С О О П Ш Т Е Н И Е
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите лица кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер во септемвриската едукативно испитна сесија, дека согласно принципот прв дојден прв услужен, следните лица кои ги исполнуваат условите за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник односно осигурителен брокер, ќе може да ја следат обуката и да полагаат стручен испит во мартовската едукативно испитна сесија:
Список на лица за учество на обука и стручен испит за застапник во осигурување;
Список на лица за учество на обука и стручен испит за осигурителен брокер група1;
Список на лица за учество на обука и стручен испит за осигурителен брокер група2.
Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 20, 21 и 29.9.2018 година а обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 20-22.9.2018 година и 29.9.2018 година.
Деталниот распоред на предавањата и списокот на лица за учество на обука и стручен испит за застапник во осигурување односно за осигурителен брокер можете да го најдете на следниот линк:
Распоред на предавања за застапници на осигурување;
Распоред на предавања за осигурителни брокери.
Обуката за застапници односно осигурителни брокери ќе се одржи во просториите на Европски Универзитет (Бул. Свети Климент Охридски бр. 68 – Скопје).
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи објавено на ден 31.8.2018 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 6.9.2018 година (14 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручниот испит за осигурително брокерски работи.
Поради горенаведеното, Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит за брокер кои ќе бидат доставени по пополнување на максималниот можен број на кандидати, нема да бидат земени предвид.
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување објавено на ден 31.8.2018 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 5.9.2018 година (12 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручниот испит за вршење работи на застапување во осигурување.
Поради горенаведеното, Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник кои ќе бидат доставени по пополнување на максималниот можен број на кандидати, нема да бидат земени предвид.
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).
Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 20-22.9.2018 и 29.9.2018 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр.68 во Скопје.
Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и точните термини и деталниот распоред за одржување на испитот ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката односно испитот.
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување
понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник).
Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 20-22.9.2018 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр.68 во Скопје.
Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и точните термини и деталниот распоред за одржување на испитот ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката односно испитот.