Доделени наградите на учениците со најдобри творби за меѓународните денови на штедењето и осигурувањето
Финансиската едукација треба да започне уште од основно училиште. Треба да се вложува во унапредување на финансиската писменост, бидејќи таа придонесува за подобри финансиски одлуки и здрава економија. Ова беше истакнато денеска на јавното доделување на наградите за учениците од основното и средното образование од конкурсот за најдобри литературни и ликовни творби по повод меѓународните денови на штедењето и осигурувањето. Доделувањето се одржа во Министерството за финансии, а на него присуствуваа министерот за финансии, Драган Тевдовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски.

‒ „Колку е повисоко нивото на финансиска писменост, толку подобри финансиски одлуки се носат. Со финансиска едукација треба да се започне уште од основно образование. Децата треба да знаат која е функцијата на парите, што значи да се штеди. Затоа Министерството за финансии, како дел од Координациското тело за финансиска едукација, во текот на целата година организира предавања во основните и средните училишта. Во насока на финансиската едукација е и изработката на „Граѓанскиот буџет“, со кој на јавноста на едноставен начин ѝ се дава увид во државниот буџет. На тој начин граѓаните имаат поголема контрола врз трошењето на државните пари“ ‒ истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Гувернерката на НБРМ Ангеловска-Бежоска истакна дека централната банка, веќе години наназад, презема бројни активности на полето на финансиската едукација. Меѓу активностите остварени оваа година, таа го издвои и мерењето на финансиската писменост во државата, извршено од НБРМ, коешто на регулаторните институции им овозможи јасна слика за нивото на финансиската писменост и претставува една од основите за планирањето на натамошните активности во сферата на финансиската едукација.
‒ „За општеството, од нивото на штедење зависат инвестициите, а од инвестициите зависи и развојот и благосостојбата во економијата. Штедењето значи повеќе болници, а со тоа и подобар квалитет на нашиот живот, повеќе патишта кои ќе нè однесат посигурно и побрзо до нашата природна одредница – Европската Унија, поквалитетен образовен систем, а со тоа и соодветен човечки потенцијал без кој нема прогрес во општеството“ ‒ истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, осврнувајќи се на придобивките коишто ги носи штедењето.
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Климе Попоски, истакна дека раната финансиска едукација претставува клучен фактор за долгорочен развој на финансискиот систем во една земја. Во развиените земји степенот на финансиска едукација е на многу повисоко ниво и Агенцијата за супервизија на осигурувањето се залага и се стреми кон примена на повисоки стандарди коишто ќе нѐ однесат до посакуваните резултати и општествена благосостојба. Меѓу другото, Попоски истакна дека АСО како регулатор на пазарот на осигурување години наназад презема многубројни активности на полето на финансиската едукација меѓу кои и издавање корисни брошури и памфлети, друштвени игри за помладите од кои учат за ризиците и управувањето со нив, како и организирање редовни предавања во основните и средните училишта.
Конкурсот за литературни и ликовни творби по повод Денот на штедењето се одржува од 2012 година, додека од 2014 година тема на конкурсот станува и осигурувањето. Годинава, конкурсот е најмасовен досега со над 1.100 литературни и ликовни творби од учениците од основното и средното образование. Наградени се 18 ученици, додека 12 ученици се пофалени.
Во текот на годината, Координациското тело за финансиска едукација во кое се претставници на НБРМ, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност, има едукативни активности коишто опфаќаат над 35.000 ученици.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Агенцијата за супервизија на осигурување Ве известува дека вториот стручен испит за осигурителен брокер – практичен дел ќе се одржи на ден 20.11.2018 година од 11:30до 13:30 часот.
Стручниот испит за осигурителен брокер ќе се спроведува во испитниот центар на Правниот Факултет во Koмпјутерски Центар на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје.
Во прилог ви ја испраќам мапата со точна локација на објектот и листата на пријавени кандидати.
https://goo.gl/maps/eMcWw3xD2hv
Ве потсетуваме дека согласно Решението за исполнување на услови за полагање стручен испит за осигурителен брокер, должни сте преку електронска пошта: armin.ukikj@aso.mk да го пријавите учеството на стручниот испит за осигурителен брокер, во рок од 5 дена од денот на добивање на известувањето. Исто така, Ве известуваме дека е потребно да бидете во просториите на Испитниот центар најдоцна 30 минути пред почетокот на испитот и потребно со себе да носите документ за лична идентификација.
Наградени ученици на Конкурсот за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето ‒ 1 ноември
Во врска со горенаведениот конкурс, подолу го објавуваме списокот на наградени ученици, по одделни категории. Добивме голем број на трудови и во оваа прилика им благодариме на сите што учествуваа, а на наградените им честитаме. Јавното доделување на наградите ќе се одржи на 16.ноември, 2018 година, во просториите на Министерството за финансии, во 13 часот.
На Конкурсот за ученици од основно образование на тема „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“ пристигнаа ___ ликовни творби, а наградени се следните ученици:
1. Дамјан Стефанов I одд. ОOУ „Димитар Миладинов“ – Скопје;
2. Дарко Кулевски, VI одд. ОOУ „Тодор Ангелевски“ – Битола;
3. Викторија Ѓорѓиевска, VIII одд. ОOУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка.
На Конкурсот за ученици од основно образование на тема „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“ пристигнаа __ литературни творби, а наградени се следните ученици:
1. Христијан Стојанов, VIII oдд. ОOУ „Гоце Делчев“ – Штип;
2. Драгана Петрова, IX одд. ОOУ „Крсте Мисирков“ – Скопје;
3. Сара Цветкова, V одд. ОOУ „Мирце Ацев“ – Скопје.
На Конкурсот за ученици од средно образование за литературни творби – расказ на тема „ Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството “ пристигнаа __ раскази, а наградени се следните ученици:
1. Костанца Билбиловска, II година, Средно училиште „Гостивар“ – Гостивар;
2. Ана Илиева, II година Гимназија „Орце Николов“– Скопје;
3. Борјан Дукоски, I година Гимназија „Мирче Ацев“– Прилеп.
На Конкурсот за ученици од основно образование на тема „ И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ “ пристигнаа 563 ликовни творби, а наградени се следните ученици:
1. Ванеса Мифтари VIII-3 одд. ОУ „Перпарими“ – Горна Речица, Тетово;;
2. Теодора Стефановска IХ-2 одд. ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје;
3. Ива Стојановска II-4 одд. ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје.
Добитници на пофалница:
1. Анастасија Гаврилова VIII-1 одд. ООУ „Никола Карев“ – Радовиш;
2. Симон Бакаловски I-б одд. ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје;
3. Галина Крстевска V-2 одд. ООУ „Гоце Делчев“– Скопје.
На Конкурсот за ученици од основно образование на тема „ И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ “ пристигнаа 416 литературни творби, а наградени се следните ученици:
1. Трајче Манчевски VIII-3 одд. ООУ „Никола Вапцаров“– Струмица;
2. Александар Јанкулоски IV одд. OОУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ – Скопје;
3. Михаела Алексовска VIII-2 одд. ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка.
Добитници на пофалница:
1. Гордан Станоески VIII-б одд. ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп;
2. Јасмин Балота VI-2 одд. ООУ „Крсте Мисирков“ – Скопје;
3. Виктор Димов III-1 одд. ОУ „Блаже Конески“ – Велес;
4. Јована Филиповска VI-б одд. ОУ „Кочо Рацин“ – Скопје;
5. Ана Јанческа IV-2 одд. ООУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ – Скопје;
6. Христијан Петрушевски IX одд. ООУ „Браќа Миладиновци“ – Пробиштип;
7. Сара Крстевска VI-а одд. ООУ „Аврам Писевски“ – с. Бардовци, Скопје.
На Конкурсот за ученици од средно образование за есеј на тема „Штедам – мислам на својата иднина“ пристигнаа 48 есеи, а наградени се следните ученици:
1. Иван Јовановски, III година, ПСУ „Јахја Кемал“– Скопје;
2. Јана Глигоровска, I година, СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ – Скопје;
3. Симона Мицева, I-2 година, СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес.
Добитници на пофалница:
1. Борјан Дукоски, I-9 година, Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп;
2. Матеја Ѓорѓиоска, II-1 година, Економско училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифовски Питу“ – Прилеп.
Одбележување на Денот на осигурувањето, 1 ноември, 2018 година
Агенцијата за супервизија на осигурување, по повод одбележување на Денот на осигурувањето, 1-ви ноември, организираше конференција за земјоделско осигурување. Конференцијата беше организирана заеднички со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел да се посвети внимание на земјоделството како значаен дел од македонската економија, односно да се посвети внимание на намалување на ризиците во земјоделството преку користење на осигурувањето.
Посетители на конференцијата беа претставници од осигурителниот сектор, претставници од државни институции и регулаторни тела, како и претставници од земјоделскиот сектор.
На конференција свечено се обратија г. Кочо Анѓушев, Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, г. Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Македонија и г. Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување ( видео обраќања во рамки на соопштението на Владата на Република Македонија https://www.vlada.mk/node/15674)
Имајќи предвид дека постојат различни решенија низ целиот свет, на Конференцијата за земјоделско осигурување свои излагања имаа претставници од повеќе водечки институции како што се Друштво за управување со земјоделски осигурителен пул (TARSIM) од Турција, Друштво за осигурување од град (Österreichische Hagelversicherung VVaG – ÖHV) од Австрија, Друштвото за реосигурување Свис Ре од Швајцарија; Друштвото за реосигурување Полиш Ре од Полска, Иницијативата за достапно осигурување (Access to Insurance Initiative -A2ii) и Друштвото за реосигурување Европа Ре од Швајцарија кои ги презентира своите искуствата во оваа област.
Во рамки на манифестацијата беше доделена награда и плакета за најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2018 година под наслов ” Анализа на глобалниот пазар на микроосигурување и можностите за негова имплементација во Република Македонија”. Целта на трудот е да ја зголеми свесноста, информираноста и знаењето на македонските осигурителни компании за концептот и моделите на микроосигурувањето. (преземи тука).
Наградата на авторот г-а Тања Камењарска ѝ ја додели претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски и следеше краток осврт на трудот од страна на авторот.
Линкови до презентациите на англиски јазик:
- Искуство на турскиот систем за земјоделско осигурување. г. Неџати Ичер, технички консултант, Друштво за управување со земјоделски осигурителен пул (TARSIM)
- Рамка за напредни шеми за земјоделско осигурување. г. Рајнхард Керн, член на Одборот на директори, Друштво за осигурување од град (Österreichische Hagelversicherung VVaG – ÖHV)
- Фокус на квалитетот на производите од гледна точка на реосигурувањето. г. Пол Хамер, експерт за реосигурување во земјоделството, Свис Ре
- Клучни елементи за управување со портфолијата на земјоделски култури и сточарство; Програми за поддршка со реосигурување од Полиш Ре. г. Конрад Ројевски, менаџер за земјоделски осигурителни производи, Полиш Ре
- Регулативата на земјоделското осигурување во функција на негов развој. г-ѓа Тереза Пеланда, Советник, Секретаријат на Иницијативата за достапно осигурување (A2ii)
- Индексно осигурување: предизвици и искуства. г-ѓа Надица Јовановска Бошковска, Раководител на претставништво во Македонија, Европа Ре
Седница одржана на 31.10.2018
- Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2017 година,
- Годишен извештај за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во 2017 година,
- Извештајот на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија за 2018 година,
- Решение за вршење на функцијата член на Управен одбор на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје, на лицето Дарко Атанасовски,
- Решение за вршење на функцијата член на Управен одбор на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје, на лицето Ирена Велкоска Спировска,
- Решение за вршење на функцијата член на Управен одбор на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје, на лицето Маја Богдановска Стојановска,
- Решение за вршење на функцијата член на Управен одбор на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје, на лицето Марија Томеска,
- Решение за вршење на функцијата член на Управен одбор на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје, на лицето Херман Зип,
- Решение за вршење на функцијата Извршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје, на лицето Александар Андоновски,
- Решение за вршење на функцијата Извршен член на Одборот на директори на САВА осигурување, а.д. Скопје на лицето Ило Ристовски,
- Решение за вршење на функцијата Извршен член на Одборот на директори на САВА осигурување, а.д. Скопје, на лицето Мелита Гугуловска, и
- Информација за организирање на Конференција за осигурување во земјоделството
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите кои го немаат положено стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето и стручниот испит за вршење на осигурително брокерски работи со првото полагање, дека второто полагање од првиот дел – теоретски дел од стручните испити ќе се одржи на ден 5.11.2018 година во период од 09:00 до 16:00 часот. Вториот дел – практичен пример од стручните испити ќе се одржи на ден 20.11.2018 година во период од 09:00 до 16:00 часот.
Стручните испити ќе се одржат во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:
Правен Факултет во Koмпјутерски Центар на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје.
СООПШТЕНИЕ
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите кандидати кои го имаат положено стручниот испит на застапници во осигурување-теоретски дел на ден 15.10.2018 година, дека стручниот испит за застапници во осигурување – практичен дел ќе се одржи на ден 29.10.2018 година од 11:30 до 16:00 часот.
Стручниот испит за застапник-практичен дел ќе се спроведува во испитниот центар вна Правниот Факултет во Koмпјутерски Центар на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје.
Во прилог е мапа со точна локација на објектот.
СООПШТЕНИЕ
Агенцијата за супервизија на осигурување Ве известува дека стручниот испит за осигурителен брокер – практичен дел ќе се одржи на ден 31.10.2018 година од 14:00 до 16:00 часот.
Стручниот испит за осигурителен брокер ќе се спроведува во испитниот центар на Правниот Факултет во Koмпјутерски Центар на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје.
https://goo.gl/maps/eMcWw3xD2hv – мапата со точна локација на објектот.
Ве потсетуваме дека согласно Решението за исполнување на услови за полагање стручен испит за осигурителен брокер, должни сте преку електронска пошта: armin.ukikj@aso.mk да го пријавите учеството на стручниот испит за осигурителен брокер, во рок од 5 дена од денот на добивање на известувањето. Исто така, Ве известуваме дека е потребно да бидете во просториите на Испитниот центар најдоцна 30 минути пред почетокот на испитот и потребно со себе да носите документ за лична идентификација.

