Седница одржана на 24.1.2011
- Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистри на застапници во осигурувањето, друштва за застапување во осигурувањето, осигурителни брокери и осигурителни брокерски друштва.
На ден 18 јануари, 2011 година Агенцијата за супервизија на осигурување ја продлабочи соработката со Народната Банка, со потпишување на Меморандум за соработка.
Овој Меморандум претставува добра основа и отвара простор за понатамошна успешна соработка меѓу двете институции во насока на размена на информации, знаење, искуство и зајакнување на капацитетите.
Агенцијата за супервизија на осигурување издаде нова дозвола за вршење работи на осигурување на живот-основано ново друштво за осигурување
Врз основа на одредбите од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија бр. 27/2002, 84/2002, 98/2002, 33/2004, 88/2005, 79/2007, 08/2008, 88/2008, 56/2009 и 67/2010), Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување донесе Решение со кое се издава дозвола за вршење на работи на осигурување на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР Лајф-Виена Иншуренс Груп Скопје.
Како основач на новото друштво за осигурување на живот се јавува реномираната OСИГУРИТЕЛНА ГРУПАЦИЈА ВИЕНА (VIENNA INSURANCE GROUP Wiener Städtische Versicherung AG), Schottenring 30, A- 1010 Wien, од Република Австрија.
Новото Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР Лајф-Виена Иншуренс Груп е лоцирано на адреса бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.28/1 Скопје.
Со издавање на новата дозвола, бројот на друштвата за осигурување кои вршат работи на осигурување во рамки на групата на живот се зголеми за уште едно друштво и на осигурителниот пазар во Република Македонија во моментот дејствуваат вкупно три друштва за осигурување на живот.
На 14 декември 2010 година, Агенцијата за супервизиуја на осигурување (АСО) и Агенцијата за супервизија на капитално финанасираното пензиско осигурување (МАПАС) потпишаа Меморандум за соработкиа.
Меморандумот како еден вид законска рамка го уредува начинот на соработка и истиот претставува основа за продлабочување на професионалните односи и јакнење на довербата меѓу двете регулаторни тела.
Чинот на потпишување на Меморандумот за соработка се случи во просториите на МАПАС и истиот беше потпишан од страна на г. Булент Дервиши, директор на МАПАС и г. Климе Попоски, претседател на АСО.
Во интерес на пратење на современите трендови во управувањето со ризиците, Агенцијата за супервизија организираше дводневен семинар со тема “Управување со ризици кај претпријатијата” – An Overview of Enterprise Risk Management (ERM). Семинарот се одржа на 24ти и 25ти ноември, од 09 до 13 часот, на Европскиот универзитет Скопје. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата, г. Климе Попоски, ја отвори средбата и им посака добредојде на учесниците. На семинарот присуствуваа актуари, порфолио менаџери, како и претставници од секторите за финансии на друштвата за осигурување.
Предавач на овој семинар беше реномираниот проф. Thomas A. Aiuppa, Ph.D., CPCU, од Colorado State University, Соединети Американски Држави.
Семинарот беше организиран со цел да го промовира значењето на концептот на ERМ, во контекстот на системскиот пристап, во кој е потребно е да се одредат односите меѓу поединечните ризици за да се оцени ефектот на ризикот на портфолиото, како особено значајна проблематика во осигурителната индустрија.
На иницијатива на Агенцијата за супервизија на осигурување, на ден 22 ноември, 2010 година во седиштето на Агенцијата, се оддржа работна средба на тема “Примената на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди во Република Македонија”.
На средбата присуствуваа претставници од Националното Биро за осигурување, друштвата за осигурување членки на Бирото, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за заштита на сообраќајот на патиштата. Целта на оваа средба беше да се дискутира за функцијата и практичната примена на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди, се во насока на брза и ефикасна асистенција на крајните корисници односно осигурениците на моторни возила.
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата г. Климе Попоски ја отвори средбата и им посака добредојде на учесниците. Странскиот експерт од областа на осигурувањето г. Jean-Pierre Daniel кој е во подолг ангажман во Агенцијата, изврши Презентација за искуствата на Европскиот пазар.
По неговото излагање следеше плодна дискусија и сето тоа допринесе за носење на заклучоци во насока на креирање на стратегија за понатамошна успешна имплементација на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди во Република Македонија.