ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.3/2026 за пополнување на работно место со унапредување во Агенцијата за супервизија на осигурување

Агенцијата за супервизија на осигурување објавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:

1. АСО 01 01 В02 006 Виш соработник за актуарски работи и статистика, Дирекција за актуарски работи и статистика, Стручна служба за супервизија – 1 извршител

Посебни услови:

– ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Опшстествени науки – Економија и бизнис;

– за нивото В2 најмалку две години работно искуство во струката.

Општи работни компетенции на средно ниво:

– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

– учење и развој;

– комуникација;

– остварување резултати;

– работење со други/тимска работа;

– стратешка свест;

– ориентираност кон клиенти/засегнати страни и

– финансиско управување.

Посебни работни компетенции:

– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

Други посебни услови:

 

– уверение за положен стручен испит потребен за добивање дозвола за работа како овластен актуар

Распоред на работното време:

Работната недела трае 5 работни дена (од понеделник до петок), полното работно време изнесува 40 часа неделно односно 8 часа дневно со почетокот на дневното работно време во периодот од 7:30 часот/08:30 и завршетокот во периодот од 15:30 часот/16:30 часот. Работите и работните задачи работникот ќе ги извршува во деловните простории на работодавачот.

Висината на основната нето плата за работното место од точка 1 на овој Оглас изнесува 61.781,00 денари.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во Агенцијата за супервизија на осигурување, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво со Колективниот договор на Агенцијата за супервизија на осигурување и Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за супервизија на осигурување, како и:

– да е оценет со оцена „особено се истакнува“ или „се истакнува“ при последното оценување;

– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;

– да поминал најмалку две години на истото ниво и,

– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Кандидатите за работното место под редниот број 1 во прилог треба да ги приложат следните документи како доказ за исполнување на општите услови:

– Државјанство (копија);

– Диплома или уверение за завршено образование;

– Потврда за општа здравствена способност за работното место;

– Уверение за положен стручен испит потребен за добивање дозвола за работа како овластен актуар

– Потврда дека на кандидатот не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност.

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази во хартиена форма:

– потврди за успешно реализирани обуки и/или,

– потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран вработен во Агенцијата).

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата до архивата на Агенцијата за супервизија на осигурување, со назнака „за интерен оглас“.

Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава нема да биде разгледана.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Претседателот на Советот на експерти.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

Пријава 

Интерен оглас 03 од 2026