Седница одржана на 06.12.2013
- Решение за давање согласност за вршење на функција член на Управен одбор во Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД – Скопје, на лицето Дритон Азизи;
- Решение за давање дозвола за вршење на осигурително брокерски работи на Осигурителното брокерско друштво С.Т.М БРОКЕР ПЛУС АД, Скопје.
Седница одржана на 28.11.2013
- Решение за давање согласност за измена на Седиште и Статут на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје- Скопје;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД – Скопје;
- Решение за давање претходна согласност за измена на Статут на Друштвото за осигурување ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје;
- Одлука за износот на максималната каматна стапка при пресметка на математичката резерва.
Информација за одржана презентација од страна на Европа Ре (18.11.2013)
Активностите во рамки на Регионалниот проект за осигурување на ризик од катастрофи (Europa Reinsurance Facility Ltd.), за кој Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е назначена како имплементатор, продолжуваат и понатаму. Во рамки на Проектот, се предлага воведување на нов концепт на земјоделско осигурување. За таа цел, на 18.11.2013 година, се одржа презентација од страна на тимот на Europa Re и г.Чарлс Стутли, консултант за земјоделско осигурување пред претставници на друштвата за осигурување кои вршат продажба на полиси за земјоделско осигурување и пред вработените на АСО.
Во презентацијата беа објаснети карактеристиките на три типови осигурување во земјоделството, и тоа на 1. земјоделско осигурување од еден ризик (Named Peril Crop Insurance), 2. земјоделско осигурување од повеќе ризици (Multi Peril Crop Insurance) и 3. индексирано осигурување на остварените приноси во одредена област (Area Yield Index Insurance-AYII). Особено внимание беше посветено на третиот тип на осигурување (AYII) со кој ќе се овозможи подобра заштита на приносите на земјоделското производство со обезбедено покритие од сите ризици.
Седница одржана на 21.11.2013
- Одлука за изрекување на мерки на супервизија спрема КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштвото за неживотно осигурување- Скопје;
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на Управниот Одбор на лицето Гоце Ванѓеловски во КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштвото за неживотно осигурување- Скопје;
- Решение за издавање согласност за измена на Седиште и Статут на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштвото за неживотно осигурување- Скопје.
Одбележување на Денот на осигурувањето
Агенцијата за супервизија на осигурување, на 1-ви ноември, 2013 година, во 10ч. во хотелот “Александар Палас”, одржа свечена манифестација по повод Денот на осигурувањето. На настанот свечено обраќање имаа г. Зоран Ставрески, Заменик Претседател на Владата и министер за финансии, г. Климе Попоски, претседател на Совет на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето и г. Зоран Нарашанов, претседател на Управниот одбор на Национално биро за осигурување.

Во рамки на свечениот дел од страна на претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски беа доделени Плакетата за најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2013 година и единаесет (11) Уверенија за положен стручен испит за добивање на дозвола за работа како овластен актуар (трета генерација на актуари).

Веднаш по свечениот дел, беше прогласена за отворена и Петтата меѓународна конференција за осигурување, под наслов “Предизвици на осигурителната индустрија во Република Македонија“ организирана од Националното биро за осигурување. На Конференцијата присуствуваа и претставници од Агенцијата за супервизија на осигурување кои земаа активно учество во панел дискусиите и исто така, учествуваа со презентација за состојбата на осигурителниот пазар во Република Македонија.
Спроведена обука за вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување

Во насока на ефикасно спроведување на своите законски надлежности и активности, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) континуирано вложува во заjакнување на човечките ресурси преку воспоставување и имплементација на систем на континуирана едукација и стручно усовршување на вработените. Во рамки на активностите за развој на овие ресурси Агенцијата спроведува редовни обуки во земјата и странство.
Во периодот 4-5 ноември 2013 година, во седиштето на АСО, од страна на експерти од Народната банка на Холандија (De Nederlandsche Bank- DNB) беше реализирана обука чија цел беше да се пренесе знаење и искуство на супервизорите од Холандија за спроведување на супервизија врз субјектите на осигурување. Оваа обука беше последна во пакетот на обуки со DNB за оваа година, и се одржа во рамки на проектот за техничка помош меѓу АСО и DNB.

Исто така, во рамки на проектот беа организирани уште две обуки за вработените во АСО. Првата обука се однесуваше за спроведување на вонтеренска супервизија и истата беше одржана во периодот 22-23 јули 2013 година, во седиштето на DNB, во Амстердам, Холандија. На оваа обука, од страна на експертите од DNB беше презентиран начинот на кој тие ја вршат вонтеренската супервизија. Во периодот 16-17 септември 2013 година во седиштето на АСО, беше спроведена обука за начинот и постапките за спроведување на ризично базирана супервизија.
Преку соработката со DNB Холандија, супервизорите од АСО се стекнаа со знаење и искуства кои понатаму ќе им помогнат за унапредување и усовршување на начинот на вршење на супервизија врз субјектите на осигурување во Р. Македонија.
Седница одржана на 30.10.2013
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерското друштво ЕУРО ЕКСПЕРТС АД Скопје;
- Решение за извршено усогласување во класата 2- здравствено осигурување со Законот за доброволно здравствено осигурување на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје;
- Решение за извршено усогласување во класата 2- здравствено осигурување со Законот за доброволно здравствено осигурување на Друштво за осигурување ЕУРОЛИНК АД, Скопје;
- Решение за извршено усогласување во класата 2- здравствено осигурување со Законот за доброволно здравствено осигурување на Националната групација за осигурување ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА АД Скопје;
- Разгледување и донесување на Решение за извршено усогласување во класата 2- здравствено осигурување со Законот за доброволно здравствено осигурување наДруштво за осигурување САВА осигурување а.д, Скопје;
- Решение за извршено усогласување во класата 2- здравствено осигурување со Законот за доброволно здравствено осигурување на Друштвото за осигурување УНИКА ЛАЈФ АД, Скопје;
- Решение за извршено усогласување во класата 2- здравствено осигурување со Законот за доброволно здравствено осигурување на Друштвото за осигурување УНИКА АД, Скопје.
Седница одржана на 22.10.2013
- Решение за вршење на функцијата член на Управниот Одбор на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп на лицето БОШКО АНДОВ;
- Решение за вршење на функцијата член на Управниот Одбор на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп на лицето ВЕСНА ЃОРЧЕВА;
- Решение за вршење на функцијата член на Управниот Одбор на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп на лицето РИСТО СЕКУЛОВСКИ;
- Решение за издавање согласност за стекнување квалификувано учество во осигурително брокерското друштво САФЕ ИНВЕСТ МАКЕДОНИЈА АД Скопје.
Седница одржана на 10.10.2013
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за методот на вреднување на ставките од билансот на состојба и изготвување на деловните биланси;
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на Управниот одбор на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп, Скопје, на лицето Бернд Ацхатз.

