АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
Меморандумот за соработка со Сојузот на математичари на Македонија ја заокружи досегашната успешна соработка во која АСО преку обука даде поддршка на младите средношколции, одлични математичари, кои освоија бронзен медал на Меѓународната економска олимпијада што се одржа во соседна Грција
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ќе дава континуирана поддршка со обуки за финансиска едукација на младите математичари – средношколци. Воедно АСО, во рамки на своите надлежности и можности, активно ќе ги поддржува средношколците математичари на национални и меѓународни натпревари и олипијади.
За реализација на тој процес АСО и Сојузот на математичари на Македонија (СММ) склучија Меморандум за соработка кој го потпишаа Крсте Шајноски, претседател на Советна експерти на АСО и Ѓорги Маркоски, претседател на СММ. Сојузот на математичари е стручно здружение кое ги организира подготовките на нашите претставници за секоја економска олимпија за средношколци – математичари.
АСО во ко-организација со СММ ќе организира обуки за зајакнување финансиската едукација на средношколците. Меморандумот опфаќа бројни заеднички активности за поддршка на младите математичари со особена акцент на нивната финансиска едукација и подоброто корисење на финансиските производи и услуги.
Со овој меморандум се продлабочува и зајакнува соработката меѓу АСО и СММ која започна во првата половина на годинава. Тогаш стручни лица од АСО оддржаа обука за нашите средношколци математичари и економисти имаа голем успех на кои на балканската олимпијада во соседна Грција.
Имено во јуни годинава на Меѓународната економска олимпијада за прв пат нашите претставници се закитија со бронзен медал кој покрај индивидуалните резултати покрива и тимски настап во изработка на бизнис студија.
Преку овој проект АСО ја зајакнува и својата соработка со Природно-математичкиот факултет при УКИМ, кој е матична организација на математичарите од СММ.
Осигуреници во август наплатија над 5 милиони евра од неживотни осигурувања
Половина од вкупниот број на исплатени штети се за пкривање медицински трошоци осигурани со приватно здравствено осигурување. Од штети покриени со каско осигурување сопственици на моторни возила наплатиле над 1 милиони евра. Над 500 наши сограѓани во август побарале и добиле обештетување од 100.000 евра за штети покриени со патничко осигурување за патување во странство
Сите осигурителни компании за неживотни осигурувања само во август годинава исплатија над 9.800 штети вредни 312,5 милиони денари (5,1 мил. евра). Споредбата на податоците покажува дека осигуреници кои имале штети покриени со осигурување наплатиле 22 отсто (57,3 милиони денари) повеќе во споредба со истиот месец 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 компании за неживотно осигурување.
Најголеми растови на исплатени штети во август годинава во споредба со истиот месец лани има кај каско осигурувањето на моторни возила и кај приватното здравствено осигурување. За осигурени штети покриени со каско осигурување сопствениците на моторни возила во август наплатиле 63,4 милиони денари (1,03 мил.евра). Тоа е за 58 отсто повисок износ на исплатени штети во однос на август 2022 година.
За медицински трошоци покриени со приватно здравствено осигурување во август осигуреници наплатиле 45,1 милиони денари (над 733.000 евра) и тоа е за 56 отсто повеќе од истиот месец лани. И во август продолжува трендот најголемо учество во вкупниот број на исплатени штети да имаат токму штетите кои се неменети за покривање на медицински трошоци. Половина од сите исплатени штети во овој месец се однесуваат на приватно здравствено осигурување.
Од штети врз осигуран имот во овој месец осигуреници наплатиле 21,2 милиони денари (345.000 евра). Актуелно во период на летни одмори е и патничкото осигурување кое покрива штети при летување во странство. По ова осигурување компаниите на осигуреници им исплатиле 6,3 милиони денари (над 100.000 евра), што е за 17 отсто повеќе од истиот месец лани.
Очекувано, најголем износ на исплатени штети има кај законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (ЗАО) кое е всушност и најголема осигурителна класа. Во август се исплатени 153,8 милиони денари (2,5 мил.евра) и тоа е за 17 отсто повеќе од лани.
Во исплатените штети „Уника“ учествува со 12 отсто, „Триглав осигурување“ со 12,7 отсто, „Винер ВИГ“ со 11 отсто, „Сава осигурување“ со 13,8 отсто, а „Осигурителна полиса“ со 5,9 отсто. Учеството на „АДОР Македонија ВИГ“ е 8,7 отсто, на „Евроинс осигурување“ е 4,4 отсто, „Еуролинк“ учествува со 10,4 отсто, „Кроација осигурување – неживот“ со 10,9 отсто, „Халк осигурување“ со 8,4 отсто и „Граве неживот“ со 1,8 отсто.