Седница одржана на 13.09.2012
- Решение за издавање на претходна согласност на Реосигурителното друштво QBE Re (Europe) Limited, Лондон, Обединето Кралство на Велика Британија, да стекне над 50% од акциите со право на управување во Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ МАКЕДОНИЈА – Скопје, согласно Законот за супервизија на осигурување.
Седница одржана на 31.08.2012
- Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата член на Управнен одбор во Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД, Скопје на лицето СЕЛАУДИН ИМАМИ.
Седница одржана на 29.08.2012
- Решение за издавање на претходна согласност за вршење работи на застапување во осигурување од страна на ОХРИДСКА БАНКА АД, Охрид, согласно Законот за супервизија на осигурување;
Седница одржана на 24.08.2012
- Решение за издавање дозвола за вршење на работи на застапување во осигурување на Друштвото за застапување во осигурување РЕА ИНШУРЕНС ГРУП АД Скопје;
- Решение за отфрлање на барањето за издавање на согласност за измена на Статутот на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД, Скопје.
Агенцијата за супервизија на осигурување издаде Брошура за осигурување во земјоделството

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) со соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) ќе учествува на трибините кои се организирани од страна на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), со цел да им овозможи на земјоделците повеќе информации за предностите кои ги имаат доколку го осигураат земјоделското производство. Првата трибина беше одржана на 3.7.2012 година во село Јосифово, Валандово, а во тек на месеците јули и август 2012 година, ќе бидат посетени повеќе локации низ земјата согласно планот на АПРЗ.
Електронската верзија:
Мисија на Светска Банка во Република Македонија, 20-22 јуни 2012
Во рамките на Проектот за развој на осигурителен пазар од катастрофални ризици (SEEC CRIF), во времетраење од три дена (20-22 јуни 2012 година), претставници од Светската банка и Европа Ре организираа серија на состаноци со друштвата за осигурување, Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и водостопанство, како и со други релевантни институции.Целта на овие состаноци беше да се добијат дополнителни информации за осигурителниот пазар во Македонија, како и да се зајакне соработката со релевантните институции за нормално одвивање на понатамошните проектни активности.
Целта на овој Проект е создавање на осигурителни производи за ризик од катастрофи и неповолни временски услови, при што посебен акцент во оваа мисија беше ставен на развој на осигурителни производи наменети за потребите на земјоделците. Со идентификување на ризикот кој го погодува земјоделското производство, Европа Ре ќе настојува да создаде соодветни осигурителни производи за земјоделскиот сектор во Македонија, а со тоа ќе придонесат за зголемување на пенетрацијата на осигурителниот пазар во Македонија.
Во целиот проект, улогата на Агенцијата за супервизија на осигурување е да дејствува како кординатор во комуникацијата со сите релевантни министерства, земјоделски организации како и со локалните друштва за осигурување. Исто така, Агенцијата за супервизија на осигурување е задолжена за развој на ризично базирана супервизија за осигурувањето од катастрофи, како и за развој на соодветна законска и подзаконска регулатива за вклучување на производите за осигурување од катастрофи и неповолни временски производи на македонскиот осигурителен пазар.
Повеќе информации на следниот линк.
