Известување
Ве известуваме дека Агенцијата за супервизија на осигурување на 23.01.2017 година се пресели во нови деловни простории, кои се наоѓаат на следната адреса:
Ул, Македонија б.б. – “Палата Лазар Поп-Трајков“ – 5-ти кат, 1000 – Скопје
Ве известуваме дека Агенцијата за супервизија на осигурување на 23.01.2017 година се пресели во нови деловни простории, кои се наоѓаат на следната адреса:
Ул, Македонија б.б. – “Палата Лазар Поп-Трајков“ – 5-ти кат, 1000 – Скопје
Агенцијата за супервизија на осигурување,Министерството за финансии и Народната банка на Република Македонија доделија награди за најуспешните ликовни и литературни творби пријавени на конкурсот по повод Денот на штедењето – 31 Октомври. Наградите ги доделија министерот за финансии, Кирил Миноски, гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Климе Попоски.
Конкурсот беше наменет за деца и млади од основните и средните училишта во Република Македонија, на тема „И јас умеам да штедам“ и „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“. На конкурсот пристигнаа 402 творби, а најдобрите 15 добија дипломи и парични награди. На 44 ученици и седум училишта им се доделија пофалници.
Конкурсот се распишува по третпат и е дел од активностите што ги преземаат Министерството за финансии, Народната банка и Агенцијата за супервизија на осигурување за подигање на финансиската свест и писменост на населението, и особено на младите.
Министерот Миноски истакна дека младите генерации учат за вистинските вредности во животот, дека во животот може да се успее само со труд, со посветена работа и штедливост.
„Во Министерството за финансии, благодарение на овие вредности, се грижиме за финансиските средства на сите граѓани на РМ. Тие средства ги распределуваме на соодветен начин за да можеме да инвестираме во образованието, здравствените установи, културата, спротот и сите сфери неопходни за функционриање на една држава“, рече Миноски.
Гувернерот Богов, пак, истакна дека интензивно се работи во оваа сфера за да се подигне знаењето не само на најмалите, туку и на целото население, бидејќи од знаењето што го имаат корисниците на финансиските услуги многу зависи какво ќе биде и работењето и на корисниците и на давателите на финансиски услуги.
Претседателот на Советот на експерти, Климе Попоски рече дека истражувањето на ОЕЦД поикажало дека од 2,2 милијарди млади во светот, само 10 проценти од нив имаат пристап до финансиската едукација, што покажува дека има потреба да се работи на оваа тема.
Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, на седницата одржана на 31.10.2016 година, го усвои Извештајот на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија за 2016 година со што го прогласи трудот на Ивица Медарски – “Управување со правни ризици во друштвата за осигурување” за победник на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2016 година.
Трудот на Ивица Медарски обработува актуелна и недоволно анализирана проблематика поврзана со работата на друштвата за осигурување, а се однесува на управувањето со правните ризици.
Авторот ги анализира националните прописи, прописите делегирани од страна на институциите на Европска Унија како и препораките на европското надзорно тело за пензиски фондови и друштвата за осигурување (EIOPA). Состојбата на пазарот на осигурување во Македонија, авторот ја утврдува преку добиените одговори на наменски изготвен прашалник на кој има добиено одговор од 8 друштва за неживотно осигурување од кои 7 припаѓаат на друштва за осигурување со седиште во Европска Унија.
Во трудот авторот доаѓа до заклучок дека друштвата кои учествуваа во истражувањето немаат воспоставено официјален систем за управување со ризици, при што ризиците со кои се соочуваат ги управуваат искуствено, и во согласност со задолженијата од прописите во дејноста. Авторот упатува на воведување интегриран систем на правни ризици со предлог за чекорите и редоследот кој треба да биде почитуван во поставувањето на овој систем.
Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата член на Управниот одбор на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп, Скопје, на лицето Димитрија Димов