Користење на осигурителен брокер во постапка на јавни набавки
Постапувајќи по своите законски надлежности утврдени во член 45 став 1 алинеи 2 и 10 од Законот за јавните набавки, Бирото за јавни набавки утврди одредени слабости во повеќе постапки за јавна набавка на услуги за осигурување, каде се користат и услуги на осигурителен брокер без претходно да се спроведе постапка за јавна набавка на истите.
Поради тоа, известуваме дека во членот 23 од законот се утврдени општите исклучоци, односно случаи кога не се применуваат неговите одредби. Предметната набавка (услуги од осигурителен брокер) не е утврдена како исклучок од примена на законот. Имајќи го предвид тоа, за набавката на услуги од осигурителен брокер (доколку договорниот орган оцени дека овие услуги се потребни) треба да се спроведе посебна постапка за јавна набавка, а по изборот на осигурителен брокер, истиот може да се вклучи во тендерската документација за постапката за јавна набавка на осигурителни услуги. Бирото за јавни набавки ги дополни и често поставуваните прашања со две прашања поврзани со набавката на услуги од осигурителни брокери. Истите може да ги видите на следниов линк: https://www.bjn.gov.mk/odgovori-na-prasha-a/
Користење на осигурителен брокер во постапка на јавни набавки