Обука за актуари

П О В И К за пријавување на лица за учество на обука и полагање на стручен испит потребен за добивање дозвола за работа како овластен актуар

Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека во периодот од март 2023 година до јуни 2025 година ќе организира и спроведе обука и полагање на стручен испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар (во понатамошниот текст: стручен испит за актуар).

Сите заинтересирани лица може да се пријават за учество на обуката и полагање на стручниот испит за актуар со поднесување на Пријава за учество на обука и полагање на стручен испит за актуар до Агенцијата за супервизија на осигурување, на Образец Пријава кој е даден во прилог од ова Соопштение.

Пријавата за учество на обуката и полагање на стручниот испит за актуар може да се достави до Агенцијата за супервизија на осигурување, лично или по пошта, во Архивата на Агенцијата на адреса: ул.Македонија бб – Палата Лазар Поп Трајков, V кат, Скопје или електронски на следната електронска адреса contact@aso.mk.[1]

Кон Пријавата за учество на обука и полагање на стручен испит за актуар, лицата се должни да ги достават следните документи:

  1. Копија од лична карта, односно копија од пасош (за странски државјани) – на увид[2];
  2. Диплома или Уверение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен или 240 кредити според европскиот кредит-трансфер систем) издадена/о од образовна институција акредитирана во Република Северна Македонија[3] (во оригинал или заверена/о на нотар); и
  3. Доказ за уплатен надоместок за учество на обука и полагање на стручен испит потребен за добивање дозвола за работа како овластен актуар во износ од 000 денари на сметка на Агенцијата за супервизија на осигурување во Стопанска Банка АД Скопје или во НЛБ Банка АД Скопје.

Доказот за уплатен надоместок за учество на обука и полагање на стручен испит од точка 3 погоре, треба да ги содржи следните податоци:

ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Обука и испит за актуар за лицето (име и презиме на лицето)
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Агенција за супервизија на осигурување
ИЗНОС: 120.000,00 денари
 
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: Стопанска банка АД Скопје
СМЕТКА: 200002007041251
 
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НЛБ Банка АД Скопје
СМЕТКА: 210065288480132
 
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: Халк Банка АД Скопје
СМЕТКА: 270065288480139

КРАЈНИОТ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ (СО КОMПЛЕТ ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА) Е 10.3.2023 ГОДИНА ВО 14 ЧАСОТ.

[1] Доколку пријавата се поднесува електронски, истата потпишана од лицето, заедно со сите приложени документи (заедно со соодветни нотарски заверки), се доставува скенирана во боја (во пдф документ).

[2] Доколку личното име и презиме на Дипломата/Уверението не е идентично со она наведено во личната карта односно Пријавата, потребно е кон Пријавата лицето да приложи и извод од матична книга на венчани односно решение за промена на личното име односно презиме

[3] Доколку лицето школувањето го завршило во странство, се доставува Диплома/Уверение за завршено високо образование издадена/о од образовна институција акредитирана во странство заедно со документ за признавање на странската универзитетска квалификација издадена од страна на надлежна институција во Република Северна Македонија.

Facebook
LinkedIn