Австриската Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG доби согласност за стекнување на квалификувано учество во Акционерско друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје
Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на последната седница оддржана на 27 февруари, постапувајќи по барањето на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац, Република Австрија за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во Акционерско друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје, донесе Решение за издавање согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за осигурување.
Според оваа Решение, кое влегува во сила во денот на донесување, на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG со седиште на ул. Herrengаsse бр.18-20, 8010 Грац, Република Австрија и се дава согласност да стекне акции, кои претставуваат вкупен кумулативен износ кој надминува 75% од вкупно издадените акции со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје.
Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG треба да ја изврши трансакцијата за стекнување на акциите во рок од 60 дена од денот на добивање на ова решение и за тоа да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од 5 (пет) работни дена од денот на стекнувањето на акциите.
Седница одржана на 27.02.2020
- Годишната сметка на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2019 година,
- Политика за квалитет на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Правилник за формата и содржината на прекршочниот платен налог,
- Одлука за измена на Одлуката за износот на максималната каматна стапка при спресметка на математичката резерва,
- Решение за издавање согласност за стекнување квалификувано учество од страна на Друштвото за трговија и услуги КОРАБ АУТО КОНТРОЛ Скопје во Осигурително брокерското друштво КОРАБ ИНС АД Скопје,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје за лицето Славчо Таушанов,
- Решение за издавање согласност за стекнување квалификувано учество од страна на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац, Република Австрија да стекне акции, кои претставуваат вкупен кумулативен износ кој надминува 75% од вкупно издадените акции со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје,
- Решение за престанок на дозволата за вршење осигурително брокерски работи на ОБД САФЕ ИНВЕСТ МАКЕДОНИЈА АД Скопје,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на Шериф Јусуфи,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на Снежана Цветановска,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на Кате Аксентиева,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на Ирена Павлевска Стојанова,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на Златко Стојановски,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на Мердије Имери.
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник).
Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 26-28.3.2020 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр.68 во Скопје.
Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и местото, точните термини и деталниот распоред за одржување на испитот ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување (aso.mk) пред отпочнување на обуката односно испитот.
Сите заинтересирани лица, најдоцна до 6.3.2020 година, може да се пријават за учество на обуката и полагање на стручниот испит за застапник со поднесување на следните документи (со назнака: Пријава за обука/Барање за полагање на испит за застапник) до Агенцијата за супервизија на осигурување (адреса:ул. Македонија бб – Палата Лазар Поп Трајков, V кат, Скопје):
- Пополнет образец – Пријава за учество на обука за застапник/Барање за полагање на стручен испит за застапник (достапен на интернет-страницата на Агенцијата или во архивата на Агенцијата);
- Копија од лична карта;
- Уверение односно Диплома за завршено средно образование или повисок степен на образование, во оригинал или заверено од овластено лице – нотар; и
- Доказ за уплатен надоместок за учество на обука и за полагање на стручниот испит за застапник во осигурување.
Доколку личното име и презиме на некој од документите наведени погоре не е идентично со оние наведени во Пријавата/Барањето, потребно е кон барањето лицето да приложи и извод од матична книга на венчани односно решение за промена на личното име односно презиме.
Надоместокот за учество на обуката и за полагање на стручниот испит за застапник е утврден во Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата (“Службен весник на Република Македонија” бр.147/2009, 149/2009, 154/2009, 20/2012, 130/2013, 1/2015, 22/2016, 16/2017 и “Службен весник на Република Северна Македонија” 23/2020) и истиот изнесува 7.000 денари.
Доказот за уплатен надоместок треба да ги содржи следните податоци:
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: | обука и испит за застапник за (име и презиме) |
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: | Агенција за супервизија на осигурување |
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: | Стопанска банка АД -Скопје
|
СМЕТКА: | 200002007041251 или |
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: | НЛБ Банка АД – Скопје |
СМЕТКА: | 210065288480132 |
Со обуката за застапник се опфатени 6 (шест) подрачја – модули и тоа:
- Основи на управување со ризик и осигурување;
- Законска регулатива од областа на осигурување;
- Трговско и облигационо право;
- Застапување во осигурување и етички кодекс;
- Осигурување на живот;и
- Неживотно осигурување.
Деталната содржина на секој од модулите од обуката за застапник е разработена во Наставната програма за полагање стручен испит за застапник во осигурување која ја утврдува Агенцијата и во која се содржани градивото, прописите и литературата. Наставната Програма е објавена на веб страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Начинот и постапката за спроведување на обуката и стручниот испит за застапник детално се пропишани со Правилникот за начинот, постапката и условите за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.47/2019 и 35/2020).
Кандидатите кои успешно ќе го положат стручниот испит за застапник ќе се здобијат со Уверение за положен стручен испит за застапник.
Кандидатите кои три пати едноподруго нема да го положат стручниот испит за застапник, го губат правото за повторно полагање на испитот предвиден со обуката.
НАПОМЕНА:
Поради ограничените капацитети за спроведување на стручниот испит, бројот на кандидатите за учество на обуката односно испитот е ограничен, па пријавувањето ќе се врши согласно принципот прв дојден-прв услужен.
Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит кои ќе бидат доставени по пополнувањето на максималниот можен број на кандидати како и пријавите/барањата кои ќе бидат доставени по истек на рокот за доставување на истите, нема да бидат земени предвид.
Пријава за застапник – македонски
Пријава за застапник – двојазична
АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).
Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 26-28.3.2020 и 4.4.2020 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на бул.“Климент Охридски” бр.68 во Скопје.
Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и местото, точните термини и деталниот распоред за одржување на стручниот испит за брокер, ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување (aso.mk) пред отпочнување на обуката односно испитот.
Сите заинтересирани лица, најдоцна до 6.3.2020 година, може да се пријават за учество на обуката и полагање на стручниот испит за брокер со поднесување на следните документи (со назнака: Пријава за обука/Барање за полагање на испит за брокер) до Агенцијата за супервизија на осигурување (адреса: ул.Македонија бб – Палата Лазар Поп Трајков, V кат, Скопје):
- Пополнет образец – Пријава за учество на обука за брокер/Барање за полагање на стручен испит за брокер (достапен на интернет-страницата на Агенцијата, или во архивата на Агенцијата);
- Копија од лична карта;
- Уверение односно Диплома за завршено четиригодишно средно образование (IV степен) или повисок степен на образование, во оригинал или заверено од овластено лице – нотар; и
- Доказ за уплатен надоместок за учество на обука и за полагање на стручниот испит за брокер.
Доколку личното име и презиме на некој од документите наведени погоре не е идентично со оние наведени во Пријавата/Барањето, кандидатот е должен да приложи и извод од матична книга на венчани односно решение за промена на личното име односно презиме.
Надоместокот за учество на обуката и за полагање на стручниот испит за брокер е утврден во Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата (“Службен весник на Република Македонија” бр.147/2009, 149/2009, 154/2009, 20/2012, 130/2013, 1/2015, 22/2016, 16/2017 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.23/2020) и истиот изнесува 14.000 денари.
Доказот за уплатен надоместок треба да ги содржи следните податоци:
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: | обука и испит за брокер за (име и презиме) |
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: | Агенција за супервизија на осигурување |
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: | Стопанска банка АД – Скопје |
СМЕТКА: | 200002007041251 |
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: | НЛБ Банка АД – Скопје |
СМЕТКА: | 210065288480132 |
Со обуката за брокер се опфатени 9 (девет) подрачја – модули и тоа:
- Основи на управување со ризик и осигурување;
- Законска регулатива од областа на осигурување;
- Трговско и облигационо право;
- Посредување во осигурување и етички кодекс;
- Осигурување на живот;
- Неживотно осигурување;
- Финансиски аспекти на работењето;
- Снимање на ризик и посредување при реализирање на штети; и
- Реосигурување.
Деталната содржина на секој од модулите од обуката за брокер е разработена во Наставната програма за полагање стручен испит за брокер која ја утврдува Агенцијата и во која се содржани градивото, прописите и литературата. Наставната Програма е објавена на веб страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Начинот и постапката за спроведување на обуката и стручниот испит за брокер детално се пропишани со Правилникот за начинот, постапката и условите за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.47/2019 и 35/2020).
Кандидатите кои успешно ќе го положат стручниот испит за брокер ќе се здобијат со Уверение за положен стручен испит за брокер.
Кандидатите кои три пати едноподруго нема да го положат стручниот испит за застапник, го губат правото за повторно полагање на испитот предвиден со обуката.
НАПОМЕНА:
Поради ограничените капацитети за спроведување на стручниот испит, бројот на кандидатите за учество на обуката односно испитот е ограничен, па пријавувањето ќе се врши согласно принципот прв дојден-прв услужен.
Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит кои ќе бидат доставени по пополнувањето на максималниот можен број на кандидати како и пријавите/барањата кои ќе бидат доставени по истек на рокот за доставување на истите, нема да бидат земени предвид.
АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Седница одржана на 06.02.2020
- Решение за издавање дозвола за вршење осигуриелно брокерски работи на ОБД ЕНСА БРОКЕР АД Скопје,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот, постапката и условите за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот, постапката и условите за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Марина Илиевска,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Тања Михајлова,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Сашка Георгиева,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Катица Кацарска,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Мерита Ајрули Емини,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Емилија Заева-Костова,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Марија Наковска,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Сања Поповски,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Диме Саров,
- Решение за определување на одговорно лице за утврдување на исполнетост на условите за полагање на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи во 2020 година,
- Решение за определување на одговорно лице за утврдување на исполнетост на условите за полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето во 2020 година,
- Решение за определување на овластени претставници кои ќе присуствуваат во просторијата за време на полагање на стручните испити за вршење осигурително брокерски работи во 2020 година,
- Решение за определување на овластени претставници кои ќе присуствуваат во просторијата за време на полагање на стручните испити за вршење на работи на застапување во осигурување во 2020 година,
- Решение за формирање на Комисија за ревизија на одржаните стручни испити за вршење осигурително брокерски работи во 2020 година,
- Решение за формирање на Комисија за ревизија на одржаните стручни испити за вршење на работи на застапување во осигурувањето во 2020 година,
- Решение за формирање на Комисија за спроведување на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи во 2020 година,
- Решение за формирање на Комисија за спроведување на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето во 2020 година
Агенцијата за супервизија на осигурување во рамки на своите проектни активности за финансиска едукација и финансиска инклузија во 2020 година преку поблиска соработка со Македонската банкарска асоцијација даде поддршка на европскиот квиз на пари. Квизот е проект на Европската банкарска федерација и е фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години
Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за подготовка за националниот натпревар и европското финале се подготвени од сите институции кои се поддржувачи на квизот и се достапни на веб-страниците: mba.mk и efb.eu.
Европскиот квиз на пари е на следниот линк
Материјалите од областа осигурување се објавени на следниот линк
Седница одржана на 29.01.2020
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Блаже Ужески,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Елена Талеска,
- Одлука за износот на максималната каматна стапка при пресметка на математичката резерва,
- Извештај од извршена ревизија на споведувањето на стручниот испит за осигурителен брокер (сесија септември-декември, 2019 година),
- Извештај од извршена ревизија на споведувањето на стручниот испит за застапник во осигурувањето (сесија септември-декември, 2019 година),
- Тарифник за изменување и дополнување на Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата,