ПОВТОРЕН ЈАВЕН ПОВИК за образовни услуги од страна на едукатори ЗА ДЕЛ1 (МОДУЛ 5 И 6) И ДЕЛ2 (МОДУЛ 5,6,8 И 9)
ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Агенцијата за супервизија на осигурување има потреба од образовни услуги од страна на едукатори за спроведување обука и стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување како и за спроведување на обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи за 2025/2026/2027 година.
Зајакнување на соработката меѓу регулаторот и актуарската заедница
На 30 јули, во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување, се одржа работна средба помеѓу претседателот на Советот на експерти, Ели Дракуловска и претседателот на Македонското актуарско здружение, Цветлана Винцензи Маркулевска. На средбата се разговараше за унапредување и зајакнување на соработката, со посебен фокус на прашања од актуарската практика и значењето на улогата на актуарите во осигурителниот сектор.

Двете страни ја истакнаа желбата и потребата за континуираната комуникација и заедничкото делување за унапредување на позицијата „Актуар“ во насока на заштита на интересите на осигурениците.
Седница одржана на 15 јули:
- Записник од 18-та седница на СнЕ на АСО одржана на 11 јули, 2025 година,
- Решение за издавање на согласност за друштво за ревизија ФОРВИС МАЗАРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за неживотно осигурување Скопје за 2025 година.
Седница одржана на 11 јули
- Записник од 17-та седница на СнЕ на АСО одржана на 30 јуни, 2025 година,
- Решение за издавање согласност друштвото за ревизија ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на САВА осигурување АД Скопје за 2025 година,
- Решение за издавање согласност друштвото за ревизија РАФАЈЛОВСКИ РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД Битола,
- Одлука за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи во 2025 година,
- Одлука за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување во 2025 година,
- План за изменување и дополнување на Годишниот план за теренска супервизија на Агенцијата за супервизија на осигурување, за 2025 година,
- Решение за издавање на согласност за друштво за ревизија КПМГ Ревизија ДОО Скопје, да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје за 2025 година
- Извештај од 25тите спортски средби на кои учествуваше АСО, одржани во периодот од 15-18 мај, 2025 година.