Конкурс за ученици од основното и средното образование по повод Денот на осигурување ‒ 1 ноември
Врз основа на Одлуката за објавување конкурс за ученици од основното и средното образование по повод Денот на осигурување ‒ 1 ноември и одобрување средства број 02-5341/2 од 21.9.2020 година, Агенцијата за супервизија на осигурување, Република Северна Македонија објавува
КОНКУРС за ученици од основното и средното образование по повод Денот на осигурување ‒ 1 ноември
Тема и услови на конкурсот за учениците од основното образование
- Учениците од основното образование, од 1 до 5 одделение може да испратат ликовна творба на зададена тема:
Ликовна творба – “Осигурувањето како заштита на мојата иднина’’
- Учениците од основното образование, од 6 до 9 одделение може да испратат литературна творба на зададена тема:
Литературна творба – ’’Полисата за осигурување е моја инвестиција’’
За избраните најдобри творби на учениците од основно образование ќе им бидат доделени вкупно 6 награди, и тоа:
- 3 награди за најдобра ликовна творба ‒ цртеж/дигитален цртеж за учениците од 1 до 5 одделение;
- 3 награди за најдобра литературна творба – песна за учениците од 6 до 9 одделение;
На учениците чиишто творби се наградени ќе им биде доделена парична награда во износ од 3.000,00 денари за најдобра литературна и ликовна творба, со депонирање на паричната награда во банка по нивен избор.
Тема и услови на конкурсот за учениците од средно образование
Учениците од средното образование може да учествуваат на конкурсот со испраќање на литературна творба ‒ расказ/есеј на зададена тема:
„Животот е полн со изненадувања, осигурувањето е моја финансиска безбедност и заштита “
За избраните најдобри творби на учениците од средното образование ќе им бидат доделени вкупно 3 награди за најдобар расказ/есеј. На учениците чиишто творби се наградени, ќе им биде доделена парична награда во износ од 6.000,00 денари со депонирање на паричната награда во банка по нивен избор.
Целосниот конкурс и условите за аплицирање можете да ги погледнете на следниот линк.
Запознајте се подетално со осигурувањето!
- Погледнете како функционира осигурувањето преку нашиот портал за едукација!
- Погледнете зашто е потребно осигурувањето можете да најдете во Водичот за лични финансии „Паметно управување со парите“ на страна 67 (Дел 5)
Одржана првата „INSURTECH“ работилница во Стопанската комора на Македонија – ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО УСЛОВ ЗА РАЗВОЈ НА ПАЗАРОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Агенцијата за супервизија на осигурувањето во соработка со Здружението на осигурувањето при Стопанската Комора на РМ и oрганизацијата „Fintechguardian.eu”, на 8.2.2019 година, во Стопанската Комора на Македонија ја одржаа првата „INSURTECH” работилница за друштвата за осигурување.
Настанот беше фокусиран на развојот и примената на дигитализацијата во осигурителниот сектор и супервизорските стандарди и практики како на национално, така и на ниво на Европската унија, од аспект на креаторите и засегнатите страни кои ги применуваат овие технологии во своето работење.
Како што истакна д-р Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, – Се почесто дигитализацијата се претставува како “четврта индустриска револуција” која брзо ги трансформира општествата и економиите. Брзината и обемот на промените веројатно се без преседан. Дигитализацијата има потенцијал силно да влијае врз речиси секоја индустрија, во секоја земја, вклучувајќи ја и осигурителната индустрија.
Меѓутоа, иако дигитализацијата има голем потенцијал, сепак предизвикува ризици што можат да влијаат на фер третманот на потрошувачите и притоа да бидат во спротивност на регулаторните барања за пазарното однесување на осигурителните субјекти и заштита на интересите на потрошувачите . Така на пример, постојат ризици од намален контакт лице-в-лице, недоволно разбирање од страна на потрошувачот за производот или услугата и за самиот давател на услуги, ризици во безбедноста и потенцијална злоупотреба на зголемените количини на податоци за потрошувачи и потенцијално исклучување за некои потрошувачи- .
Гостинот од Бугарија, Десислав Данов, претставник од организацијата „Fintechguardian” настапи со своја презентација. Тој истакна дека Insurtech се појавил неодамна како термин и феномен. И покрај ова кратко постоење, процесот Insurtech бара сериозен трансформативен потенцијал од индустријата со вековна историја, како што е осигурувањето. Главна цел на процесот е унапредување на вредносниот синџир на осигурувањето преку иновации и поставување на клиентот во центарот на вниманието.
Insurtech се однесува на употребата на технолошки иновации дизајнирани да ги зголемат заштедите и ефикасноста прифатена од компаниите од осигурителниот сектор, за користење на предностите на новите технологии со цел обезбедување покриеност на дигитално позната база на клиенти. На настанот, преку видео јавување во живо се вклучија и експертите од осигурителниот сектор г. Calin Rangu од регулаторното тело во Романија и г. Julian Arevalo од Европското осигурително тело (EIOPA), пришто друштвата за осигурување имаа уникатна можност да ги слушнат искуствата од имплементацијата на новите дигитални процеси во Романија како и глобално во Европската унија. Работилницата заврши во убава атмосфера и интересна дискусија на темата.
Доделени наградите на учениците со најдобри творби за меѓународните денови на штедењето и осигурувањето
Финансиската едукација треба да започне уште од основно училиште. Треба да се вложува во унапредување на финансиската писменост, бидејќи таа придонесува за подобри финансиски одлуки и здрава економија. Ова беше истакнато денеска на јавното доделување на наградите за учениците од основното и средното образование од конкурсот за најдобри литературни и ликовни творби по повод меѓународните денови на штедењето и осигурувањето. Доделувањето се одржа во Министерството за финансии, а на него присуствуваа министерот за финансии, Драган Тевдовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски.

‒ „Колку е повисоко нивото на финансиска писменост, толку подобри финансиски одлуки се носат. Со финансиска едукација треба да се започне уште од основно образование. Децата треба да знаат која е функцијата на парите, што значи да се штеди. Затоа Министерството за финансии, како дел од Координациското тело за финансиска едукација, во текот на целата година организира предавања во основните и средните училишта. Во насока на финансиската едукација е и изработката на „Граѓанскиот буџет“, со кој на јавноста на едноставен начин ѝ се дава увид во државниот буџет. На тој начин граѓаните имаат поголема контрола врз трошењето на државните пари“ ‒ истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Гувернерката на НБРМ Ангеловска-Бежоска истакна дека централната банка, веќе години наназад, презема бројни активности на полето на финансиската едукација. Меѓу активностите остварени оваа година, таа го издвои и мерењето на финансиската писменост во државата, извршено од НБРМ, коешто на регулаторните институции им овозможи јасна слика за нивото на финансиската писменост и претставува една од основите за планирањето на натамошните активности во сферата на финансиската едукација.
‒ „За општеството, од нивото на штедење зависат инвестициите, а од инвестициите зависи и развојот и благосостојбата во економијата. Штедењето значи повеќе болници, а со тоа и подобар квалитет на нашиот живот, повеќе патишта кои ќе нè однесат посигурно и побрзо до нашата природна одредница – Европската Унија, поквалитетен образовен систем, а со тоа и соодветен човечки потенцијал без кој нема прогрес во општеството“ ‒ истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, осврнувајќи се на придобивките коишто ги носи штедењето.
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Климе Попоски, истакна дека раната финансиска едукација претставува клучен фактор за долгорочен развој на финансискиот систем во една земја. Во развиените земји степенот на финансиска едукација е на многу повисоко ниво и Агенцијата за супервизија на осигурувањето се залага и се стреми кон примена на повисоки стандарди коишто ќе нѐ однесат до посакуваните резултати и општествена благосостојба. Меѓу другото, Попоски истакна дека АСО како регулатор на пазарот на осигурување години наназад презема многубројни активности на полето на финансиската едукација меѓу кои и издавање корисни брошури и памфлети, друштвени игри за помладите од кои учат за ризиците и управувањето со нив, како и организирање редовни предавања во основните и средните училишта.
Конкурсот за литературни и ликовни творби по повод Денот на штедењето се одржува од 2012 година, додека од 2014 година тема на конкурсот станува и осигурувањето. Годинава, конкурсот е најмасовен досега со над 1.100 литературни и ликовни творби од учениците од основното и средното образование. Наградени се 18 ученици, додека 12 ученици се пофалени.
Во текот на годината, Координациското тело за финансиска едукација во кое се претставници на НБРМ, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност, има едукативни активности коишто опфаќаат над 35.000 ученици.
Одбележување на Денот на осигурувањето, 1 ноември, 2018 година
Агенцијата за супервизија на осигурување, по повод одбележување на Денот на осигурувањето, 1-ви ноември, организираше конференција за земјоделско осигурување. Конференцијата беше организирана заеднички со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел да се посвети внимание на земјоделството како значаен дел од македонската економија, односно да се посвети внимание на намалување на ризиците во земјоделството преку користење на осигурувањето.
Посетители на конференцијата беа претставници од осигурителниот сектор, претставници од државни институции и регулаторни тела, како и претставници од земјоделскиот сектор.
На конференција свечено се обратија г. Кочо Анѓушев, Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, г. Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Македонија и г. Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување ( видео обраќања во рамки на соопштението на Владата на Република Македонија https://www.vlada.mk/node/15674)
Имајќи предвид дека постојат различни решенија низ целиот свет, на Конференцијата за земјоделско осигурување свои излагања имаа претставници од повеќе водечки институции како што се Друштво за управување со земјоделски осигурителен пул (TARSIM) од Турција, Друштво за осигурување од град (Österreichische Hagelversicherung VVaG – ÖHV) од Австрија, Друштвото за реосигурување Свис Ре од Швајцарија; Друштвото за реосигурување Полиш Ре од Полска, Иницијативата за достапно осигурување (Access to Insurance Initiative -A2ii) и Друштвото за реосигурување Европа Ре од Швајцарија кои ги презентира своите искуствата во оваа област.
Во рамки на манифестацијата беше доделена награда и плакета за најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2018 година под наслов ” Анализа на глобалниот пазар на микроосигурување и можностите за негова имплементација во Република Македонија”. Целта на трудот е да ја зголеми свесноста, информираноста и знаењето на македонските осигурителни компании за концептот и моделите на микроосигурувањето. (преземи тука).
Наградата на авторот г-а Тања Камењарска ѝ ја додели претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски и следеше краток осврт на трудот од страна на авторот.
Линкови до презентациите на англиски јазик:
- Искуство на турскиот систем за земјоделско осигурување. г. Неџати Ичер, технички консултант, Друштво за управување со земјоделски осигурителен пул (TARSIM)
- Рамка за напредни шеми за земјоделско осигурување. г. Рајнхард Керн, член на Одборот на директори, Друштво за осигурување од град (Österreichische Hagelversicherung VVaG – ÖHV)
- Фокус на квалитетот на производите од гледна точка на реосигурувањето. г. Пол Хамер, експерт за реосигурување во земјоделството, Свис Ре
- Клучни елементи за управување со портфолијата на земјоделски култури и сточарство; Програми за поддршка со реосигурување од Полиш Ре. г. Конрад Ројевски, менаџер за земјоделски осигурителни производи, Полиш Ре
- Регулативата на земјоделското осигурување во функција на негов развој. г-ѓа Тереза Пеланда, Советник, Секретаријат на Иницијативата за достапно осигурување (A2ii)
- Индексно осигурување: предизвици и искуства. г-ѓа Надица Јовановска Бошковска, Раководител на претставништво во Македонија, Европа Ре
Регионална актуарска конференција
Агенцијата за супервизија на осигурување (AСО) во соработка со SC XPRIMM International SRL, од Букурешт Романија, врз основа на минатогодишното позитивно искуство одлучи и оваа година да организира регионална актуарска конференција. На тој начин, истовремено се работи на реализирање на интенцијата оваа конференција да прерасне во редовна годишна конференција.
Конференцијата ќе се одржи на 28 февруари 2019 година, во хотелот Мериот, Скопје со почеток во 9:30 часот и ќе биде посветена на концептот на сеопфатно осигурување (engl: Inclusive insurance), кој подразбира пристап и користење на соодветни и прифатливи осигурителни производи за недоволно пристапни клиенти, со посебен акцент на ранливите категории на граѓани, а пред сѐ луѓето со ниски приходи. Сеопфатното осигурување подразбира користење на едноставни осигурителни производи кои поттикнуваат доверба и транспарентност во осигурување, најчесто со пониски осигурени суми и иновативни методи за дистрибуција.
Таргет групата на посетители на конференцијата не се само актуарите, туку и поширок спектар на учесници од осигурителната заедница, претставници од пензиските друштва и креаторите на економските политики во земјата и странство од причина што работата на актуарите станува сé покомплексна и треба да има централно место во организационата поставеност друштвата за осигурување.
SC XPRIMM International SRL во изминатиот период се промовираше како квалитетна институција која го следи развојот и трендовите на осигурувањето, со посебен акцент на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, и земјите од Заедницата на Независни Држави (ЗНД) со тоа што за сите земји објавува редовни известувања со настани од осигурителниот сектор, проследени со редовни тромесечни статистики и годишни профили на земји.
Повеќе детали за конференцијата се достапни на следниов линк
Регионална актуарска конференција – 22 февруари 2018 година
SC XPRIMM International во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување организираат регионална актуарска конференција, која за прв пат ќе се одржи во Скопје на 22 февруари 2018 година.
SC XPRIMM International SRL во изминатиот период се промовираше како квалитетна институција која го следи развојот и трендовите на осигурувањето, со посебен акцент на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, и земјите од Заедницата на Независни Држави (ЗНД) со тоа што за сите земји објавува редовни известувања со настани од осигурителниот сектор, проследени со редовни тромесечни статистики и годишни профили на земји.Исто така, SC XPRIMM International SRL се појавува како организатор и партнер во организирање на тематски конференции од областа на осигурувањето кои се промовираат како редовни годишни настани и кои се повеќе добиваат на значење и посветеност.
Таргет групата на посетители на конференцијата покрај актуарите, се и поширок спектар на учесници од осигурителната заедница, претставници од пензиските друштва и креаторите на економските политики во земјата и странство од причина што работата на актуарите станува сé покомплексна и треба да има централно место во организационата поставеност друштвата за осигурување.
Повеќе детали за конференцијата и пријавување на следниов линк
Наградени на конкурсот „Светски ден на штедење“ (на теми: „И јас умеам да штедам“ и „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“)
Добивме преку 780 ликовни и литературни творби од ученици за конкурсот по повод Светскиот ден на штедењето. Го објавуваме списокот на наградени творби, а на сите останати им честитаме за учеството – навистина добивме прекрасни идеи на поставените теми.
Јавното доделување на наградите ќе биде на 6 ноември во 12 часот во Министерството за финансии.
Реализирана работна посета со претставници од Регулаторот на финансиски пазар на Австрија
На 5.7.2017 година, Агенцијата за супервизија на осигурувањеорганизираше Работилница со претставници од Регулаторот на финансиски пазар наАвстрија (FMA) и Асоцијацијата на осигурители на Австрија (VVO), на којаучесници беа членовите на органите на управување на друштвата за осигурување.
Оваа работилница беше наменета да им овозможи учесниците дасе запознаат со новите предизвици во регулативата на осигурување во ЕвропскатаУнија. Поминат е период од 18 месеци од имплементацијата на директиватаСолвентност 2 во земјите членки на ЕУ. Оваа работилница претставуваше добраприлика да се сподели искуството во имплементација на Столбот 2 кој се однесуваза корпоративно управување. Понатаму, се дискутираше и за предизвиците одидната имплементација на Директивата за медијација во осигурување (IMD) ирегулативата за продажба на Пакети на Инвестициони Продукти за Малопродажба(PRIPs) што претставува актуелна тема.
Претставниците од Асоцијацијата на осигурителина Австрија (VVO) и Регулаторот на финансиски пазар на Австрија (FMA), на 6јули во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување, одржаапрезентација за вработените во Агенцијата. Презентацијата ги опфатипредизвиците на моменталната европска регулатива, проекти и трендови. Истотака, беше презентирано и за важноста на корпоративното управување како важендел за воспоставување ефикасен систем на супервизијата на осигурувањето.
Глобална недела на пари
Во периодот од 27 март до 2 април, 2017 година ќе се одвива традиционалниот настан ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИ. Овој настан се случува на глобално ниво и е со единствена цел да се зголеми финансиското знаење на населението.
Агенцијата за супервизија на осигурување е голем поддржувач на оваа иницијатива и по тој повод ќе организира бројни активности во насока на поголема едукација и зголемување на финансиското знаење од областа на осигурувањето, за граѓаните, а особено младата популација.











