Седница одржана на 10 ноември, 2025
- Записник од 29-та седница на СнЕ на АСО одржана на 24 октомври, 2025 година,
- План на архивските знаци за распоредување на актите за 2026 година, на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Листа на документарен материјал со рокови на чување за 2026 година, на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Листа на архивска граѓа од трајна вредност за 2026 година, на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Барање за добивање согласност за измена на статут на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и донесување на решение,
- Барање за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во ОБД МАК ТРЕНД БРКЕР АД Скопје од страна на правното лице ТХОР ЛОГИСТИКА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и донесување на решение.
НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА КОНКУРСОТ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ ‒ 1 НОЕМВРИ, 2025 ГОДИНА
Во врска со наведениот конкурс, подолу го објавуваме списокот на наградени ученици, по одделни категории. И оваа година добивме голем број интересни литературни и ликовни трудови.
На Конкурсот за ученици од основното образование, од 1 до 5 одделение, во категорија ликовна творба- цртеж, на тема „Осигурувањето ме заштитува од ризици”, наградени се следниве ученици:
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИКОВНИ ТВОРБИ – ЦРТЕЖ СЕ НАГРАДЕНИ:
- Марија Попоска IV одделение ООУ “Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски“- Скопје
- Теодора Стојкова III одделение ООУ “Васил Главинов“- Велес
- Илина Ефремов V-а одделение ООУ “Лазо Трповски“- Скопје
На Конкурсот за ученици од основното образование, од 6 до 9 одделение, во категорија литературна творба-песна, на тема “Осигурувањето е моја инвестиција за сигурна иднина“
наградени се следниве ученици:
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ – ПЕСНА, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Милица Тодоровска, VII-5 одделение ООУ “Кочо Рацин“ – Куманово
- Лука Вељановски, VI-б одделение, ООУ “Кирил Пејчиновиќ “- Скопје,
- Лука Апостолов, IХ одделение, ООУ “Даме Груев“ – с.Ерџелија – Свети Николе
На Конкурсот за ученици од средно образование,, во категорија литературна творба-расказ/есеј, на тема “Животот е полн со изненадувања, осигурувањето е моја финансиска сигурност “, наградени се следниве ученици:
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ – ЕСЕЈ/РАСКАЗ, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Матеј Ѓерасимовски, I година, ПСУ САБА Центар, Скопје,
- Мила Божиноска, IV -2 година, СГГУГС “Здравко Цветковски“- Скопје,
- Теодора Тунеска, IV-6 година, СООУ „Ристе Ристески – Ричко„ -Прилеп,
Седница одржана на 24 октомври
- Записник од 28-та седница на СнЕ на АСО одржана на 22 октомври, 2025 година,
- Решение за давање согласност за вршење функција член на орган на управување на КРОАЦИА ЖИВОТ за лицето Бобан Томески,
- Извештај од стручната комисија за избор на најдобар ученички труд на тема осигурување по распишан Конкурс, 2025 година,
- Извештај на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2025 година.
Седница одржана на 22 октомври
- Записник од 27-та седница на СнЕ на АСО одржана на 13 октомври, 2025 година,
- Решение за измена на Одлуката за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување ЗОИЛ Македонија АД, Битола бр 08-851/1 од 10.10.2025 година,
- Решение за изменување на Решение за изрекување дополнителни мерки кон АД за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА бр. УП1-08-2-231 од 10.10.2025 година.
Седница одржана на 13 октомври, 2025
-
Записник од 26-та седница на СнЕ на АСО одржана на 10 октомври, 2025 година,
-
Решение за одземање на лиценца за осигурителен брокер на лицето Татјана Пешиќ Николовски,
-
Решение за формирање на Комисија за спроведување на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи во 2025 година,
-
Решение за формирање на Комисија за спроведување на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување во 2025година,
-
Решение за определување на овластени претставници кои ќе присуствуваат во просторијата за време на полагање на стручните испити за вршење осигурително брокерски работи во 2025 година,
-
Решение за определување на овластени претставници кои ќе присуствуваат во просторијата за време на полагање на стручните испити за вршење работи на застапување во осигурување во 2025 година,
-
Решение за формирање на Комисија за ревизија на одржаните стручни испити за вршење осигурително брокерски работи во 2025 година,
-
Решение за формирање на Комисија за ревизија на одржаните стручни испити за вршење работи на застапување во осигурување во 2025 година,
-
Решение за определување на одговорно лице за утврдување на исполнетост на условите за полагање на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи во 2025 година,
-
Решение за определување на одговорно лице за утврдување на исполнетост на условите за полагање на стручен испит за вршење застапување во осигурување во 2025 година,
-
Извештај за поднесени претставки до Агенцијаta за супервизија на осигурување од страна на осигурениците, од корисниците на осигурување и од трети оштетени лица, за втор квартал, 2025 година, и
-
Информација за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, заклучно со 30.09.2025 година.