Агенцијата за супервизија на осигурување во посета на средното економско училиште Јане Сандански од Битола: едукација за финансиска писменост и осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување на 23 март, 2026 година оствари посета на средното економско училиште Јане Сандански од Битола, каде што се реализираше едукативна сесија посветена на финансиската писменост и осигурување. Настанот беше насочен кон подигнување на свеста кај младите за значењето на одговорното управување со личните финансии, како и за улогата на осигурувањето како механизам за заштита од ризици.

Преку интерактивен пристап, практични примери и отворена дискусија, учениците имаа можност да се запознаат со основните финансиски концепти, важноста на штедењето и носењето информирани финансиски одлуки. Активно учество зема и наставниот кадар, кој со својата посветеност придонесе за уште поголема вредност на настанот и поттикнување на критичко размислување кај учениците.

Оваа посета претставува дел од пошироките активности на АСО насочени кон едукација на младата популација и јакнење на осигурителната култура. Воедно, таа отвора можности за понатамошна соработка со училиштето, преку организирање на нови работилници, предавања и заеднички иницијативи кои ќе придонесат за континуирано унапредување на знаењата и вештините на учениците во областа на финансии и осигурување.
ВО ЖИВО: Испит за застапници во осигурување 23.3.2026
Испит за застапници во осигурување – теоретски дел 23.3.2026 година
https://www.youtube.com/watch?v=97RMshBcUPA
Глобалната недела на парите 2026 година, 16-22 март, насловена „Разговори за паметно управување со парите“
Агенцијата за супервизија на осигурување, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Народната банка, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, во периодот од 16 до 22 март 2026 година, 14-та година по ред ќе ја одбележат Глобалната недела на парите.

Темата на која е посветена годинешната глобална недела на парите е: „Разговори за паметно управување со парите“ (Smart money talks).
Во рамките на одбележувањето на Глобалната недела на парите, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе реализира едукативни активности насочени кон подигнување на финасиската писменост кај младите. Посебен фокус се става на улогата на осигурувањето како важен инструмент за финансиска заштита и управување со ризици. Преку едукативни презентации и интерактивни средби со ученици, се објаснува значењето на осигурувањето, правата на осигурениците и важноста од информирано користење на финансиските услуги.
Во текот на неделата, АСО ќе споделува и едукативни објави на социјалните мрежи со практични информации и совети поврзани со осигурувањето, управувањето со ризици и заштитата на потрошувачите.
Следете не тука: www.aso.mk, www.edukacija.aso.mk, социјални мрежи: facebook, linkedin и instagram.
Со овие активности Агенцијата за супервизија на осигурување го поттикнува развојот на финансиски одговорни генерации и граѓани и ја зајакнува довербата во осигурителниот систем.
Седница одржана на 6 март, 2026
-
Решение за формирање на Комисија за спроведување на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи,
-
Решение за формирање на Комисија за спроведување на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето,
-
Решение за определување на овластени претставници кои ќе присуствуваат во просторијата за време на полагање на стручните испити за вршење осигурително брокерски работи,
-
Решение за определување на овластени претставници кои ќе присуствуваат во просторијата за време на полагање на стручните испити за вршење на работи на застапување во осигурување,
-
Решение за формирање на Комисија за ревизија на одржаните стручни испити за вршење осигурително брокерски работи,
-
Решение за формирање на Комисија за ревизија на одржаните стручни испити за вршење на работи на застапување во осигурувањето,
-
Решение за определување на одговорно лице за утврдување на исполнетост на условите за полагање на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи,
-
Решение за определување на одговорно лице за утврдување на исполнетост на условите за полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето.