Седница одржана на 26.06.2014
- Донесување на Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2013 година;
- Донесување на Годишниот извештајот за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Република Македонија во 2013 година;
- Усвојување на Извештајот на независниот ревизор и финансиските извештаи за годината кој завршува на 31 декември 2013 година;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување Инсиг Македонија АД Скопје;
- Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата член на Управниот одбор на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК, Скопје на лицето Дарко Атанасовски, согласно Законот за супервизија на осигурување;
- Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата член на Управниот одбор на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК, Скопје на лицето Херман Зип, согласно Законот за супервизија на осигурување;
- Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата член на Управниот одбор на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК, Скопје на лицето Маја Богдановска-Стојаноска, согласно Законот за супервизија на осигурување;
- Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата член на Управниот одбор на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК, Скопје на лицето Ирена Велкоска-Спировска, согласно Законот за супервизија на осигурување;
- Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата член на Управниот одбор на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК, Скопје на лицето Марија Томеска, согласно Законот за супервизија на осигурување;
Информација за реализирани настани во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување
Во периодот од 2 до 5 јуни 2014 година Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се јави како организатор и домаќин на повеќе настани од регионално и меѓународно значење за супервизијата на осигурувањето. На настаните присуствуваа вкупно 81 претставници и учесници од регулаторни тела и претставници од медиумите од Македонија.
Во рамките на горенаведениот период се одржаа следниве настани:
- Седми состанок на Иницијативата за супервизија на осигурувањето на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE Insurance Supervision Initiative)- 3 јуни 2014 година
Целта на Иницијативата за супервизија на осигурување на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE) е размена на искуства во делот на спроведување на супервизија на друштвата за осигурување како и хармонизирање на законската и подзаконската регулатива во областа на осигурувањето. Состаноците на иницијативата се одржуваат на највисоко ниво, 2 пати во текот на годината, и оваа година првиот состанок се одржа во организација на АСО.
На состанокот беа присутни вкупно 52 учесници- претставници од регулаторните тела од земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, како и еминентни професори од областа на осигурувањето и управувањето со ризици.
Дискутираните теми на состанокот ги опфаќаа следниве области:
- Супервизорски колеџи,
- Предизвиците на супервизорите во спроведувањето на барањата за групно управување,
- Искуството од либерализација на пазарот за автоодговорност,
- Улогата на осигурителниот супервизор во однос на договорите за осигурување и однесувањето на осигурителниот пазар.
- Редовен состанок на Супервизорскиот форум на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS) – 3 и 4 јуни 2014 година
Супервизорскиот форум претставува тело во кое членуваат високи претставници на супервизорски тела на 20 земји од светот чија што цел е воспоставување на глобални стандарди за ефикасно спроведување на супервизија. Ваквите состаноци се одржуваат неколку пати годишно, а на состанокот кој се одржа во Охрид беа присутни 9 претставници од земјите членки на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS).
- Актуарска конференција за осигурителни супервизори – 4 јуни 2014 година
За прв пат во земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, по иницијатива на АСО, се организираше Актуарска конференција со еминентни предавачи во состав на академски професори, претставници од Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS) и Регулаторот за осигурување на ЕУ (EIOPA).
Актуарите имаат важна улога во спроведувањето на супервизијата во однос на прашањето за финансиската стабилност и солвентност на друштвата за осигурување, па затоа треба да им се оддаде посебно внимание во областа на осигурувањето. Конференцијата имаше за цел да ги собере актуарите и супервизорите од регулаторните тела во регионот со цел да се обезбеди размена на искуства и понатамошно промовирање на актуарската професија.
Заинтересираноста за актуарската конференција беше значителна и на неа присуствуваа 51 учесник од различни професии од областа на осигурувањето, меѓу кои најголемиот дел беа актуари.
На Актуарската конференција беа обработени следниве теми:
• Актуарите и корпоративното управување
• Влијанието на актуарската работа на супервизијата на осигурителните работи
• Развој на актуарската професија во земјите во развој
|
г-ѓа Гордана Летица- Член на одборот на супервизорското тело за финансиски пазари на Хрватска (HANFA) |
|
|
г. Вок Жан Квон – Факултет за управување со ризици, St.John University, New York
|
- Работилница на тема ”Медиумите и осигурувањето”- 05 јуни 2014 година
Работилницата имаше за цел да ги запознае претставниците на медиумите со најзначајните теми и предизвици во областа на осигурувањето во земјата и беше посетена од 13 претставници од медиумите од Р. Македонија.
На оваа работилница беа обработени следниве теми:
- Улогата на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Пазарот на осигурување во Р. Македонија,
- Законската регулатива во Р. Македонија со посебен осврт на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот,
- Актуелни прашања од областа на осигурување.
Овие исклучителни настани беа организирани во соработка со Централната банка на Унгарија (Central Bank of Hungary- MNB), Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS) и Регулаторот за осигурување на ЕУ (EIOPA).
Преку организирањето на вакви настани се поттикнува соработката меѓу регулаторните органи и се придонесува за понатамошен развој и унапредување на функцијата на супервизорските тела.
Известување за полагање на поправен испит
Известување за полагање на поправен испит
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите заинтересирани кандидати дека поправниот испит за застапници во осигурување односно осигурителни брокери ќе се одржи на ден 30.06.2014 година, во 15:00 часот, во просториите на Европски Универзитет.
Пријавите за поправен испит освен по пошта може да се достават и по електронски пат, на адреса armin.ukikj@aso.mk , најдоцна до 27.06.2014 година.
Кандидатите кои ќе го полагаат испитот, потребно е да бидат во просториите на Европски Универзитет најдоцна до 14:45 часот.
Седница одржана на 12.06.2014
- Решение за давање согласност за измена на Статут и седиште на Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје, согласно Законот за супервизија на осигурување;
- Решение за давање согласност за измена на Статут и седиште на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје, согласно Законот за супервизија на осигурување;
- Решение за давање на дозвола за вршење работи на застапување во осигурувањето на Друштвото за застапување во осигурување ЛАЈФ ВИЗИОН АД, Скопје.
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Почитувани,
Со особена чест и задоволство Ве известуваме дека во периодот од 3 до 5 јуни 2014 година Агенцијата за супервизија на осигурување(АСО) ќе се јави како организатор и домаќин на повеќе настани од регионално и меѓународно значење за супервизијата на осигурувањето, и тоа:
Седмиот состанок на Иницијативата за супервизија на осигурувањето на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE Insurance Supervision Initiative) – 3 јуни 2014 година;
Состанок на Супервизорскиот форум на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS) – 3 и 4 јуни 2014 година;
Актуарска конференција за осигурителни супервизори – 4 јуни 2014 година;
Работилница на тема: Медиумите и осигурувањето– 5 јуни 2015 година;
Конкурс за годишна награда за млади истражувачи
К О Н К У Р С
за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2014 година
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2014 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
– апстракт;
– осврт на консултираната литература од областа која се истражува;
– опис на методите на истражување кои се користат во трудот;
– анализа;
– заклучни согледувања и
– библиографија.
Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2014 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.
























