Конкурс за ученици од основното и средното образование по повод Денот на осигурување ‒ 1 ноември
Врз основа на Одлуката за објавување конкурс за ученици од основното и средното образование по повод Денот на осигурување ‒ 1 ноември и одобрување средства број 02-5341/2 од 21.9.2020 година, Агенцијата за супервизија на осигурување, Република Северна Македонија објавува
КОНКУРС за ученици од основното и средното образование по повод Денот на осигурување ‒ 1 ноември
Тема и услови на конкурсот за учениците од основното образование
- Учениците од основното образование, од 1 до 5 одделение може да испратат ликовна творба на зададена тема:
Ликовна творба – “Осигурувањето како заштита на мојата иднина’’
- Учениците од основното образование, од 6 до 9 одделение може да испратат литературна творба на зададена тема:
Литературна творба – ’’Полисата за осигурување е моја инвестиција’’
За избраните најдобри творби на учениците од основно образование ќе им бидат доделени вкупно 6 награди, и тоа:
- 3 награди за најдобра ликовна творба ‒ цртеж/дигитален цртеж за учениците од 1 до 5 одделение;
- 3 награди за најдобра литературна творба – песна за учениците од 6 до 9 одделение;
На учениците чиишто творби се наградени ќе им биде доделена парична награда во износ од 3.000,00 денари за најдобра литературна и ликовна творба, со депонирање на паричната награда во банка по нивен избор.
Тема и услови на конкурсот за учениците од средно образование
Учениците од средното образование може да учествуваат на конкурсот со испраќање на литературна творба ‒ расказ/есеј на зададена тема:
„Животот е полн со изненадувања, осигурувањето е моја финансиска безбедност и заштита “
За избраните најдобри творби на учениците од средното образование ќе им бидат доделени вкупно 3 награди за најдобар расказ/есеј. На учениците чиишто творби се наградени, ќе им биде доделена парична награда во износ од 6.000,00 денари со депонирање на паричната награда во банка по нивен избор.
Целосниот конкурс и условите за аплицирање можете да ги погледнете на следниот линк.
Запознајте се подетално со осигурувањето!
- Погледнете како функционира осигурувањето преку нашиот портал за едукација!
- Погледнете зашто е потребно осигурувањето можете да најдете во Водичот за лични финансии „Паметно управување со парите“ на страна 67 (Дел 5)



Агенцијата за супервизија на осигурувањето во соработка со Здружението на осигурувањето при Стопанската Комора на РМ и oрганизацијата „Fintechguardian.eu”, на 8.2.2019 година, во Стопанската Комора на Македонија ја одржаа првата „INSURTECH” работилница за друштвата за осигурување.




Агенцијата за супервизија на осигурување, по повод одбележување на Денот на осигурувањето, 1-ви ноември, организираше конференција за земјоделско осигурување. Конференцијата беше организирана заеднички со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел да се посвети внимание на земјоделството како значаен дел од македонската економија, односно да се посвети внимание на намалување на ризиците во земјоделството преку користење на осигурувањето.
Наградата на авторот г-а Тања Камењарска ѝ ја додели претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски и следеше краток осврт на трудот од страна на авторот.







На 17-ти февруари на свечен и достоен начин Стопанската комора на Македонија како најстарата и најбројната бизнис асоцијација во земјата ја одбележа 95 годишнината од своето постоење и функционирање. На оваа манифестација како партнер на Комората беше поканета и Агенцијата за супервизија на осигурување. Во работен дух, во присуство на реномирани претставници од бизнисот, науката и од бизнис-асоцијациите беше организирана тркалезна маса на тема: „Позицијата на малите земји во меѓународната економија – предности и недостатоци“ . Присутните имаа можност да слушнат интересна дебата и дискусија.