Седница одржана на 26.09.2013
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на Управниот Одбор на Друштвото за осигурување ИНСИГ МАКЕДОНИЈА АД Скопје на лицето ПЕТРАЌ СИМО;
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на Управниот Одбор на Друштвото за осигурување ИНСИГ МАКЕДОНИЈА АД Скопје на лицето ГАЗМЕНД АБАЗИ;
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на Управниот Одбор на Друштвото за осигурување ИНСИГ МАКЕДОНИЈА АД Скопје на лицето ХЕЛЕНА ШТРБАЦ МАНЧЕВА.
Седница одржана на 20.09.2013
- Тарифник за изменување и дополнување на Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата.
Информации за спроведување на Стручен испит потребен за добивање дозвола за работа како овластен актуар
Агенцијата за супервизија на осигурување ги информира сите заинтересирани лица дека со почеток од 1 ноември 2013 година, во времетраење од 2 (две) години, ќе организира обука за актуари по чие посетување и успешно полагање на испитите, кандидатите ќе може да се здобијат со Уверение за успешно положен Стручен испит потребено за добивање дозвола за работа како овластен актуар.
Обуката за актуари се состои од следните предмети:
- Веројатност и статистика;
- Финансиска математика;
- Стохастичко моделирање;
- Економија;
- Модели на доживување;
- Актуарска математика I;
- Актуарска математика II;
- Управување со инвестиции и средства;
- Осигурување на живот;
- Неживотно осигурување;
- Социјално и пензиско осигурување;
- Здравствено осигурување;
- Сметководство во осигурувањето;
- Регулатива од областа на осигурувањето;
- Професионализам и eтика.
Секој учесник на обуката има право да го полага секој од испитите најмногу два пати, по што, доколку не го положи испитот, ќе го изгуби правото да ја продолжи Обуката. Предавањата ќе се одржуваат во текот на една недела по што следува испит по предметот најдоцна еден месец по завршувањето на предавањето од определениот предмет.
Надоместокот за посетување на обуката и полагање на испитите (за сите 15 предмети задолжително) изнесува 120.000 (сто и дваесет илјади) денари.
Уплатницата за платен надоместок треба да ги содржи следните податоци:
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Обука и полагање на стручен испит за актуар
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Агенција за супервизија на осигурувањето – Скопје;
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: Стопанска банка АД -Скопје;
СМЕТКА: 200002007041251
Обука за застапници во осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување ги информира сите заинтересирани лица дека во период од 19-21.09.2013 година и во период од 26-28.09.2013 година, ќе организира обука за Застапници во осигурување по чие посетување и успешно полагање на испитите, кандидатите ќе може да се здобијат со Уверение за успешно положен Стручен испит потребен за добивање лиценца за Застапник во осигурување.
Сите заинтересирани кандидати, заклучно со 13-ти септември (петок) 2013 година, можат да се пријават со поднесување Пријава за учество на обука и полагање на испит за проверка на стручната подготвеност потребна за вршење работи на застапување во осигурување во Агенцијата за супервизија на осигурување, на адресата: ул. ,, Васил Главинов” бр. 12, ТЦЦ Плаза, кат 2, Скопје (во архива), секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.
Кон Пријавата кандидатите треба да достават:
- Лична карта (пасош – за странски државјани) на увид
- Доказ за завршено средно образование (IV степен) или повисок степен на образование во оригинал или заверено на нотар
Пријавата за учество на обука и полагање на испит за проверка на стручната подготвеност потребна за вршење работи на застапување во осигурување може да ја превземете тука
Седница одржана на 20.08.2013
- Решение за издавање согласност за измена на Статутот на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР;
- Решение за издавање согласност за измена на Статутот на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ;
- Решение за издавање согласност за измена на Седиште и Статут на Акционерското друштво за осигурување ИНСИГ
Седница одржана на 07.08.2013
- Решение за издавање дозвола за воведување на класата 2 – Здравствено осигурување од групата на неживотно осигурување, во работењето на Акционерското друштво за осигурување ГРАВЕ Скопје;
- Решение за издавање согласност за измена на Статутот на Акционерското друштво за осигурување ГРАВЕ Скопје.
Седница одржана на 19.07.2013
- Решение за издавање дозвола за вршење работи на застапување во осигурувањето на Акционерското друштво за застапување во осигурување МАКО АС, Струмица;
- Решение за издавање дозвола за вршење осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското друштво МЕГА БРОКЕР АД, Скопје;
- Решение за одземање на дозвола за вршење работи на осигурување во класата здравствено осигурување на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ МАКЕДОНИЈА Скопје;
- Решение за одземање на дозвола за вршење работи на осигурување во класата здравствено осигурување на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје;