Седница одржана на 25.04.2019
- Решение за издавање согласност за измена на статутот на ВИНЕР;
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во ЕВРОИНС за лицето Ралица Губерова,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во АДОР МАКЕДОНИЈА за лицето Бошко Андов,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во АДОР МАКЕДОНИЈА за лицето Весна Ѓорчева,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во АДОР МАКЕДОНИЈА за лицето Ристо Секуловски,
- Решение за издавање согласност друштвото за ревизија Пелагониска ревизорска куќа да врши ревизија на финансиските извештаи на Национална групација за осигурување АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА Скопје за 2019 година,
- Одлука за изрекување на супервизорски мерки за Акционерското друштво за осигурување Винер – Виена Иншуренс Груп Скопје,
Попоски од Братислава на Меѓународната Конференција за синергијата помеѓу осигурувањето на живот и пензиското осигурување – во последната деценија нашата земја во сегментот на осигурување на живот бележи најголем кумулативен раст од 455% и просечен годише
Во периодот од 11-12 април, во Братислава, Република Словачка, се одржa Конференција за синергијата помеѓу осигурувањето на живот и пензиското осигурување, во организација на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS), Меѓународната организација на пензиски супервизори (IOPS), Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и Народна банка на Република Словачка (NBS). Целта на настанот е да се согледа важноста на акумулирањето и управувањето на средствата и обврските на начин кој ќе обезбеди поддршка за раст и сигурност на приходите од пензија. Претседателот на Советот на експерти, г. Климе Попоски учестуваше со презентација и како учесник на панел на кој се разговараше за пристапот на регулаторите во однос на третманот на долгорочни финанскски производи во осигурувањето и пензиските фондови, и тоа во друштво со г. Preston Rutledge, асистент на државниот секретар на Департментот за труд на САД, г.Conor Donaldson, Раководител на комитетот за имплементација во Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори, професор Karel Van Hulle од Католичкиот универзитет Лувен, Белгија и почесен професор на Универзитетот Гете во Франкфурт и поранешен раководител при Европска Комисија на одделот за осигурување и г-ѓа Manuela Zweimüller, Директор на одделот за регулатива при Европскиот регулатор за осигурување и пензии (EIOPA).

На панелот се разговараше за сличностите и разликите помеѓу регулаторниот третман на долгорочните производи во осигурителниот и пензискиот сектор, како и за трендовите во осигурување и пензии, при тоа идентификувајќи неколку заеднички и фундаментални предизвици.
При тоа, Претседателот на Совет на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување г. Климе Попоски ги истакна позитивните резултати во развојот на осигурувањето на живот во последната деценија, кои бележат најголем кумулативен раст од 455% и просечен годишен раст од 21% помеѓу земјите од Југоисточна Европа. „Ефективна, ефикасна и независна супервизија која ги имплементира во своето работење меѓународните регулаторни принципи пропишани од страна на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори, хармонизирање се европските осигурителни директиви, активностите на финансика едукација, како и поволниот макроекономски амбиент, монетарна и финансиска стабилност и силно присуство на осигурителни групации од ЕУ во нашата земја, претставуваат клучни фактори за постигнатите резултати“, посочи Попоски во својата презентација.
Попоски од Виена на Меѓународен форум за имотно осигурување – 2018 година беше најуспешна година во однос на пораст на продажбата на имотното осигурување во последната деценија, како и споредено со останатите земји во регионот
Денес се одржа традиционалниот Меѓународен форум за имотно осигурување со учество на претставници од Европските регулаторни тела за осигурување, претставници од осигурителната индустрија, консултантски фирми и носители на политики за справување со финансиски загуби како последица од катастрофални настани. Целта на настанот е да се согледа влијанието и отпорноста на општествата на климатските ризици и сајбер ризиците.
Претседателот на Советот на експерти, г. Климе Попоски беше дел од панелот на кој се разговараше за зајакнување на отпорноста кон климатските ризици преку зголемување на осигурителното покритие, и тоа во друштво со Извршниот директор на Осигурителниот пул за осигурување од природни непогоди на Романија г-ѓа Nicoleta Radu и Директорот на Шпанскиот конзорциум за осигурително покритие г. Alejandro Izuzquiza Ibáñez de Aldecoa.

При тоа, Претседателот на Совет на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување г. Климе Попоски ги истакна позитивните резултати во развојот на имотното осигурување, кое забележа пораст од 19,68% споредено со 2017 година, посебно акцентирајќи го високиот пораст на земјоделското осигурување, како посебен сегмент од класата на осигурувањето на имот од 65,98%.
Климатските ризици отсекогаш предизвикувале настани со сериозни последици, со огромни материјални и човечки загуби кои често останувале врежани во меморијата. Во последниве децении нивната катастрофална природа стана сè поголема закана за отпорноста на општествата кон ваквиот вид на ризици. „Благодарение на јакнење на свеста кај граѓаните и фирмите за присуство на ризици, активните мерки за субвенционирање од 60% на премијата за земјоделско осигурување, подобрување на услугите на друштвата за осигурување во исплата на штети, како и регулаторната и супервизорската улога на Агенцијата за супервизија на осигурување и активностите за финансиска едукација на населението имаат придонес за високиот раст во нашата земја“, посочи Попоски на панел дискусијата.
Заклучоците за успешен развој на имотното осигурување посебно во сегментот на осигурувњето од катастрофални ризици од Меѓународен форум се: Јавно – приватно партнерство помеѓу Владата, осигурителната индустрија и корисниците на осигурителни услуги, воведување на задолжителни форми на осигурување од катастрофи, регионален пристап во воспоставување на осигуриителни пулови.
Донесено Упатство за вршење на проценка на ризикот од перење пари
Управата за финансиско разузнавање изготви Упатство за вршење на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам согласно член 10 став (7) од ЗСППФТ. Упатството има за цел да им помогне на субјектите во процесот на проценка на ризикот од ПП/ФТ – да ги идентификуваат, проценат, разберат и намалат ризиците од ПП/ФТ.
Ова Упатство може да го користат сите субјекти (финансиски и определени нефинансиски дејности и професии) кои согласно ЗСППФТ се обврзани да ги спроведуваат мерките за СПП/ФТ и да подготват проценка на ризик од ПП/ФТ како составен дел на Програмата за ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик од перење пари и финансирање на тероризам.
Упатството за вршење на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам е објавено на веб страната на Управата www.ufr.gov.mk, упатство.