Интерен оглас
Врз основа на член 10 од Колективниот договор на Агенцијата за супервизија на осигурување – Пречистен текст бр.01-700/3 од 27.12.2021 година, Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас, бр.02-707/12 од 27.12.2017 година, како и Правилникот за систематизација на работни места во Агенција за супервизија на осигурување бр.02-707/11 од 27.12.2018 година, бр.02-538/6 од 02.07.2019 година, бр.02-691/3 од 08.10.2019 година, бр.01-638/1 од 14.10.2020 година, бр.01-271/1 од 02.03.2021 година, бр.01-272/3 од 11.03.2021 година, бр.01-473/5 од 29.06.2021 година, бр.01-682/10 од 06.12.2021 година, бр.01-451/2 од 07.07.2022 година, бр.01-675/1 од 23.09.2022 година и 01-236/1 од 06.02.2023 година, Агенцијата за супервизија на осигурување објавува:
за пополнување на работни места со унапредување во Агенцијата за супервизија на осигурување
Повик за пријавување за учество на обука и испит за овластен актуар
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека во периодот од март 2023 година до јуни 2025 година ќе организира и спроведе обука и полагање на стручен испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар (во понатамошниот текст: стручен испит за актуар).
Сите заинтересирани лица може да се пријават за учество на обуката и полагање на стручниот испит за актуар со поднесување на Пријава за учество на обука и полагање на стручен испит за актуар до Агенцијата за супервизија на осигурување, на Образец Пријава кој е даден во прилог од ова Соопштение.
Пријавата за учество на обуката и полагање на стручниот испит за актуар може да се достави до Агенцијата за супервизија на осигурување, лично или по пошта, во Архивата на Агенцијата на адреса: ул.Македонија бб – Палата Лазар Поп Трајков, V кат, Скопје или електронски на следната електронска адреса contact@aso.mk.[1]
Кон Пријавата за учество на обука и полагање на стручен испит за актуар, лицата се должни да ги достават следните документи:
- Копија од лична карта, односно копија од пасош (за странски државјани) – на увид[2];
- Диплома или Уверение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен или 240 кредити според европскиот кредит-трансфер систем) издадена/о од образовна институција акредитирана во Република Северна Македонија[3] (во оригинал или заверена/о на нотар); и
- Доказ за уплатен надоместок за учество на обука и полагање на стручен испит потребен за добивање дозвола за работа како овластен актуар во износ од 120.000 денари на сметка на Агенцијата за супервизија на осигурување во Стопанска Банка АД Скопје или во НЛБ Банка АД Скопје.
Доказот за уплатен надоместок за учество на обука и полагање на стручен испит од точка 3 погоре, треба да ги содржи следните податоци:
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: | Обука и испит за актуар за лицето (име и презиме на лицето) |
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: | Агенција за супервизија на осигурување |
ИЗНОС: | 120.000,00 денари |
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: | Стопанска банка АД Скопје |
СМЕТКА: | 200002007041251 |
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: | НЛБ Банка АД Скопје |
СМЕТКА: | 210065288480132 |
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: | Халк Банка АД Скопје |
СМЕТКА: | 270065288480139 |
КРАЈНИОТ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ (СО КОMПЛЕТ ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА) Е 10.3.2023 ГОДИНА ВО 14 ЧАСОТ.
[1] Доколку пријавата се поднесува електронски, истата потпишана од лицето, заедно со сите приложени документи (заедно со соодветни нотарски заверки), се доставува скенирана во боја (во пдф документ).
[2] Доколку личното име и презиме на Дипломата/Уверението не е идентично со она наведено во личната карта односно Пријавата, потребно е кон Пријавата лицето да приложи и извод од матична книга на венчани односно решение за промена на личното име односно презиме
[3] Доколку лицето школувањето го завршило во странство, се доставува Диплома/Уверение за завршено високо образование издадена/о од образовна институција акредитирана во странство заедно со документ за признавање на странската универзитетска квалификација издадена од страна на надлежна институција во Република Северна Македонија.
Прашања за испит – застапници за осигурување и осигурителни брокери
ЗАСТАПНИЦИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
- Прашања за застапници за осигурување – теоретски дел
- Прашања за застапници за осигурување – практичен дел
ОСИГУРИТЕЛНИ БРОКЕРИ
АСО реши 48% повеќе претставки во корист на осигуреници, најчесто се жалат на штети покриени со Европски извештај
Вкупниот број на поднесени претставки од незадоволни осигуреници лани достигна 267 е зголемен за 30 отсто во споредба со 2021 година. Овој податок е јасен индикатор дека граѓаните се почесто ја препознаваат Агенцијата за супервизија на осигурување како заштитник на нивните права од осигурувањето, што е приоритет и трајна заложба на менаџментот на ова регулаторни тело. Најголемиот број претставки поднесени против една осигурителна компанија изнесува 43. Од нив АСО во корист на осигуреници решил 22 претставки. Заради тежината на еден сторен прекршок утврден преку поднесена претставка од осигуреник, менаџментот на АСО изрече парична казна за една осигурителна компанија
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) реши 62 претставки во корист на осигуреници кои минатата година се пожалиле на квалитетот на услугите што ги добиваат од осигурителните компании. Бројот на претставки решени во корист на осигурениците лани е за 48 отсто повисок од истиот во претходната 2021 година.
Најголем број од сите позитивно решените претставки, вкупно 21, се од областа на заштита на правата на осигурување покриени со Европски извештај.
Заради масовноста на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност токму за ова осигурување лани се поднесени 94 поплаки од незадоволни осигуреници. Од нив 60 поплаки се за штети кои биле покриени со Европски извештај. На штети покриени со полициски записник од настаната сообраќајна незгода се пожалиле 24 осигуреници и тоа е речиси на половина од бројот на поплаки за полициски записник добиени во 2021 година. Од поднесените 24 претставки АСО решил 10 во корист на осигурениците.
Најголем раст на бројот на претставки лани има за штети покриени со осигурување имот. Поднесени се вкупно 57 поплаки што е за 1,7 пати повеќе во однос на 2021 година. Во значајна мерка растот на претставки се должи на штети кои ги предизвика земјотресот во Битола на почетокот на 2022 година.
Кај најбрзорастечката класа – дополнителното односно приватно здравствено осигурување, кое го имаат повеќе од 100.000 граѓани, лани биле поднесени само 21 претставка. Од нив во корист на осигуреници АСО решил 5 претставки.
Според причините заради која се поднесуваат, најбројни се претставките во кои осигуреници се жалат на основата по која осигурителните компании ги утврдувале надоместоците за штета. Лани се поднесени 111 вакви претставки што е за 40 отсто повеќе од претходната споредбена година. Од нив, во корист на осигурениците, АСО решил 31 претставка.
Најголем раст на поплаките според причината за поднесување има кај претставките за начинот на кој компаниите ги обработуваат штетите. За овој период се поднесени 43 такви претставки што е за 1,7 пати повеќе од 2021 година. Од тие 43 поднесени претставки АСО решил 15 во корист на осигуреници.
За две од 16 осигурителни компании лани не била поднесена ниту една претставка. И двете работат осигурување живот. Најголемиот број претставки поднесени против една осигурителна компанија изнесува 43. Од нив АСО во корист на осигуреници решил 22 претставки.
Од вкупно 267 поднесени претставки лани решени се 204. Во процес на решавање се 12, подносителите самоволно повлекле 23 претставки. АСО констатирал дека без основ за постапување се 28 поднесоци.
Од сите поднесени претставки граѓани поднеле 223 поплаки, а правни лица поднеле 44 претставки.
Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка. Претставката се поднесува на е-маил pretstavki@aso.mk
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Интерен оглас бр.1/2023
Врз основа на член 10 од Колективниот договор на Агенцијата за супервизија на осигурување – Пречистен текст бр.01-700/3 од 27.12.2021 година, Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас, бр.02-707/12 од 27.12.2017 година, како и Правилникот за систематизација на работни места во Агенција за супервизија на осигурување бр.02-707/11 од 27.12.2018 година, бр.02-538/6 од 02.07.2019 година, бр.02-691/3 од 08.10.2019 година, бр.01-638/1 од 14.10.2020 година, бр.01-271/1 од 02.03.2021 година, бр.01-272/3 од 11.03.2021 година, бр.01-473/5 од 29.06.2021 година, бр.01-682/10 од 06.12.2021 година, бр.01-451/2 од 07.07.2022 година, бр.01-675/1 од 23.09.2022 година и 01-236/1 од 06.02.2023 година, Агенцијата за супервизија на осигурување објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/2023
за пополнување на работни места со унапредување во Агенцијата за супервизија на осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување објавува Оглас за јавна набавака – Образовни услуги за обука на актуари за предмети од Група 2
„Агенцијата за супервизија на осигурување објавува Оглас за јавна набавака – Образовни услуги за обука на актуари за предмети од Група 2.Тендерската документација може да ја погледнете ТУКА “
Агенцијата за супервизија на осигурување објавува Оглас за јавна набавака – Образовни услуги за обука на актуари за предмети од Група 1
„Агенцијата за супервизија на осигурување објавува Оглас за јавна набавака – Образовни услуги за обука на актуари за предмети од Група 1.Тендерската документација може да ја погледнете ТУКА “
Осигурителните компании доделија стипендии и можност за вработување за 12 студенти со висок просек на Економски факултет – Скопје
Иницијативата на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ја поддржаа 10 осигурителни компании кои ќе издвојат по 1.000 евра стипендија за секој од студентите и што е поважно ќе укажат простор за практична работа која може да прерасне и во вработување
Дванаесет студенти на Економскиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје добија стипендии од 10 осигурителни компании. Иницијативата за отпочнување на соработка за доделување стипендии на студенти со висок просек, посетување на пракса и можност за вработување во осигурителните компании произлезе од меморандумот за соработка склучен на денот на осигурувањето чиј иницијатор беше Агенцијата за супервизија на осигурување.
По тој повод денеска директори и членови на управните одбори на десет осигурителни компании ги доделија договорите за стипендии на овие студенти запишани во четврта година на Економскиот факултет при УКИМ. По двајца студенти со просечна оценка еднаква или повисока од 9 ќе стипендираат „Кроација осигурување – неживот“ и „Кроација осигурување“. По еден студент, со просек еднаков или повисок од 9, ќе стипендираат друштвата: „Еуролинк“, „Триглав осигурување“, „Сава осигурување“, „Граве“, „Триглав осигурување живот“, „Еуроинс осигурување“, Граве неживот“ и „Халк осигурување“.
На свеченоста организирана по тој повод на Економскиот факултет денеска пред присутните се обратија проф.д-р Предраг Трпески, декан на Економскиот факултет, проф.д-р Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО, а во име на осигурителните дрштва се обрати Ѓорѓе Војновиќ, претседател на еснафското здружение на осигурители при Стопанската комора и директор на „Триглав осигурување“. Пред присутните се обрати и Александар Николовски, претседател на факултетското студентско собрание.
Во својот поздравен говор деканот Трпески се заблагодари на АСО како иницијатор и на компаниите кои стипендираат нивни студенти и истакна:
– Ова е успешен почеток на една плодна соработка која ќе значи приближување на осигурителната индустрија и високообразовниот процес. Стипендиите значат многу за студентскиот стандард, но уште поголемо е значењето на шансата што студентите ја добиваат во отворената соработка со осигурителната индустрија.
Студентите од осигурителните компании ќе добијат стипендија од 1.000 евра во денарска противвредност, можност за практична обука во компанијата, а опција е и вработување.
Претседателот на АСО, Шајноски во своето обраќање на студентите им порача:
– Овде не сте само за стипендијата. Тоа е моментално материјално добро. Пред вас ќе се отворат вратите на финансиски здрави и конкурентни осигурителни компании во кои ќе можете практично да научите што е осигурување, како функционира, како се процесираат штетите, како се креираат нови осигурителни производи. Можете многу да научите од овие успешни менаџери и менаџерки и од тимовите со кои тие раководат. Да почувствувате како се заработува денарот на отворен пазар, како да да се натпреварувате во конкурентни услови за да станете подобри и поуспешни.
На првата генерација стипендисти на осигурителните компании Војновиќ им кажа:
-Мотивирање и поддршка на младите во сите сфери на образовниот систем, а особено во високото образование, е исклучително важно за понатамошниот развој на динамично општество. Едукацијата треба да придонесе кон креирање лидери, кои ќе умеат да се справат со предизвиците, со леснотија ќе се приспособуваат на брзите промени и ќе креираат услови за позитивен развој. Затоа, ние во осигурителната индустрија, продолжуваме да вложуваме напори да ги поддржуваме и да инвестираме во младите лидери, со цел, да ја подигнеме јавната свест и да ја подобриме перцепцијата за придобивките од осигурувањето.
Пред присутните се обрати и студентот Николовски кој во име на студентите се заблагодари на укажаната шанса и додаде:
– Стипендирањето на студентите претставува дополнителен мотив за унапредување на знаењата, чуство на препознатливост и момент кој може полесно да го одреди кариерниот пат на студентот. Оваа соработка е пример за стимулирање на успехот во образовниот процес и подобрување на кариерните можности во финансискиот сектор.