Конкурс за годишна награда за млад истражувач од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2026 година
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2026 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување за млади истражувачи изнесува:
Прва награда, 80.000 денари нето,
Втора награда, 25.000 денари нето и
Трета награда, 15.000 денари нето.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
- апстракт;
- осврт на консултираната современа странска и домашна, научна и експертска литература од областа која се истражува;
- опис на научно истражувачката методологија која се користи во трудот;
- анализа;
- заклучни согледувања и
- библиографија.
Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 1.11.2026 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.

Вработените и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување немаат право на учество на конкурсот.
Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или англиски јазик.
Еден автор има право да поднесе само еден самостоен труд. Трудовите изработени во коавторство не се прифатливи.
На конкурсот авторите имаат право да конкурираат и со веќе објавени трудови во текот на 2026 година. При поднесувањето на трудот, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.
Конкурсот ќе се смета за успешен доколку се пријават најмалку 3 (три) истражувачки труда кои ги исполнуваат наведените услови.
Трудовите се поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување по електронски пат, на адреса: konkurs@aso.mk, со назнака: „За годишна награда на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2026 година“.
Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.
Изборот на најдобар труд го врши Комисија која се состои од пет члена, од кои најмалку тројца се надворешни членови. Членовите на Комисијата ги назначува Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување со одлука која ќе се објави на интернет-страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Краен рок за доставување на трудовите е 30.9.2026 година.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување ќе се додели на 1.11.2026 година, по повод денот на основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Подигнување на свеста за осигурувањето кај граѓаните, како двигател на развојот на пазарот на осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) на 16 април успешно ја реализираше едукативната активност за подигнување на свеста за осигурувањето преку информативен пулт на терен. Голем број граѓани добија директни, јасни и разбирливи информации за нивните права и обврски, како и практични совети за избор на соодветно осигурување. Активноста придонесе за зголемување на транспарентноста, подобро разбирање на осигурителните производи и зајакнување на заштитата на осигурениците како потрошувачи.
Оваа активност е дел од законските надлежности на АСО насочени кон едукација и заштита на потрошувачите во областа на осигурувањето.



Подигнување на свеста за осигурувањето кај младите
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) реализираше интерактивна работилница со ученици од 2-ра година од Средното медицинско училиште “Јане Сандански”, од Штип, посветена на финансиската писменост и основите на осигурувањето.
Преку реални примери и отворена дискусија, учениците имаа можност да се запознаат со улогата на АСО како регулатор, да разберат како функционира осигурувањето, зошто е важно навремено да се препознаат ризиците и како да се носат информирани одлуки за осигурување.
Оваа активност е дел од пошироките напори на АСО за подигнување на јавната свест и зајакнување на осигурителната култура, како и поддршка на развојот на пазарот на осигурување, согласно законските надлежности.
АСО продолжува со вакви иницијативи – затоа што информираните граѓани се темел на стабилен и развиен осигурителен пазар.



ВО ЖИВО: Испит за застапници во осигурување – теоретски дел 8.4.2026
ВО ЖИВО: Испит за застапници во осигурување – теоретски дел 8.4.2026
ВО ЖИВО: Испит за застапници во осигурување – теоретски дел 7.4.2026
ВО ЖИВО: Испит за застапници во осигурување – теоретски дел 7.4.2026
ВО ЖИВО: Испит за застапници во осигурување – теоретски дел 6.4.2026
ВО ЖИВО – испит за застапници во осигурување, теоретски дел 6.4.2026 година
Преку едукативни активности, Агенцијата за супервизија на осигурување ја зајакнува свеста за потребата од осигурувањето кај младата популација
Агенцијата за супервизија на осигурување продолжува со спроведување на активности насочени кон унапредување на финансиската писменост и подигнување на свеста за значењето на осигурувањето кај младата популација.

Во рамки на овие заложби, беше одржана работилница со ученици од VI-то одделение при ОOУ “Браќа Миладиновци” од Скопје, при што преку интерактивен пристап и реални примери прилагодени на нивната возраст, учениците имаа можност да се запознаат со основните поими на осигурувањето и значењето на потребата од осигурување. Значајна улога има и наставниот кадар со чија посветеност и несебична подршка придонесуваат за успешна реализација на ваквите активности.
Остануваме посветени на континуирано унапредување на финансиската едукација, како важен предуслов за одговорно и информирано однесување на идните генерации.




