Регулаторните барања за водење на сметководство и финансиско известување на друштвата за осигурување суштински се менуваат со објавата на Меѓународниот стандард за финансиско известување (МСФИ) 17 Договори за осигурување. Агенцијата за супервизија на осигурување со помош на Центарот за реформи во финансиското известување и известување за одржливост при Светската банка обезбеди еднонеделна обука за вработените во друштвата за осигурување и во супервизијата со цел подобро разбирање на барањата на стандардот и поефикасна транзиција на институциите. Обуката ја спроведува Г.Дарел Скот кој непосредно го има водено процесот на усвојувањето на стандардот, како поранешен член на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди.


Известување за уплата на средства за обуки за застапници во осигурување и осигурителни брокери
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) апелира до сите потенцијални кандидати на идни обуките за застапници во осигурување и за осигурителни брокери да не вршат уплати на средства за обуки додека не бидат објавени термините за претстојни обуки.
Воедно апелираме до сите заинтересирани лица кои сакаат да се пријават и да посетуваат идни обуки да ја следат веб страницата на АСО каде навремено ќе бидат објавени сите релевантни и официјални информации за претстојни циклуси за едукација и полагање за застапници и брокери во осигурување.
За сите дополнителни информации Ви стоиме на располагање на мејл адресите contact@aso.mk и nikola.stojanov@aso.mk
Со почит,
АСО