Седница одржана на 31.01.2014
- Решение за издавање дозвола за вршење осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското друштво ВИА БРОКЕР АД, Скопје;
На 19 декември, 2013 година, во седиштето на Народната банка на Република Македонија, се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.
Целта на потпишување на овој Меморандум е институциите надлежни за регулирање на финансиските услуги во Македонија, со заедничка заложба и проектни активности, да го подигнат нивото на финансиска писменост на населението.
Потписниците на Меморандумот се согласија да се формира Координативно тело со претставници од институциите, чија мисија ќе биде да:
покренува иницијативи до надлежните институции за донесување акти кои ќе ја промовираат и развиваат идејата за финансиска едукација на населението во Македонија;
дефинира и да предлага заеднички проектни активности за финансиска едукација;
изработува стратегиски документи;
организира, спроведува и проценува анкетите за нивото на финансиска писменост и нивото на финансиска вклученост на населението во финансискиот систем во Македонија;
организира работни сесии, семинари и други видови обуки и настани;
промовира регионална и интернационална соработка.
Изработката на стратегиските документи ќе се темели врз основа на меѓународно прифатените принципи и стандарди за финансиска едукација на Групацијата 20 најразвиени земји и други мултилатерални институции и организации.
Со реализација на овие активности значително ќе се придонесе за финансиско описменување на населението со што ќе им се помогне на потрошувачите да може да направат правилен избор на финансиски производи,и воедно ќе се придонесе за постабилен и сигурен финансиски систем во државата.
Активностите во рамки на Регионалниот проект за осигурување на ризик од катастрофи (Europa Reinsurance Facility Ltd.), за кој Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е назначена како имплементатор, продолжуваат и понатаму. Во рамки на Проектот, се предлага воведување на нов концепт на земјоделско осигурување. За таа цел, на 18.11.2013 година, се одржа презентација од страна на тимот на Europa Re и г.Чарлс Стутли, консултант за земјоделско осигурување пред претставници на друштвата за осигурување кои вршат продажба на полиси за земјоделско осигурување и пред вработените на АСО.
Во презентацијата беа објаснети карактеристиките на три типови осигурување во земјоделството, и тоа на 1. земјоделско осигурување од еден ризик (Named Peril Crop Insurance), 2. земјоделско осигурување од повеќе ризици (Multi Peril Crop Insurance) и 3. индексирано осигурување на остварените приноси во одредена област (Area Yield Index Insurance-AYII). Особено внимание беше посветено на третиот тип на осигурување (AYII) со кој ќе се овозможи подобра заштита на приносите на земјоделското производство со обезбедено покритие од сите ризици.