Соопштение за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука за вршење работи на застапување во осигурување и обука за вршење осигурително брокерски работи.
Обуката за вршење работи на застапување во осигурување во времетраење од 4 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 17, 18, 19 и 26 Септември 2015 година а обуката за вршење осигурително брокерски работи во времетраење од 5 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 17, 18, 19, 25 и 26 Септември 2015 година. Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуките ќе биде објавен на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуките.
Во рок од најмалку 15 дена од денот на завршување на обуките, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи. Точниот термин за полагање на стручниот испит за вршење работи на застапување во осигурување односно стручниот испит за вршење осигурително брокерски работи ќе биде објавен на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување најмалку во рок од 3 дена пред одржување на стручниот испит.
- Соопштение за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи..
- Пријава/ барање за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник
- Пријава/ барање за учество на обука и полагање на стручен испит за брокер

На покана на Австриската асоцијација на осигурители, претседателот и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување учествуваа на тркалезна маса на тема осигурување со претставници на Австриската осигурителна индустрија. На средбата беше разговарано за најновите трендови на осигурителниот сектор во Австрија како и на ниво на ЕУ, финансиската едукација и улогата на Австриската асоцијација на осигурители во однос на финансиската едукација.
Покрај, претставниците од Австриската осигурителна асоцијација вклучувајки го и претседателот на Асоцијацијата г. Louis Norman-Audenhove, учествуваа и претставници од трите австриски осигурителни групации присутни во Македонија и преставници од австриските осигурителни компании кои имаат интерес во иднина, да инвестираат во осигурителниот сектор во Македонија.