АСО рамноправна членка на IAIS

Во периодот од 27-29 Октомври, 2010 година Меѓународната Асоцијација на осигурителни супервизори (ИАИС). ја оддржа 17-тата годишна Конференција. Домаќин на овој традиционален настан беше Регулаторното финасиско тело на Дубаи. На оваа Конференција се случи официјалното прогласување и прифаќање на членството на Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија како рамноправна членка на ИАИС и нејзино евидентирање во регистрите под уставното име на нашата земја.
Присуствуваа голем број на учесници од осигурителните регулаторни тела и осигурителни професионалци кои имаа можност да дискутираат и дебатираат за пазарните услови, трендовите и регулаторните промени во ова предизвикувачко финансиско опкружување.
На оваа Конференција се донесоа следните одлуки:
- Едногласно избирање на Претседавач на Комитетот на ИАИС г. Питер Браумулер, по втор пат;
- Усвојување на нов стратешки план за финасиските перспективи во периодот 2011-2015 и поставување на цели и приоритети за негова операционализација;
- Усвојување на двогодишен план и поставување на високи цели и приорители во овој период. Овој план вклучува понатамошно зајакнување на регулативата, идентификување на ризиците на глобално ниво, зајакнување на капацитетот на регулаторите, превземање на понатамошни истражувања и развој на системскиот ризик во секторот на осигурувањето и развивање на методологија на негово квантитативно и квалитативно мерење. Покрај тоа, ИАИС се обрза да обезбеди и широка лепеза на упатства и стандарди за тоа како да се идентификуваат домашните и глобалните системски ризици;
- Усвојување на 8 супервизорски принципи, кои претставуваат прв чекор во ревизијата на постојните супервизорски принципи и стандарди;
- Потпишување на два Мултилатерални меморандуми за соработка.
За Меѓународната Асоцијација на осигурителни супервизори (ИАИС)
Асоцијацијата е основана во 1994 година, со седиште во Базел и има мисија да ги претставува осигурителните регулатори и супервизори кои во моментов се 190 јурисдикции во околу 140 земји. Ова значи дека ИАИС има повеќе од 120 осигурителни професионалци, осигурители, реосигурители, трговски асоцијации и набљудувачи. ИАИС е издавач на меѓународните осигурителни стандарди, принципи и упатства, обезбедува тренинг обуки и поддршка во врска со прашања од областа на осигурувањето и супервизијата, организира состаноци и семинари за осигурителните супервизори.
ИАИС има воспоставено блиски односи на соработка со други меѓународни институции со цел промовирање на финасиската стабилност.




Обуката беше отворена од страна на Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата кој им посака добредојде на присутните и успех на обуката. Исто така, обраќање имаше и г. Жан Пјер Даниел кој во моментов е со консултантски ангажман во Агенцијата и има долгогодишно искуство во областа на посредувањето во осигурувањето.
Посетата од страна на Амбасадорот е со цел поблиско запознавање со активностите што Агенцијата ги презема во рамки на техничката помош обезбедена од европските фондови согласно ИПА Програмата.Тековно Агенцијата е корисник на овие фондови и како резултат на тоа ќе реализира бројни активности кои ќе резултираат со носење на акти, правилници и упатства од областа на осигурувањето и супервизијата.
Овој Меморандум отвара простор за понатамошна успешна соработка, размена на информации и искуства, организирање на заеднички контроли и зајакнување на капацитетите.