Седница одржана на 20.03.2018
Решение за давање согласност за вршење на функцијата Извршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за осигурување ГРАВЕ Скопје, на лицето Зоран Стојановски
Решение за давање согласност за вршење на функцијата Извршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за осигурување ГРАВЕ Скопје, на лицето Зоран Стојановски
Агенцијата за супервизија на осигурување (AСО) во соработка со SC XPRIMM International SRL, од Букурешт Романија, врз основа на минатогодишното позитивно искуство одлучи и оваа година да организира регионална актуарска конференција. На тој начин, истовремено се работи на реализирање на интенцијата оваа конференција да прерасне во редовна годишна конференција.
Конференцијата ќе се одржи на 28 февруари 2019 година, во хотелот Мериот, Скопје со почеток во 9:30 часот и ќе биде посветена на концептот на сеопфатно осигурување (engl: Inclusive insurance), кој подразбира пристап и користење на соодветни и прифатливи осигурителни производи за недоволно пристапни клиенти, со посебен акцент на ранливите категории на граѓани, а пред сѐ луѓето со ниски приходи. Сеопфатното осигурување подразбира користење на едноставни осигурителни производи кои поттикнуваат доверба и транспарентност во осигурување, најчесто со пониски осигурени суми и иновативни методи за дистрибуција.
Таргет групата на посетители на конференцијата не се само актуарите, туку и поширок спектар на учесници од осигурителната заедница, претставници од пензиските друштва и креаторите на економските политики во земјата и странство од причина што работата на актуарите станува сé покомплексна и треба да има централно место во организационата поставеност друштвата за осигурување.
SC XPRIMM International SRL во изминатиот период се промовираше како квалитетна институција која го следи развојот и трендовите на осигурувањето, со посебен акцент на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, и земјите од Заедницата на Независни Држави (ЗНД) со тоа што за сите земји објавува редовни известувања со настани од осигурителниот сектор, проследени со редовни тромесечни статистики и годишни профили на земји.
Повеќе детали за конференцијата се достапни на следниов линк
| Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите лица кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер во мартовската едукативно испитна сесија, дека согласно принципот прв дојден прв услужен, следните лица кои ги исполнуваат условите за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник односно осигурителен брокер, ќе може да ја следат обуката и да полагаат стручен испит во мартовската едукативно испитна сесија:
Список на лица за учество на обука и стручен испит за застапник во осигурување; Список на лица за учество на обука и стручен испит за осигурителен брокер; Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.3.2018 година а обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.3.2018 година и 31.3.2018 година. Деталниот распоред на предавањата и списокот на лица за учество на обука и стручен испит за застапник во осигурување односно за осигурителен брокер можете да го најдете на следниот линк: Распоред на предавања за застапници на осигурување; Распоред на предавања за осигурителни брокери. Обуката за застапници односно осигурителни брокери ќе се одржи во просториите на Европски Универзитет (Бул. Свети Климент Охридски бр. 68 – Скопје). |
За Глобалната недела на пари:
Кампања за подигнување на свеста кај децата и младите за да се инспирираат да учат за прашања во врска со финансии, за живот и претприемништво. Иницијативата е на глобалната непрофитна организација Child & Youth Finance International (CYFI) во соработка со Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). CYFI работи за преструктуирање на финансиските системи со цел економски и социјално да ги оспособуваат децата и младите низ целиот свет.
Глобалната недела на пари започна во 2012 година и тогаш опфати 7,8 милиони деца и млади луѓе преку 23.700 организации во 137 земји.
Која е целта на Глобалната недела на пари?
Денешните деца и млади треба да станат способни да ја разберат важноста на финасиите и да бидат опремени со вештините што треба да ги користат за да создадат нивни сопствени средства за живот. Младите луѓе да научат да управуваат со своите пари мудро. Исто така, децата и младите луѓе се зајакнуваат и им се помага да создадат позитивен бран што ќе се прошири од нив, на нивните семејства и на целата заедница.
1. Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Осигурителното брокерското друштво СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола
2. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерското друштво СУПЕР БРОКЕР АД Скопје,
3. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерското акционерско друштво ВИАСС Скопје,
4. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерското друштво АУРОН БРОКЕР АД Струга,
5. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво АМ БРОКЕР АД Скопје,
6. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво АМГ ПРЕМИУМ АД Скопје,
7. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво АСУЦ БРОКЕР АД Скопје,
8. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво А-Тим АД Скопје,
9. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво ЦВО БРОКЕР АД Охрид,
10. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво ДЕЛТА ИНС БРОКЕР АД Скопје ,
11. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво ЕОС БРОКЕР АД Скопје,
12. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво ЕУРО ЕКСПЕРТС АД Скопје,
13. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво ИН-БРОКЕР АД Скопје,
14. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво ЈДБ БРОКЕР АД Скопје,
15. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво Наше Осигурување АД Кочани,
16. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерското друштво ПЕТРОЛ-ОИЛ БРОКЕР АД Скопје ,
17. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво Полиса Плус АД Скопје,
18. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерското друштво Сафе Инвест Македонија АД Скопје,
19. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерското друштво С.Т.М Брокер Плус АД Скопје,
20. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво ВИА БРОКЕР АД Скопје ,
21. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво Кораб Инс Скопје,
22. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво Мега Брокер АД Скопје,
23. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерско друштво Мобилити АД Скопје ,
24. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Акционерското осигурително брокерско друштво Цертус Скопје,
25. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Акционерското Осигурително брокерско друштво ЏОКЕР ИНС БРОКЕР,
26. Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерското друштво ВЕБЕР ГМА АД Битола,
27. Решение за давање согласност за вршење на функцијата член на Управниот одбор на Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ АД Скопје на лицето ЗАИМ БАРДХИ,
28. Решение за издавање согласност за измена на Договорот на Национално биро за осигурување
29. Решение за издавање согласност за измена на Статут на Националното биро за осигурување
Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи објавено на ден 23.2.2018 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 1.3.2018 година (10 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручниот испит.
Поради горенаведеното, Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник односно брокер кои ќе бидат доставени по пополнување на максималниот можен број на кандидати, нема да бидат земени предвид.
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).
Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.3.2018 година и 31.3.2018 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр.68 во Скопје.
Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и точните термини и деталниот распоред за одржување на испитот ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката односно испитот.
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник).
Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.3.2018 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр.68 во Скопје.
Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и точните термини и деталниот распоред за одржување на испитот ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката односно испитот.
SC XPRIMM International во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување организираат регионална актуарска конференција, која за прв пат ќе се одржи во Скопје на 22 февруари 2018 година.
SC XPRIMM International SRL во изминатиот период се промовираше како квалитетна институција која го следи развојот и трендовите на осигурувањето, со посебен акцент на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, и земјите од Заедницата на Независни Држави (ЗНД) со тоа што за сите земји објавува редовни известувања со настани од осигурителниот сектор, проследени со редовни тромесечни статистики и годишни профили на земји.Исто така, SC XPRIMM International SRL се појавува како организатор и партнер во организирање на тематски конференции од областа на осигурувањето кои се промовираат како редовни годишни настани и кои се повеќе добиваат на значење и посветеност.
Таргет групата на посетители на конференцијата покрај актуарите, се и поширок спектар на учесници од осигурителната заедница, претставници од пензиските друштва и креаторите на економските политики во земјата и странство од причина што работата на актуарите станува сé покомплексна и треба да има централно место во организационата поставеност друштвата за осигурување.
Повеќе детали за конференцијата и пријавување на следниов линк