Осигуреници во август наплатија над 5 милиони евра од неживотни осигурувања
Половина од вкупниот број на исплатени штети се за пкривање медицински трошоци осигурани со приватно здравствено осигурување. Од штети покриени со каско осигурување сопственици на моторни возила наплатиле над 1 милиони евра. Над 500 наши сограѓани во август побарале и добиле обештетување од 100.000 евра за штети покриени со патничко осигурување за патување во странство
Сите осигурителни компании за неживотни осигурувања само во август годинава исплатија над 9.800 штети вредни 312,5 милиони денари (5,1 мил. евра). Споредбата на податоците покажува дека осигуреници кои имале штети покриени со осигурување наплатиле 22 отсто (57,3 милиони денари) повеќе во споредба со истиот месец 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 компании за неживотно осигурување.
Најголеми растови на исплатени штети во август годинава во споредба со истиот месец лани има кај каско осигурувањето на моторни возила и кај приватното здравствено осигурување. За осигурени штети покриени со каско осигурување сопствениците на моторни возила во август наплатиле 63,4 милиони денари (1,03 мил.евра). Тоа е за 58 отсто повисок износ на исплатени штети во однос на август 2022 година.
За медицински трошоци покриени со приватно здравствено осигурување во август осигуреници наплатиле 45,1 милиони денари (над 733.000 евра) и тоа е за 56 отсто повеќе од истиот месец лани. И во август продолжува трендот најголемо учество во вкупниот број на исплатени штети да имаат токму штетите кои се неменети за покривање на медицински трошоци. Половина од сите исплатени штети во овој месец се однесуваат на приватно здравствено осигурување.
Од штети врз осигуран имот во овој месец осигуреници наплатиле 21,2 милиони денари (345.000 евра). Актуелно во период на летни одмори е и патничкото осигурување кое покрива штети при летување во странство. По ова осигурување компаниите на осигуреници им исплатиле 6,3 милиони денари (над 100.000 евра), што е за 17 отсто повеќе од истиот месец лани.
Очекувано, најголем износ на исплатени штети има кај законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (ЗАО) кое е всушност и најголема осигурителна класа. Во август се исплатени 153,8 милиони денари (2,5 мил.евра) и тоа е за 17 отсто повеќе од лани.
Во исплатените штети „Уника“ учествува со 12 отсто, „Триглав осигурување“ со 12,7 отсто, „Винер ВИГ“ со 11 отсто, „Сава осигурување“ со 13,8 отсто, а „Осигурителна полиса“ со 5,9 отсто. Учеството на „АДОР Македонија ВИГ“ е 8,7 отсто, на „Евроинс осигурување“ е 4,4 отсто, „Еуролинк“ учествува со 10,4 отсто, „Кроација осигурување – неживот“ со 10,9 отсто, „Халк осигурување“ со 8,4 отсто и „Граве неживот“ со 1,8 отсто.
Седница одржана на 20 септември
- Записник од 26-та седница на СнЕ на АСО одржана на 12 септември, 2023 година;
- Барање за добивање дозвола за вршење осигурително брокерски работи на ОБД ГрЕКо Интернационал АД Скопје и донесување на решение,
- Барање за добивање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во ТРИГЛАВ осигурување АД Скопје за лицето Ѓорѓе Војновиќ и донесување на решение,
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2023 година на Кроација Неживот и донесување на решение,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Седница одржана на 12 септември
- Записник од 25-та седница на СнЕ на АСО одржана на 24 август, 2023 година;
- Одлука за ставање вон сила на Одлуката за одредување на дополнителен потписник на сметките со кои располага Агенцијата за супервизија на осигурување;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Ѓорги Кундурџиев;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Гордана Димова;
- Решение за одземеање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Кристина Митковска;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Билјана Јанкуловска;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување Триглав Осигурување Живот АД Скопје;
- Измена на годишниот план за теренска супервизија за 2023 година;
- Решение за изменување на Решението за определување на овластени претставници кои ќе присуствуваат во просторијата за време на полагање на стручните испити за вршење осигурително брокерски работи во 2023 година;
- Решение за изменување на Решението за определување на овластени претставници кои ќе присуствуваат во просторијата за време на полагање на стручните испити за вршење на работи на застапување во осигурување во 2023 година,
- Решение за изменување на Решението за формирање на Комисија за ревизија на одржаните стручни испити за вршење на работи на застапување во осигурувањето во 2023 година;
- Решение за изменување на Решението за определување на одговорно лице за утврдување на исполнетост на условите за полагање на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи во 2023 година;
- Извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за годишна вонтеренска проценка на ризик на субјектите на супервизија од аспект на спречување на перење пари и финансирање на тероризам за 2023 година;
- Информација за финансиската состојба, статистички и финансиски остварувања на друштвата за осигурување во периодот 1.1.-30.6.2023 година (2к2023);
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Осигурително брокерско друштво ВЕБЕР ГМА АД Скопје; и
- Извештај за поднесени претставки до Агенцијата за супервизија на осигурување од страна на осигурениците, од корисниците на осигурување и од трети оштетени лица (2к2023).
(ВО ЖИВО) Испит за застапници во осигурување (теоретски дел) 12.9.2023 година
(ВО ЖИВО) Испит за застапници во осигурување (теоретски дел) 12.9.2023 годинаhttps://www.youtube.com/live/jCKzA_oBH84?si=OFdgXyaJGew8DI9q
За само еден месец граѓани наплатија еден милион евра од осигурување живот
Во првите седум месеци годинава компаниите за осигурување живот исплатиле 494 милиони денари (8 мил.евра) на осигуреници или на лица кои биле носители на правата од полисите за осигурување живот
Петте компании за осигурување живот само за јули годинава исплатија 62,4 милиони денари (1 мил.евра) на свои осигуреници или на носители на правото за обештетување. Износот на исплатените средства за штети покриени со осигурување живот во јули е за 19 отсто повисок од истиот месец минатата година. Средствата се исплатени заради: смрт на осигуреник, доживување или за прекин на договор за осигурување со штедна или со инвестициска компонента, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување ги доставија осигурителните друштва.
Најголемо учество во исплатените средства во јули имаат договорите за осигурување живот со штедна компонента. Во јули осигуреници наплатиле 50,3 милиони денари (818.000 евра) од овој тип на осигурување. Овој осигурителен производ покрај осигурување живот нуди можност по истек на рокот на договорот осигуреникот да ги добие вложените средства зголемени за камата. Овој осигурителен производ овозможува дел од каматата на средствата кои осигурителната компанија, ги прибира од осигуреницитеги вложува во безризични инвестициски инструменти како што се депозити или обврзници, да се вратат како принос на осигурениците. Заради тоа и овој тип на осигурување живот се нарекува осигурување со учество во добивката.
Осигурителните компании во јули исплатиле 6,3 милиони денари (102.000 евра) на семејства или носители на правото за исплата на штета во смртни случаи на лица кои го осигурале својот живот. Овој тип на осигурување не вклучува учество во добивка што значи дека е осигуран само ризикот смрт и доколку не се случи во договорениот временски период за кој важи осигурувањето, вложените средства ги задржува осигурителната компанија со која е склучен договорот.
Кај најновиот тип на осигурување живот на нашиот пазар популарно познат под називот јунит-линкд осигурување компаниите во јули исплатиле 5,56 милиони денари (90.000 евра). Овој производ покрај осигурување живот нуди и вложување на дел од парите во хартии од вредност со кои се тргува на светските берзи. Токму заради тоа што осигуреникот избира во какви хартии од вредност ќе се вложат неговите средства кај овој тип на осигурување ризикот од вложувањето е на товар на осигуреникот.
Во сите типови на осигурување живот во јули граѓаните вложиле вкупно 64,5 милиони денари (1,05 мил.евра). Повеќе од половина од вкупниот износ на вложени средства се однесуваат на полиси со кои е осигуран само ризикот смрт и кои не носат право на учество во добивката. Во првите седум месеци годинава граѓаните во осигурување живот вложиле 1,21 милијарди денари 20 милиони евра).
АСО во рамки на своите надлежности се грижи да обезбеди проверка на усогласеноста на применетите деловни политики на вреднување на обврските, како и видовите на вложувања и вреднувањето на средствата на друштвата за осигурување. Друштвата за осигурување во континуитет се усогласени со овие законски барања.
Повеќе детални податоци за работата на компаниите за осигурување живот на следниот линк https://aso.mk/category/publikaczii/izveshtai-za-rabotata-na-osiguritelnata-industri-a/drushtva-za-osiguruva-e/
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.