Закон и подзаконски акти за СППФТ
ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
- Правилник за содржината и видот на податоците кои нотарите, банките, давателите на услуги на парични дознаки (брз трансфер на пари), осигурителните друштва кои вршат работи на осигурување на живот, правните лица чија дејност е купопродажба на возила, приредувачите на игри на среќа во играчница (казино) и другите приредувачи на игри на среќа ги доставуваат до управата за финансиско разузнавање и начинот на нивно електронско доставување
- Правилник за формата и содржината на извештајот за готовинска трансакција во износ од 15.000 ева во денарска противвредност или повеќе
- Правилник за формата и содржината на извештајот за сомневањата за перење пари и/ или финансирање на тероризам
- Упатство за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик на фондациите
- Упатство за вршење на проценка на ризик од перење пари и финансирање на тероризам за субјектите под надзор на Агенцијата за супервизија на осигурување
- Упатство за начинот на идентификување на вистинскиот сопственик
- Упатство за имплементација на мерките за спречување перење пари и финансирање на тероризам кон носителите на јавни функции
- Листа на индикатори за сомнителни трансакции
Седница одржана на 24 август
- Записник од 24-та седница на СнЕ на АСО одржана на 15 август, 2023 година;
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за супервизија на осигурување;
- Годишен план за вработување за 2024 година на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Во ек на летни одмори, само во јули, 80.000 граѓани вложија 685.000 евра во патничко осигурување
Во јули граѓани, компании и институции вложија 18,6 милиони евра во неживотно осигурување. Од доброволните осигурувања најголемо учество во продажбата имаат осигурувањето имот, пред каско осигурување моторни возила и доброволното (приватно) здравствено осигурување
Во ек на сезоната на летни одмори речиси 80.000 граѓани само во текот на јули купиле патничко осигурување. Во овој производ со кој се осигуруваат ризици при патување во странство граѓаните вложиле над 42 милиони денари (685.000 евра),покажуваат податоците кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 компании за неживотно осигурување.
Вложувањата во патничко осигурување во јули во споредба со истиот месец минатата година пораснале за над 6 милиони денари (107.000 евра). При тоа бројот на лица кои купиле патничко осигурување е зголемен за 9 отсто.
Во сите 18 класи на неживотно осигурување граѓани, фирми и институции вложиле 1,14 милијарди денари (18,6 мил.евра). Продажбата на осигурување во јули годинава во споредна со претходниот месец е намалена за 6 отсто, но во однос на ланскиот јули е зголемена за 16 отсто.
Од аспект на бројот на склучени договори за осигурување расте интересот за вложувања во неживотни осигурувања. Во јули бројот на склучени договори за осигурување надминал 238.000 и пораснал за 8 отсто во споредба со истиот месец лани.
Од доброволните осигурувања најголемо учество во продажбата има осигурувањето имот и изнесува 154,3 милиони денари (2,5 мил.евра). Следува каско осигурувањето моторни возила во кое се вложени 120,8 милиони денари (2 мил.евра). Во дополнително (приватно) здравствено осигурување за еден месец граѓаните вложиле 82 милиони денари (1,3 мил.евра).
Во вкупното вложување во неживотни осигурувања најголемо е учеството за задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (ЗАО). Во јули се купени полиси вредни 631,2 милиони денари (10,3 мил.евра). Од тоа вложувања во зелени карти се вложени 171,7 милиони денари (2,8 мил.евра).
Во продажбата на неживотно осигурување за јули „Кроација осигурување – неживот“ I „Македонија осигурување ВИГ“ учествуваle со po 8,6 отсто. „Еуролинк“ остварил 8,7 отсто, „Евроинс осигурување“ со 9,1 отсто, „Граве неживот“ со 5,6 отсто.
„Сава осигурување“ учествува со 11,1 отсто, „Триглав осигурување“ со 11,9 отсто, „Уника“ со 11,6 отсто, „Винер – ВИГ“ со 12,1 отсто, „Осигурителна полиса„ учествува со 7,1 отсто и „Халк осигурување“ со 5,6 отсто.
Повеќе информации на следниот линк https://aso.mk/category/publikaczii/izveshtai-za-rabotata-na-osiguritelnata-industri-a/drushtva-za-osiguruva-e/
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.