Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) спроведе едукација во неколку средни училишта
- Соопштение за одбележување на Глобалната недела на пари (Global Money Week)
- Агенда за одбележување на Глобалната недела на пари (Global Money Week)
Во рамки на светскиот настан “Глобална недела на пари”, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) спроведе едукација во следните средни училишта:
“Васил Антевски – Дрен”, Скопје и
Целта на оваа едукација е поблиско запознавање на населението, а особено младата популација со финансиите и економијата. Од страна на АСО беа извршени презентации преку кои беше претставена финансиската услуга осигурување и бенефитот од истата.
Преку објаснување на осигурителни поими и давање на практични примери на учениците им беа доближени основните поими на осигурувањето,правата и обврските на осигурениците како корисници на осигурителни производи и услуги.
И по затварањето на овој светски настан, АСО презема иницијатива и ќе започне со сопствен проект за финансиска едукација. Во иднина се предвидува изработка и печатење брошури, прирачници, и други поучни материјали кои ќе бидат наменети првенствено за младата попоулација но и за пошироката јавност и се очекува да имаат позитивно влијание придонесувајќи за општото добро и економијата во државата. Основната тематика што ќе се разработува во поучните материјали ќе опфати повеќе аспекти од сферата на осигурувањето.
Преку овие проекти ќе се зголеми транспарентната улога на Агенцијата за супервизија на осигурување, а и јавноста ќе се стекне со јасна слика за тоа што претставува Агенцијата за супервизија на осигурување и кои се нејзините основни цели и задачи како регулаторна инситуција во државата.
Известување за одржување обука и испит за проверка на стручната подготвеност за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи
Почитувани,
Ве известуваме дека согласно Планот за работа на Агенцијата за 2014 година, Агенцијата донесе Одлука за спроведување на обука и испит за проверка на стручната подготвеност за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи во 2014 година.
Обуката и испитот за проверка на стручната подготвеност за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи во 2014 година ќе се спроведе во следните две едукативно – испитни сесии:
- Март 2014 година; и
- Септември 2014 година.
Обуката за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи во рамки на мартовската едукативно-испитна сесија ќе се спроведе во просториите на Европски Универзитет на крајот на месец март 2014 година. Наставната Програма за полагање на испитот за проверка на стручната подготвеност потребна за вршење осигурително брокерски работи и работи на застапување во осигурување, термините како идеталниот распоред на предавањата, ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката.
Врз основа на горенаведеното а со цел навремено информирање, Ве известуваме дека пријавувањето на кандидати за учество на обуката и полагање на испитот во рамки на мартовската сесија ќе се врши најдоцна до 22.03.2014 година, со поднесување на Пријава за учество на обуката до Агенцијата за супервизија на осигурување.
Седница одржана на 11.03.2014
- Решение за давање согласност за измена на Статут бр.0201/15 од 24.07.2013 година на Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје,
- Решение за давање согласност за измена на Статут бр.09/0203/1/13 од 24.07.2013 година на Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје;
- Решение за давање согласност за измена на седиштето на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот, Скопје,
- Решение за давање согласност за индиректно стекнување квалификувано учество на АДРИС ГРУПА, Акционерско друштво за управување и вложување, со регистрирано седиште ул.Владимир Назор бр.1, Ровињ, Република Хрватска, индиректно да стекне над 50 % од вкупниот број на издадени акции со право на глас во КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот Скопје.
- Решение за давање согласност за индиректно стекнување квалификувано учество на АДРИС ГРУПА, Акционерско друштво за управување и вложување, со регистрирано седиште ул.Владимир Назор бр.1, Ровињ, Република Хрватска, индиректно да стекне над 50 % од вкупниот број на издадени акции со право на глас во КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за неживотно осигурување Скопје.
Глобална недела на пари
Глобална недела на пари, оваа година се одржува од 10 до 17 март, а учество ќе земат околу 2 милиони деца од над 100 земји во светот. Сите тие ќе се вклучат во активностите кои ќе бидат организирани од над 500 институции и организации. Нашата земја исто така, активно се вклучи во овој светски настан.
Глобалната недела на пари во Македонија е дел од активностите што Координациското тело за финансиска едукација во кое членуваат: Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги презема како дел од светската недела на пари, која пак е во организација на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади (Child and Youth finance international.)
Целта на оваа организација е да ги поттикне децата и младите да инвестираат во нивната иднина со тоа што ја потенцира важноста на раната финансиска едукација за да им помогне на децата да станат свесни за нивните финансиски права, да ја олесни пристапноста до финансиските услуги и да ги развие нивните финансиски вештини.
Агенцијата за супервизија на осигурување ги започна активностите во рамките на глобалната недела на пари одржувајќи презентација пред 60 ученици од средното стручно училиште Арсени Јовков во Скопје.
Седница одржана на 26.02.2014
- Одлука за спроведување на обука и испит за проверка на стручната подготвеност потребна за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи во 2014 година;
- Одлука за усвојување на Наставна Програма за полагање на испит за проверка на стручната подготвеност потребна за вршење осигурително брокерски работи и Наставна Програма за полагање на испит за проверка на стручната подготвеност потребна за вршење работи на застапување во осигурување;
- Годишна сметка за 2013 година на Агенцијата за супервизија на осигурување;
Седница одржана на 20.02.2014
- Решение за давање согласност за измена на Статутот бр.0201-2410/3-1 од 11.06.2013 година на Акционерско друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје-Виена Иншуренс Груп;