ценети сограѓани и сограѓанки, актуелни и потенцијални осигуреници подготвивме бројни и богати едукативни содржини кои ќе ви помогнат да ги надградите вашите познавања за осигурувањето.
Осигурувањето не е луксуз ниту трошок, осигурувањето е потреба која обезбедува финансиска сигурност и материјална благосостојба за вас и за вашите најмили. Затоа низ поучни и лесно разбирливи едукативни содржини научете зошто ви е потребно осигурувањето за вас и вашите најблиски.
Во седмицата што е пред нас, во рамки на Глобаалната недела на парите која се одржува под мотото „Заштити ги своите пари, осигурај ја својата иднина“, ќе споделуваме повеќе едукативно-информативни содржини кои ќе придонесат за зајакнување на свесноста за потребата од осигурување, за вашите права како осигуреници и за тоа како да одберете осигурување согласно вашите потреби. По иницијатива на АСО, во овој глобален настан активно и масовно се вклучуваат и субјектите од осигурителната индустрија односно осигурителните компании и осигуртелно-брокерските друштва.
За повеќе да се информирате посетете го нашиот едукативен сајт www.edukacija.aso.mk.
Повелете, приклучете се и проширете ги своите знаења од областа на осигурувањето.
Не заборавајте да не следите на профилите на АСО на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Линкдин“
Глобален ден на потрошувачот -15 март, осигуреникот секогаш на прво место!
Заштитата на правата на осигурениците секогаш бил, е и ќе остане да биде врвен приоритет на Агенцијата за супервизија на осигурување. Нашата максима е дека осигуренкот секогаш треба да ја добие најдобрата осигурителна услуга за средствата што ги вложува без разлика дали станува збор за осигурување живот, имот, здравје, незгода, автоодговорност, патување или други потреби.

И затоа секогаш вас, почитувани осигуреници, ве потсетуваме едуцирајте се! Ние сме тука за вас, а на нашата веб платформа www.edukacija.aso.mk секогаш има корисни и јавно достапни содржини кои ќе ги продлабочат вашите знаења за тоа какво осигурување ви е потребно и што е неопходно да знаете пред да купите осигурителна услуга.
Воедно ние како регулатори на осигурителниот пазар, кои се грижат за заштита на вашите права преку едукација, секогаш сме тука за вашите прашања во врска осигурувањето на мејл адресата contact@aso.mk
Во оваа прилика уште еднаш потенцираме дека Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се грижи за вашите права од осигурување и преку директно и непосредно постапување по ваш претставки. А претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Седница одржана на 5 март, 2024 година
- Записник од 5-та седница на СнЕ на АСО одржана на 27 февруари, 2024 година;
- Решение за давање согласност за вршење на функцијата член на Управниот Одбор на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје-Виена Иншуренс Груп на лицето Озрен Марјановиќ,
- Решение за давање согласност за вршење на функцијата член на Управниот Одбор на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп Скопје, на лицето Милан Антовски.
Седница одржана на 27 февруари, 2024 година
- Записник од 4-та седница на СнЕ на АСО одржана на 16 февруари, 2024 година;
- Одлука во однос на неусогласеноста на Осигурително брокерското друштво ВФП АД Скопје,
- Одлука во однос на неусогласеноста на Осигурително брокерското друштво Смарт Мани Солушнс АД Скопје,
- Одлука во однос на неусогласеноста на НЛБ Банка АД Скопје,
- Одлука во однос на неусогласеноста на Осигурителното брокерското друштво М Брокер АД СКОПЈЕ,
- Одлука во однос на неусогласеноста на Осигурително брокерско друштво ПРЕМИУМ ИНШУРЕНС АД Скопјe,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Прва Застапничка Агенција АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштво за застапување во осигурувањето Тренд МР АД Скопје,
- Информација за финансиската состојба, статистички и финансиски остварувања на друштвата за осигурување во периодот 1.1.-31.12.2023 година (4к2023).