Седница одржана на 14 август
- Записник од 20-та седница на СнЕ на АСО одржана на 5 август, 2024 година;
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на Триглав Осигурување АД, Скопје,
- Информација за ревизорските извештаи за 2023 година на ОБД и ДЗО,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на АД за осигурување Винер – Виена Иншуренс Груп Скопје,
- Информација во врска со спроведената делумна теренска супервизија за работењето на Друштво за осигурување ПРВА ЖИВОТ АД Скопје, во поглед на спроведувањето на мерките и дејствијата определени со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам,
- Извештај од 24-тите спортски средби во Охрид кои се одржаа во периодот од 9 – 12 мај, 2024 година.
Седница одржана на 5 август
- Записник од 19-та седница на СнЕ на АСО одржана на 22 јули, 2024 година;
- Барање за основање на осигурително брокерско друштво и донесување на Решение за издавање дозвола за вршење осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското друштво ИУТЕ САФЕ АД Скопје.
Седница одржана на 22 јули
- Записник од 18-та седница на СнЕ на АСО одржана на 10 јули, 2024 година;
- Решение за давање согласност Друштвото за ревизиja ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје за 2024 година.
- Решение за давање согласност Друштвото за ревизиja ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје за 2024 година,
- Решение за давање согласност Друштвото за ревизорски услуги КПМГ РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје за 2024 година,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурувањето на лицето Ана Петровска,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурувањето на лицето Ана Штрковска,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурувањето на лицето Дејан Акимовски,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурувањето на лицето Емсал Рустем.
Осигурани над 350.000 возила за половина година, секое трето возило има зелена карта
Сопствениците на возила, во првата половина од годинава, вложиле 43,1 милиони евра во задолжително oсигурување од автомобилска одговорност како и во зелена карта. Во осигурувањето за возење во странство (популарно познато како зелена карта) граѓаните и компаниите вложиле 10,2 милиони евра за шест месеци. Сите цени за задолжителното автомобилско осигурување и за зелена карта ги регулира државата. АСО, Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените на автомобилското осигурување што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ
Граѓани, компании и институции осигурале речиси 351.000 возила (патнички и товарни возила, автобуси, моторцикли, трактори, приколки и специјални возила) во периодот јануари – јуни годинава. Вкупниот број возила за кои сопствениците купиле полиси за задолжително осигурување од автомобилска одговорност во 2023 година е зголемен за 6,3 отсто во споредба со 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги достави Националното биро за осигурување (НБО).
Сите 12 осигурителни компании во првите шест месеци издале над 468.000 полиси за осигурување (ЗАО и зелена карта) и за превземањето на ризиците наплатиле 2,65 милијарди денари (43,1 мил.евра). Податоците на НБО покажуваат дека бизнисот со осигурување од автомобилска одговорност во првата половина годинава пораснал за 6 отсто во споредба со истиот период 2023 година.
Секое трето осигурано возило има и зелен картон – осигурување кое овозможува возење во странство. Во првите шест месеци сите 12 осигурителни компании издале повеќе од 117.000 зелени карти. Бројот на издадени зелени карти лани е за нијанса , односно за 2 отсто, помал од бројот на издадени зелени карти во истиот период лани. Но од друга страна вложувањата во зелена карта годинава се за 4,5 отсто повисоки од истиот период лани.
Зелената карта е осигурување кое служи за обештетување на трети лица доколку се случи сообраќајна незгода или несреќа во странство. Специфика на зелената карта е тоа што во некои земји нема утврдена максимална сума за човечки жртви во сообраќајна несреќа. Во таков случај осигурителната компанија што ја издала зелената карта ќе исплати износ без ограничување.
Само за споредба граѓани, компаниите и институциите за цела 2023 година купиле вкупно 958.528 полиси за осигурување возила во земјава и во странство. Во осигурување од автомобилска одговорност (за возење во земјава и во странство) во 2023 година се вложени 5,33 милијарди денари (86,75 мил.евра).
НБО е организација основана од осигурителните компании која има законски овластувања да ги врши работите предвидени со меѓународните спогодби за осигурување на сопствениците и корисниците на моторни возила од одговорност во сообраќајот. Воедно НБО ги претставува сите македонски компании за неживотно осигурување во меѓународните организации и институции за осигурување.
Во Македонија законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и зелената карта имаат регулирани цени кои ги утврдува и контролира Владата преку надлежна стручна интересорна комисија во која членуваат претставници на Министерството за финансии, НБО и на АСО.
Седница одржана на 10 јули
1) Записник од 17-та седница на СнЕ на АСО одржана на 4 јули, 2024 година;
2) Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Кроациа осигурување АД-Друштво за осигурување на живот и донесување на решение за изрекување дополнителни мерки кон Кроациа осигурување АД-Друштво за осигурување на живот;
3) Решение за издавање на согласност Друштвото за ревизорски услуги КПМГ РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп Скопје за 2024 година.
4) Решение за издавање на согласност за измена на Статутот на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје-Виена Иншуренс Груп;
5) Решение за издавање на согласност за стекнување на квалификувано учество во осигурително брокерско друштво ПОЛИСА ПЛУС АД Скопје, на лицето Светлана Милошоска;
6) Решение за издавање на согласност за стекнување на квалификувано учество во ДЗО ТРЕНД МР, за лицето Лидија Мерџановска;
7) Решение за давање согласност за член на орган на управување во ЗОИЛ АД Битола за лицето Бојан Москов;
8) Решение за одземањe на лиценци за застапник во осигурување на лицето Теодора Тасевска;
9) Решение за одземањe на лиценци за застапник во осигурување на лицето Бојана Спасеска;
10) Решение за одземањe на лиценци за застапник во осигурување на лицето Катерина Камчева;
11) Решение за одземањe на лиценци за застапник во осигурување на лицето Кире Секулоски;
12) Информација во однос на доставено барање/молба за полагање на испити во рамки на обуката за актуари 2023-2025 година од страна на лицето Сања Стојановска;
13) Информација за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година, заклучно со 30.06.2024 година.
Известување за статусни измени- присоединување
Почитувани,
Ве известуваме дека врз основа на Решение Бр. 14-1-1211 од 22.4.2024 година за издавање на дозвола за статусна измена – присоединување, Друштвото за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје се присоедини кон АДОР МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп.
Уписот на извршената статусна промена – присоединување во Централниот регистар на РСМ во согласност со Законот за трговските друштва е направен на ден 27.6.2024 година за што АДОР МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп ја извести Агенцијата до допис од 27.6.2024 година.