Седница одржана на 28.04.2017
- Решение за вршење на функцијата член на Управен Одбор во Акционерското друштво за осигурување АЛБСИГ, Скопје на лицето Нуредин Џелили.
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои на ден 19.4.2016 година го положиле стручниот испит за застапник односно за брокер – теоретски дел, дека стручниот испит за застапници односно брокер – практичен дел ќе се одржи на ден 4.5.2016година од 11:00 до 13:00 часот ( за застапник ) и од 14:00 до 16:00 часот ( за брокер).
Испитот ќе се одржи во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:
ул. Христо Смирненски бр. 30 ламела 1 (во близина на Универзална сала), прикажано на сликата во прилог.
Распоредот на испити за застапници
Распоредот на испити за брокери
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер, во мартовската испитна сесија, дека обуката за застапници односно осигурителни брокери ќе се одржи во просториите на Европски Универзитет (Бул. Свети Климент Охридски бр. 68 – Скопје).
Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 24-26.3.2016 година а обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 24-26.3.2016 година и 2.4.2016 година.
Деталниот распоред на предавањата во рамки на обуките можете да го најдете на следниот линк:
Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Република Македонија, во кое членуваат претставници на Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување, и оваа година, веќе трета по ред, ја одбележува Глобалната недела на парите во периодот од 14 до 20 март 2016 година.
Глобалната недела на парите се одржува на светско ниво од 2012 година, во чиишто рамки се одржуваат преку 3000 активности во кои се вклучени над 5,6 милиони деца и млади во повеќе од 124 земји и каде што работат 962 организации и институции. Оваа глобална иницијатива ја подигнува свеста кај младите преку учење за тоа како функционираат парите, вклучувајќи го штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Секоја година младите луѓе разговараат, читаат и учат за економските и за финансиските системи преку најразлични активности што ги спроведуваат државните институции. Целта на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади е да ги поттикне младите да инвестираат во својата иднина, истакнувајќи ја важноста на раната финансиска едукација, со што ќе им помогне да станат свесни за своите финансиски права, ќе им ја олесни пристапноста до финансиските услуги и ќе ги развие нивните финансиски вештини. Темата за оваа година на Глобалната недела на парите е „Земи учество, штеди паметно!“, со намера младите луѓе да научат да штедат за својата иднина.
Агенцијата за супервизија на осигурување и останатите институции чиишто претставници го сочинуваат Координациското тело ќе одржат предавања за учениците од основните и средните училишта од Македонија, преку кои тие ќе се запознаат поблиску со парите, нивното значење, размената, историјата, изработката, потоа штедењето, инфлацијата, монетарната политика и сл.
Агенцијата за супервизија на осигурување издаде Брошура за осигурување во земјоделството која има за цел да го промовира купувањето полиси за земјоделско осигурување како ефикасен начин за заштита на земјоделските производи од ризици кои се поврзани со временските услови, природните катастрофи, штетниците и болестите.
Во брошурата се објаснети основните поими и начела на осигурувањето во земјоделството, со посебна разработка на осигурувањето на посеви и плодови, индексното осигурување на очекуван принос од посеви и плодови и осигурувањето добиток, заедно со примери за опфатот на ризиците и премијата за осигурување.
Исто така, во брошурата се објаснети предвидените мерки за поддршка на осигурувањето од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2016 година во која е предвидена мерка за субвенционирање на дел од премијата за осигурување како дополнителна поддршка за развој наземјоделството од страна на државата и Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година, донесена од Владата на Република Македонија во која е предвидена мерка за субвенционирање на премиите за осигурување со цел развој на земјоделските задруги.
Глобалната недела на пари секоја година се одржува во втората половина на месец март. Оваа година Глобалната недела на пари ќе се одбележи во периодот од 14-20 март.
Што е глобална недела на пари? (Global Money Week-GMW)
Глобалната недела на пари (GMW) е манифестација за подигнување на свеста за финансиите и начинот на нивно користење. Целта е да се едуцираат децата и младите за финансиите, штедењето, креирање егзистенција, вработување, станување управители на фирми преку забава и интерактивни активности. Секоја година, целата заедница презема мерки да креира свесност, да ги инспирира и предизвика младите луѓе да стекнат знаење и алатки кои им се потребни да ја креираат сопствената иднина. Глобалната недела на пари (GMW) се одржува секоја година во втората половина од март. Настаните се организираат од училиштата, факултетите, министерствата, финансиските институции, регулаторните институции, граѓански асоцијации и младите ширум светот. Глобалната недела на пари (GMW) се иницира и координира од Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади – Child & Youth Finance International (CYFI), основана во 2012 година.
Која е темата на Глобалната недела на пари, 2016 (GMW)?
Темата на Глобалната недела на пари (GMW), 2016 е “Земи учество, Штеди паметно!”“Зошто? Затоа што: Тоа е важно за децата и младите да учат и да учествуваат во планирање на трошењето на финансиите преку креирање добри навики од најрани години, се со цел да се избегне финансиска исклученост и да се развијат вештини за управување со финансиите кои ќе им бидат од корист покасно во живот. Повеќе..
Во насока на континуирана едукација и стручно усовршување на вработените, претходно воспоставената соработка на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и Централната банка на Холандија (De Nederlandsche Bank- DNB) продолжи и во 2016 година.
На 1 и 2 март 2016 година, во седиштето на АСО, од страна на експерти од DNB беше реализирана обука со цел да се пренесат знаења и искуства во делот на спроведување супервизија на реосигурителните активности на друштвата за осигурување. На обуката, од страна на експертите од DNB, беа презентирани видовите на реосигурителни продукти, улогата на регулативата и супервизијата, како и начинот на спроведување супервизија на реосигурителните активности.

Исто така, на еден дел од обуката беа присутни претставници на Македонското Актуарско Здружение „Актуар“. Пред актуарите од осигурителната индустрија беше презентирана улогата и одговорноста на актуарите во подготовката на програмата за реосигурување на друштвата за осигурување, одредување на нивото на самопридржај и сл.
Преку соработката со Централната банка на Холандија, супервизорите од АСО се стекнаа со знаење и искуства кои понатаму ќе им помогнат за унапредување и усовршување на начинот на вршење супервизија врз субјектите на осигурување во Република Македонија.