Седница одржана на 24 август
- Записник од 24-та седница на СнЕ на АСО одржана на 15 август, 2023 година;
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за супервизија на осигурување;
- Годишен план за вработување за 2024 година на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Во ек на летни одмори, само во јули, 80.000 граѓани вложија 685.000 евра во патничко осигурување
Во јули граѓани, компании и институции вложија 18,6 милиони евра во неживотно осигурување. Од доброволните осигурувања најголемо учество во продажбата имаат осигурувањето имот, пред каско осигурување моторни возила и доброволното (приватно) здравствено осигурување
Во ек на сезоната на летни одмори речиси 80.000 граѓани само во текот на јули купиле патничко осигурување. Во овој производ со кој се осигуруваат ризици при патување во странство граѓаните вложиле над 42 милиони денари (685.000 евра),покажуваат податоците кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 компании за неживотно осигурување.
Вложувањата во патничко осигурување во јули во споредба со истиот месец минатата година пораснале за над 6 милиони денари (107.000 евра). При тоа бројот на лица кои купиле патничко осигурување е зголемен за 9 отсто.
Во сите 18 класи на неживотно осигурување граѓани, фирми и институции вложиле 1,14 милијарди денари (18,6 мил.евра). Продажбата на осигурување во јули годинава во споредна со претходниот месец е намалена за 6 отсто, но во однос на ланскиот јули е зголемена за 16 отсто.
Од аспект на бројот на склучени договори за осигурување расте интересот за вложувања во неживотни осигурувања. Во јули бројот на склучени договори за осигурување надминал 238.000 и пораснал за 8 отсто во споредба со истиот месец лани.
Од доброволните осигурувања најголемо учество во продажбата има осигурувањето имот и изнесува 154,3 милиони денари (2,5 мил.евра). Следува каско осигурувањето моторни возила во кое се вложени 120,8 милиони денари (2 мил.евра). Во дополнително (приватно) здравствено осигурување за еден месец граѓаните вложиле 82 милиони денари (1,3 мил.евра).
Во вкупното вложување во неживотни осигурувања најголемо е учеството за задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (ЗАО). Во јули се купени полиси вредни 631,2 милиони денари (10,3 мил.евра). Од тоа вложувања во зелени карти се вложени 171,7 милиони денари (2,8 мил.евра).
Во продажбата на неживотно осигурување за јули „Кроација осигурување – неживот“ I „Македонија осигурување ВИГ“ учествуваle со po 8,6 отсто. „Еуролинк“ остварил 8,7 отсто, „Евроинс осигурување“ со 9,1 отсто, „Граве неживот“ со 5,6 отсто.
„Сава осигурување“ учествува со 11,1 отсто, „Триглав осигурување“ со 11,9 отсто, „Уника“ со 11,6 отсто, „Винер – ВИГ“ со 12,1 отсто, „Осигурителна полиса„ учествува со 7,1 отсто и „Халк осигурување“ со 5,6 отсто.
Повеќе информации на следниот линк https://aso.mk/category/publikaczii/izveshtai-za-rabotata-na-osiguritelnata-industri-a/drushtva-za-osiguruva-e/
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Осигуреници за еден месец наплатија 1 милион евра од приватно здравствено осигурување
Во јули годинава во структурата на исплатени штети за покривање доброволно осигурување доминираат исплатите за осигурани медицински трошоци. По нив следуваат штетите за каско осигурување моторни возила за кои осигурителните компаниии во јули исплатиле 985.500 евра
Осигурениците кои имаат дополнително (приватно) здравствено осигурување во јули наплатиле 61,9 милиони денари (над 1 милион евра) за медицински трошоци покриени со нивните полиси за здравствено осигурување.
Средствата ги исплатиле девет компании за неживотно осигурување и со нив покриле над 6.500 барања на осигуреници за исплата на медицински трошоци, покажуваат податоците кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 осигурителни компании.
Вкупно во јули сите компании на неживотно осигурување исплатиле 409 милиони денари (6,65 мил.евра)) за штети покриени со договори за осигурување. Износот на исплатени штети е зголемен за 26 отсто во споредба со истиот месец во 2022 година. Зголемување во однос на истиот период лани има и кај бројот на исплатени штети за 19,5 отсто. Во јули годинава се исплатени вкупно 10.848 оштетни побарувања за штети покриени со неживотно осигурување.
Во структурата на исплатени штети за сите 17 класи на доброволни неживотни осигурувања доминира приватното здравствено осигурување, а по него следува каско осигурувањето на моторни возила со реализација од 60,6 милиони денари (985.500 евра). За осигуран имот во јули компаниите исплатиле штети во вредност од 25,1 милиони денари (408.000 евра).
Во структурата на исплатени штети, очекувано, најголемо е учеството за задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (ЗАО). Осигурителите исплатиле 234,9 милиони денари (3,82 мил.евра) на 2.251 осигуреник. Од тоа за штети настанати на патиштата во земјава се исплатени 133,9 милиони денари (2,18 мил.евра). За штети предизвикани во сообраќајни незгоди или несреќи во странство, покриени со зелената карта, во јули биле исплатени 98,2 милиони денари (1,6 мил.евра).
Во вкупниот износ на исплатени штети за јули „Кроација осигурување – неживот“ учествува со 9 отсто, „Еуролинк“ со 10 отсто, „Евроинс осигурување“ со 3,2 отсто, „Граве неживот“ со 16,9 отсто, „Македонија осигурување ВИГ“ со 10,6 отсто, а „Сава осигурување“ со 12,2 отсто. Со 8,9 отсто во вкупната исплата учествува „Триглав осигурување„, со 8,4 отсто „Уника“, „Винер ВИГ“ учествува со 4,5 отсто, „Осигурителна полиса“ со 5,6 отсто и „Халк осигурување“ со 10,7 отсто.
Повеќе детали на следниот линк https://aso.mk/category/publikaczii/izveshtai-za-rabotata-na-osiguritelnata-industri-a/drushtva-za-osiguruva-e/
Седница одржана на 15 август
- Записник од 23-та седница на СнЕ на АСО одржана на 1 август, 2023 година;
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2023 година на Триглав осигурување живот АД Скопје и донесување решение;
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2023 година на КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за осигурување живот Скопје и донесување решение;
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2023 година на ВИНЕР ЛАЈФ АД Скопје и донесување на решение;
- Барање за добивање согласност за стекнување квалификувано учество во Осигурително брокерското друштво БД БРОКЕР АД Дебар од страна на лицето Пембе Колеци и донесување на решение;
- Барање за добивање согласност за стекнување квалификувано учество во Осигурително брокерското друштво ЦЕРТУС АД Скопје од страна на лицето Трајче Митровски и донесување на решение;и
- Барање за добивање дозвола за вршење осигурително броекрски работи на Осигурително брокерското друштво ПРЕМИУМ ИНШУРЕНС АД Скопје и донесување решение.