Седница одржана на 30 април
- Записникот од 9-та седница на СнЕ на АСО во 2024 година, одржана на ден 22 април 2024 во 12:00 часот;
- Барање за добивање на согласност Друштвото за ревизија МУР СТИВЕНС ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Националната групација за осигурување АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА Скопје за 2024 година и донесување на решение.
Информација за јавност во врска со неоправданото зголемување на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ја охрабрува Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.
АСО како регулатор на пазарот на осигурување уште еднаш јавно информира дека е целосно неоправдан и без основа потегот со кој осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност.
Клучните аргументи против зголемување на цената се наведени во анализата што е доставена до надлежната комисија при Министерството за финансии.
Зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците. Напротив, ова зголемување на цените е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување.
Анализата е достапна на следниот линк https://aso.mk/analiza-za-neopravdanosta-od-zgolemuvanjeto-na-czenite-na-polisi-za-zadolzhitelno-osiguruvanje-od-avtomobilska-odgovornost-2/
Информација за јавност во врска со зголемената цена на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност
Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.
По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.
Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.
Министерството за финансии во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. При тоа заклучи во понеделник на нова седница да разгледа Извештај од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.
Истовремено, Министерството за финансии врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, која е регулатор на осигурителниот сектор, денеска се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување, а согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата.
Циркулар за усогласување согласно член 9 од Правилникот за стандарди на информациските системи
Циркулар за усогласување согласно член 9 од Правилникот за стандарди на информациските системи
Седница одржана на 22 април
- Записник од 8-та седница на СнЕ на АСО одржана на 4 април, 2024 година;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштво за неживотно осигурување-Кроација осигурување АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување Триглав Осигурување АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Сава осигурување а.д. Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон НГО- АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА СКОПЈЕ,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Уника живот,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Уника неживот,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Граве живот,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Граве неживот,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Винер живот,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Еуролинк,
- Стратегија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на Агенцијата за супервизија на осигурување за периодот 2024-2027,
- Измена на Гпдишен план за теренска супервизија на Агенцијата за супервизија на осигурување, за 2024 година,
- Барање за добивање дозвола за статусни измени-присоединување на Друштвото за осигурување ВИНЕР АД Скопје кон АДОР МАКЕДОНИЈА ОСИГУРУВАЊЕ Скопје и донесување на решение, за издавање дозвола за статусна измена – присоединување на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР-Виена Иншуренс Груп Скопје кон Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје-Виена Иншуренс Груп,
- Правилник за начинот и постапката на спроведување на избор и оценка на соодветноста на член на надзорен орган на друштво за осигурување и известување до Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот, постапката и документацијата потребна за добивање согласности;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурувaње на лицето Гордан Нацев,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурувaње на лицето Емил Паришко,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурувaње на лицето Николче Марковски,
- Решение за давање согласност за стекнување квалификувано учество во ДЗО ЛАЈОН ИНС АД Скопје на лицето Борис Георгиевски,
- Информација за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година, заклучно со 31.03.2024 година.
- Барање поднесено од Синдикалната организација на АСО во врска со учество на 24-тите спортски игри на Сидикатот, и
- Информација за примени одговори од друштвата за осигурување во врска со барањето на Агенцијата за деловните политики и планови за воведување и примена на МСФИ 17 – Договори за осигурување и предлог заклучоци за следни активности на Агенцијата
Седница одржана на 4 април, 2024
- Записник од 7-та седница на СнЕ на АСО одржана на 26 март, 2024 година;
- Решение по барањето за давање согласност за друштво за ревизија на Акционерското Друштво за осигурување ГРАВЕ НЕЖИВОТ Скопје за 2024 година;
- Решение по барањето за давање согласност за друштво за ревизија на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје за 2024 година;
- Решение по барањето за давање согласност за друштво за ревизија на Акционерското друштво за осигурување Акционерското Друштво за осигурување ГРАВЕ Скопје за 2024 година;
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштвото за животно осигурување ПРВА ЖИВОТ АД Скопје.
Конкурс за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонијаза 2024 година
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри,Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2024 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
- апстракт;
- осврт на консултираната современа странска и домашна, научна и експертска литература од областа која се истражува;
- опис на научно истражувачката методологија која се користи во трудот;
- анализа;
- заклучни согледувања и
- библиографија.
Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2024 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.
Вработените и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување немаат право на учество на конкурсот.
Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или англиски јазик.
Еден автор има право да поднесе само еден самостоен труд. Трудовите изработени во коавторство не се прифатливи.
На конкурсот авторите имаат право да конкурираат и со веќе објавени трудови во текот на 2024 година. При поднесувањето на трудот, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.
Конкурсот ќе се смета за успешен доколку се пријават најмалку 3 (три) истражувачки труда кои ги исполнуваат наведените услови.
Трудовите се поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување по електронски пат, на адреса: konkurs@aso.mk, со назнака: „За годишна награда на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024година“.
Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.
Изборот на најдобар труд го врши Комисија која се состои од пет члена, од кои најмалку тројца се надворешни членови. Членовите на Комисијата ги назначува Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување со одлука која ќе се објави на интернет-страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Краен рок за доставување на трудовите е 30.9.2024 година.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување ќе се додели на 1.11.2024 година, по повод денот на основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.