- За Агенцијата
- Управување и раководење
- Организациска структура
- Соработка
- Политика на квалитет
- Јавни Набавки
- Стратешки документи
- Политика на приватност
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело со јавни овластувања, основано во 2009 година. Правната рамка за воспоставување и функционирање на Агенцијата е пропишана со Законот за супервизија на осигурување. Агенцијата има својство на правно лице, за својата работа одговара пред Собранието на Република Северна Македонија.
Орган на управување нa Агенцијата е Советот на eксперти кој се состои од претседател и 4 члена.
Седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување е во Скопје.
Во остварувањето на целите за кои е основана, АСО ги има следните законски надлежности:
- Постапува по поднесени барања за добивање на дозволи и согласности,
- Спроведува супервизија над друштва за осигурување, осигурителни брокерски друштва, друштва за застапување во осигурување, банки кои вршат работи на застапување во осигурување, осигурителни брокери и застапници во осигурување, правни лица кои се поврзани со друштва за осигурување и Националното биро за осигурување;
- Постапува по поднесени претставки од осигуреници;
- Изрекува мерки на супервизија во форма на наредби и решенија, и во краен случај има надлежност да повлече издадена согласност и/или дозвола;
- Донесува подзаконски акти за спроведување на Законот за супервизија на осигурување и предлага измени и дополнувања на законите од областа на осигурувањето;
- Соработува со релевантни домашни и странски институции и тела,
- Го поттикнува развојот на пазарот на осигурување преку развивање на свеста на јавноста за улогата на осигурувањето и супервизијата на осигурување, и врши активности на финансиска едукација и финансиска инклузија.
АСО е член на Меѓународната Асоцијација на осигурителни супервизори (ИАИС), од 2009 година. ИАИС е меѓународна институција со мисија за промовирање на ефективна и глобално конзистентна супервизија, со цел натамошен развој на глобалниот осигурителен пазар, одржување на фер, стабилен и транспарентен пазар во корист и заштита на осигурениците и придонес кон финансиска одржливост.
Раководејќи се од професионалните стандарди, принципи и начела меѓу кои се и заштита и известување на осигурениците за активностите во рамките на својот делокруг на работа, Агенцијата за супервизија на осигурување презема низа активности за корисниците на осигурителните производи и услуги со цел да се овозможи навремено добивање на потребните информации. Основните цели на АСО, кои се однесуваат на стабилност и развој на пазарот на осигурување, и следење на законитоста на работењето на субјектите кои се предмет на супервизија директно се поврзани со заштитата на потрошувачите односно осигурениците и корисниците на осигурителни производи и услуги.
Нашата
Мисија и Визија
Агенцијата за супервизија на осигурување е основано како независно регулативно тело со надлежности и овластувања да се грижи за законско и ефикасно функционирање на пазарот на осигурување, со цел заштита на правата на осигурениците и корисниците на осигурителните услуги.
Оваа цел Агенцијата ќе ја постигне преку креирање на модерен и ефикасен осигурителен сектор, кој ќе нуди квалитетни осигурителни услуги и ќе даде значителен придонес за понатамошен развој на финансискиот сектор во земјата.
Основни принципи
Одговорност
Агенцијата ќе реагира на брз и разбирлив начин, и доследно ќе ја реализира мисијата и стратешките цели во областа на супервизијата;
Совесност
Во спроведување на своите активности Агенцијата се раководи од највисоките етички стандарди во комуницирањето и соработката со сите учесници, во постапката на супервизија;
Стручност
Сите активности поврзани со надлежностите на Агенцијата ќе бидат превземани на начин кој ќе обезбеди ефикасно остварување на стратешките цели, согласно највисоките стандарди во областа и разумно направени трошоци;
Транспарентност
Пласирање квалитетни информации за пазарот на осигурување како и обезбедување со навремени информации за потребите на учесниците и корисниците на осигурителните услуги.
Совет на експерти
СОВЕТ НА ЕКСПЕРТИ НА АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Орган на управување на Агенцијата е Советот на Експерти составен од претседател и четири члена.
Раководство:
Претседател на Советот на експерти, д-р Крсте Шајноски (krste.shajnoski@aso.mk)
Професионално ангажиран член на Советот на експерти, Злате Симоновски, (zlate.simonovski@aso.mk)
Професионално ангажиран член на Советот на експерти, Сулејман Ахмеди, (sulejman.ahmedi@aso.mk)
Надворешен член на Советот на експерти, д-р Игор Ивановски, (igor.ivanovski@aso.mk)
Надворешен член на Советот на експерти, Александра Кокароска (aleksandra.kokaroska@aso.mk)
Дирекција за работи непосредно поврзани со Советот на експерти
Самостојното одделение за работи непосредно поврзани со Советот на експерти и претседателот на Советот на експерти врши работи коишто се непосредно поврзани со работењето на Советот на експерти и претседателот на Советот на експерти; протоколарни работи; изготвување на соопштенија и информации за нивните активности; меѓународна соработка со надлежни супервизорски институции во земјава и странство; организирање на средби и комуникација со средствата за јавно информирање; остварување на комуникација со други органи и организации; разгледување и предлагање на мерки по иницијативи; подготвувањето на седниците на Советот на експерти; следење на извршувањето на актите донесени од страна на Советот на експерти и претседателот на Советот на експерти.
Координатор на Дирекција, Ратка Целаковски (ratka.celakovski@aso.mk)
Дирекција за внатрешна ревизија
Самостојното одделение за внатрешна ревизија ги врши работите коишто се однесуваат на: планирање, организирање и спроведување на ревизии согласно законските прописи, меѓународните стандарди за внатрешна ревизија и воспоставените ревизорски политики на работата на Агенцијата; изготвување програма за секоја одделна ревизија; составување соодветна документацијата и изготвување информации од извршените ревизии, кои ги доставува до Советот на експерти; иницирање измени на општата регулатива за работа на Агенцијата и извршување други работи од областа на ревизијата, а кои се во надлежност на одделението и Агенцијата.
Координатор на Дирекција, Наташа Ристовски, CIAPS (natasa.ristovski@aso.mk)
Стручна служба за регулатива и лиценцирање
Секторот за регулатива и лиценцирање ги врши работите кои што се однесуваат на: следење на регионалната и меѓународната регулатива во областа на осигурувањето и подготовка на иницијативи за изменување и дополнување на законска регулатива во областа на осигурувањето во Република Македонија; подготвување на подзаконски акти од областа на осигурувањето, подготвување акти (одлуки, решенија, дозволи, лиценци, согласности и сл.) со кои се одобруваат/одбиваат барања на физички и правни лица за извршување на работи во областа на осигурувањето; изготвување извештаи и анализи за својот делокруг на работа и извршување други работи кои се определени од страна на Советот на експерти и претседателот на Советот на експерти.
Координатор на стручна служба, м-р Билјана Јаневска Неделковска (biljana.janevska-nedelkovska@aso.mk)
Координатор на Дирекција за регулатива, Бобан Стојановиќ (boban.stojanovikj@aso.mk)
Координатор на Дирекција за лиценцирање, Мимоза Чкалеска Карталова (mimoza.kartalova@aso.mk)
Дирекција за регулатива
Дирекција за лиценцирање
Стручна служба за супервизија
Секторот за супервизија ги врши работите кои што се однесуваат на вршење на теренска и вонтеренска супервизија на работењето на друштвата за осигурување кои вршат работи на осигурување во рамките на некоја или сите класи на осигурување во групата на неживотно осигурување или осигурување на живот, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурително брокерските друштва, осигурителните брокери, застапниците во осигурувањето, актуарите и Националното биро за осигурување. Предлага мерки на супервизија согласно Законот и подзаконските акти; го контролира работењето на актуарите; изготвува записници, извештаи и анализи за спроведените теренски и вонтеренски супервизии; изготвува актуарски анализи и мислења врз основа на спроведена супервизија; врши анализи на пазарот на осигурување во функција на негов развој и извршува други работи кои се определени од страна на Советот на експерти и претседателот на Советот на експерти.
Координатор на стручна служба, д-р Маја Парнарџиева – Змејкова (maja.parnardzieva-zmejkova@aso.mk)
Координатор на Дирекција за теренска супервизија,
Координатор на Дирекција за вонтеренска супервизија, Коста Спасески (kosta.spaseski@aso.mk)
Дирекција за актуарски работи и статистика
Координатор на Дирекција за истражување и развој, д-р Дарко Блажевски (darko.blazevski@aso.mk)
Дирекција за теренска супервизија
Дирекција за вонтеренска супервизија
Дирекција за актуарски работи и статистика
Дирекција за истражување и развој
Стручна служба за општи и административни работи
Секторот за општи и административни работи ги врши работите коишто се однесуваат на: изготвување на општи акти за статусот на Агенцијата и статусот на вработените во Агенцијата; потребата од обезбедување на средства за работа и нивна дистрибуција; водење на финансиско – сметководствените работи на Агенцијата и воспоставување и одржување на информатички систем во Агенцијата.
Координатор на стручна служба, Катерина Веловска (katerina.velovska@aso.mk)
Дирекција за финансиско сметководствени работи
Дирекција за информатика
Дирекција за правни и административни работи
Дирекција за финансиско сметководствени работи
Дирекција за информатика
Дирекции надвор од стручните служби
Дирекција за работи непосредно поврзани со Советот на експерти
Координатор на Дирекција, Ратка Целаковски (ratka.celakovski@aso.mk)
Дирекција за внатрешна ревизија:
Координатор на Дирекција, Наташа Ристовски, CIAPS (natasa.ristovski@aso.mk)
Стручни Служби и Дирекции:
Стручна служба за регулатива и лиценцирање
Координатор на стручна служба, м-р Билјана Јаневска Неделковска (biljana.janevska-nedelkovska@aso.mk)
Координатор на Дирекција за регулатива, Бобан Стојановиќ (boban.stojanovikj@aso.mk)
Координатор на Дирекција за лиценцирање, Мимоза Чкалеска Карталова (mimoza.kartalova@aso.mk)
Стручна служба за супервизија
Координатор на стручна служба, д-р Маја Парнарџиева – Змејкова (maja.parnardzieva-zmejkova@aso.mk)
Координатор на Дирекција за теренска супервизија,
Координатор на Дирекција за вонтеренска супервизија
Дирекција за актуарски работи и статистика
Координатор на Дирекција за истражување и развој
Стручна служба за општи и административни работи
Координатор на стручна служба, Катерина Веловска (katerina.velovska@aso.mk)
Дирекција за правни и административни работи
Дирекција за финансиско сметководствени работи
Дирекција за информатика
Соработка
Заради обезбедување на ефикасна супервизија и регулатива на осигурителниот пазар и на финансискиот сектор во Република Северна Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување соработува со Министерството за финансии, Народната банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија и со други органи и институции во земјата и во странство. Обемот, содржината и формата на соработка подетално меѓусебно ги уредува Агенцијата со надлежните органи и институции. Договорните страни, секоја во рамки на своите овластувања и надлежности се согласни да соработуваат и да укажуваат взаемна помош и поддршка.
Корисни линкови
- Народна Банка на Република Северна Македонија (НБРМ)
- Комисија за Хартии од Вредност (КХВ)
- Агенција за Супервизија на Капитално Финансирано Пензиско Осигурување (МАПАС)
- Управа за финансиско разузнавање
- Управа за јавни приходи
- Insurance Supervision Agency – Slovenia
- Insurance Supervision Agency – Croatia
- National Bank of Serbia
- Insurance Supervision Agency of Montenegro
- Financial Supervision Commission – Bulgaria
- Albanian Financial Supervision Authority
- Central Bank of the Republic of Kosovo
- Federal Financial Supervision Authority (BaFin) – Germany
- Austrian Financial Market Authority
- Insurance Supervisory Commission, Romania
- International Assosiation of Insurance Supervisors (IAIS)
- Committe of European Insurance and Occupational Pensions Supervisors (CEIOPS) International Actuarial Association (IAA)
- European Commission
МКС EN ISO 9001:2015
ШИФРА: 5.2.2 – 01
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) спроведува политика за квалитет, која е составен дел на нејзината мисија и визија и е заснована на воспоставување и одржување на механизми за континуирано подобрување на нејзините услуги.
АСО во рамките на своите надлежности се грижи за законито и ефикасно функционирање на пазарот на осигурување со цел заштита на правата на сопствениците и корисниците на осигурување.
Во своето работење АСО ги применува принципите на одговорност, стручност, чесност и транспарентност.
Основните принципи на политиката за квалитет, АСО ги заснова на остварување на следните цели:
- Остварување на својата мисија, преку целосно исполнување на законските надлежности согласно Законот за супервизија на осигурување и Законот за задолжително осигурување во сообраќајот;
- Создавање на услови за фер, конкурентен и транспарентен пазар на осигурување;
- Унапредување на правната рамка на системот на осигурување;
- Носење одлуки, кои ќе се темелат на системски анализи со цел зајакнување на довербата на јавноста и довербата на осигурителните субјекти во работата на АСО;
- Унапредување на институционалниот и административен капацитет преку инвестирање во вработените по пат на обуки и стручно усовршување;
- Целосна посветеност на сите вработени во реализирање на поставените цели на професионален, транспарентен и непристрасен начин на работа;
- Обединување на сите вработени во насока на развој на АСО, користејќи ги нивните знаења, компетенции, искуства и признавајќи го нивниот придонес;
- Поставување на професионални стандарди за вработените заради јакнење на интегритет во справување со облиците на корупција;
- Континуиран развој на системи од областа на информациските и комуникациските технологии;
- Идентификување и соодветно управување со ризиците во работните процеси во АСО;
- Развивање на партнерски односи со другите регулаторни тела на финансискиот сектор во земјата и промовирање меѓународна соработка со супервизорски тела од областа на осигурувањето;
- Поттикнување на свеста на јавноста за улогата на осигурувањето и супервизијата на осигурувањето преку активности на финансиска едукација и финасиска инклузија;
- Зголемување на транспарентноста во работењето на АСО со унапредување на достапноста на информациите до сите заинтересирани страни; и
- Постојано подобрување на системот за менаџмент со квалитет.
Претседател на Совет на експерти,
Крсте Шајноски
Скопје, 27.2.2020 година
Годишен план
Јавни набавки 2022 година
Јавни набавки 2021 година
- Одлука за потреба од јавна набавка
- Набавка на образовни услуги за обука на застапници и брокери
- Повик за поднесување на понуди – 04.11.2021 – PDF
- Повик за поднесување на понуди – 04.11.2021 – WORD
- Тендерска документација – 04.11.2021 – PDF
- Тендерска документација – 04.11.2021 – WORD
- Процедура за постапување при спроведување на постапка за јавна набавка
- Работна инструкција за следење на договори од јавни набавки
Јавни набавки 2020 година
Јавни набавки 2019 година
- Годишен план за јавни набавки во 2019 година на Агенција за супервизија на осигурување
- Измена и дополнување на Годишен план за јавни набавки во 2019 година на Агенција за супервизија на осигурување 07.08.2019
- Измена и дополнување на Годишен план за јавни набавки во 2019 година на Агенција за супервизија на осигурување 24.09.2019
Јавни набавки 2018 година
Јавни набавки 2017 година
Јавни набавки 2016 година
Објавени огласи
Склучени договори
- План за работа на АСО за 2024 година
- Стратегиски план на АСО за периодот 2024-2026 година
- Стратегија за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам на Агенцијата за супервизија на осигурување за периодот 2021-2023
- Стратегиски план за спречување на корупцијата на АСО за периодот 2022-2025 година
- Статут на Агенцијата за супервизија на осигурување
- Политика на интегритет
ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Политиката на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е да ја почитува вашата приватност во однос на сите информации што можеме да ги собереме при вашата посета на нашата веб-страна. Оваа Политика за приватност се однесува на https://aso.mk/ (во понатамошниот текст “нас”, “ние” или “https://aso.mk/”). Ние ја почитуваме вашата приватност и сме посветени на заштита на лични информации што може да ни ги обезбедите преку веб-страната. Ја усвоивме оваа политика за приватност за да објасниме кои информации може да се соберат на нашата веб-страна, како ги користиме овие информации и под кои околности можеме да ги откриеме информациите на трети лица. Оваа Политика за приватност се однесува само на информациите што ги собираме преку Веб-страната и не се однесуваат на информации од други извори.
Оваа Политика за приватност, заедно со Условите поставени на нашата веб-страна, ги утврдуваат општите правила и политики кои ја регулираат вашата употреба на нашата веб-страна. Во зависност од вашите активности при посета на нашата веб-страна, можеби ќе треба да се согласите со дополнителни услови.
Интернет посетители
Како и повеќето веб-страни, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) собира информации кои не се лични за идентификација, како што обично ви овозможуваат веб прелистувачите и серверите, како што се типот на прелистувач, изборот на јазик, местото за референца и датумот и времето на секое барање за посетител. Целта на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за собирање на информации кои не се лични за идентификација е подобро да се разбере како посетителите на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ја користат веб-страната. Повремено, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) може да објави податоци кои не се лични за идентификација, на пример, со објавување на извештај за трендовите во користењето на нејзината веб-страна.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), исто така, собира лични информации за идентификација како адреси на Интернет протокол (IP) за најавени корисници и за корисниците кои оставаат коментари на блог постови на https://aso.mk/. Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) само открива најавени кориснички IP адреси под истите околности што ги користи и открива лични информации за идентификација како што е опишано подолу.
Собирање на лични податоци за идентификување
Одредени посетители избираат да комуницираат на начин кој бара од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) да собере лични информации за идентификација. Количеството и видот на информациите што ги собира Агенција за супервизија на осигурување (АСО) зависи од природата на интеракцијата. На пример, ние бараме од посетителите кои се пријавуваат за новости на https://aso.mk/ за да обезбедат корисничко име и адреса за е-пошта.
Безбедност
Безбедноста на Вашите лични информации е важна за нас, но запомнете дека ниту еден метод за пренос на податоци преку Интернет, ниту методот за електронско складирање е 100% сигурен. Додека ние се стремиме да ги користиме комерцијално прифатливите средства за заштита на вашите лични информации, не можеме да ја гарантираме нејзината апсолутна сигурност.
Линкови до надворешни страници
Нашата услуга може да содржи линкови до надворешни страници кои не се управувани од нас. Ако кликнете на линк од трета страна, ќе бидете упатени до веб-страната на третата страна. Ве советуваме да ја прегледате Политиката за приватност и условите на секоја веб-локација што ја посетувате.
Ние немаме никаква контрола и не преземаме никаква одговорност за содржината, политиките за приватност или практиките на која било трети страни, производи или услуги.
Заштита на одредени лични информации за идентификување
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) открива потенцијално лични податоци за идентификација и лични информации само на своите вработени, изведувачи и здружени организации кои (i) треба да ги знаат тие информации за да го обработат во име на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) или да обезбедат услуги достапни на веб-страната на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) , и (ii) кои се согласиле да не ја објавуваат на други. Некои од тие вработени, изведувачи и здружени организации може да се наоѓаат надвор од вашата матична земја; со користење на веб-страната на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), вие се согласувате со пренос на тие информации до нив. Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) нема да изнајмува или продава потенцијално лични податоци за идентификација и лични податоци за секој. Освен на своите вработени, изведувачи и здружени организации, како што е опишано погоре, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) открива потенцијално лични податоци за идентификација и лични податоци само како одговор на судски налог, судски налог или друго барање од владата, или кога Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) верува во добра верба дека откривањето е разумно неопходно за да се заштити имотот или правата на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), трети страни или јавноста во целост.
Ако сте регистриран корисник на https://aso.mk/ и сте оставиле вашата e-mail адреса, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) повремено може да ви испрати е-пошта за новитети, нови функции, да ги примате вашите повратни информации за нарачка или да бидете во тек со она што се случува со Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и нашите производи. Првенствено го користиме нашиот сервис за да комуницираме со овој тип на информации, па затоа очекуваме да го задржиме овој тип на е-пошта на минимум. Ако ни пратите барање (на пример преку мејлот за поддршка или преку еден од механизмите за повратни информации), го задржуваме правото да го објавиме за да ни помогне да разјасниме или да одговориме на вашето барање или да ни помогне да ги поддржиме другите корисници. Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги зема сите мерки кои се разумно неопходни за да се заштитат од неовластен пристап, употреба, менување или уништување на потенцијално лични податоци за идентификација и лични податоци.
Збирна статистика
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) може да собира статистички податоци за однесувањето на посетителите на својата веб-страна. Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) може јавно да ги прикаже овие информации или да му ги достави на другите. Сепак, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) не ги открива вашите лични податоци за идентификација.
Колачиња
За да го збогатиме и усоврши вашето онлајн искуство, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) користи “колачиња”, технологии и услуги што ги даваат другите за прикажување на персонализирана содржина, соодветно рекламирање и складирање на вашите преференции на вашиот компјутер.
Колаче е низа информации што веб-страната ги чува на компјутерот на посетителот и дека прелистувачот на посетителот му дава на веб-сајтот секогаш кога посетителот ќе се врати. Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) користи колачиња за да ни помогнат да ги идентификуваме и да ги следиме посетителите, нивната употреба на https://aso.mk/ и нивните параметри за пристап до веб-страните. Посетителите на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) кои не сакаат да имаат колачиња поставени на нивните компјутери, треба да ги постават своите прелистувачи да одбиваат колачиња пред да ги користат веб-страниците на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), со недостаток дека одредени карактеристики на веб-страниците на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) не можат да функционираат правилно без помош на колачиња.
Продолжувајќи да се движите низ нашата веб-страна без да ги промените поставките за колачиња, со ова го признавате и се согласувате со користењето на колачиња од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Промени во политиката за приватност
Иако повеќето промени најверојатно ќе бидат мали, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) може да ја менува својата Политика за приватност од време на време и во единствена дискреција на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги охрабрува посетителите често да ја проверуваат оваа страна за сите промени во Политиката за приватност. Вашата континуирана употреба на оваа страна по секоја промена во оваа Политика за приватност ќе претставува вашето прифаќање на таквата промена.