Публикација „Паметно управување со парите – водич за личните финансии“
Овој водич е наменет за пошироката јавност, со цел на едноставен начин да ѝ ги доближи основните концепти и поими од областа на управувањето со личните финансии. При неговата подготовка се настојуваше тој да биде разбирлив и за помладите генерации и за лицата коишто немаат формално економско образование, за да може преку него населението да се информира како е најсоодветно да се управува со финансиските средства за да се постигнат посакуваните цели. Поконкретно, во водичот е дадено објаснување за тоа како може мудро да се управува со парите, како да се подготват финансиските планови и да се следи нивното остварување, како да се биде претпазлив и да не се влегува во финансиска презадолженост, како внимателно да се користат средствата земени со кредит и кредитните картички и редовно да се отплаќаат обврските итн. Истовремено, во водичот е објаснета и улогата на банкарските производи и услуги, финансиските инвестиции, осигурувањето и пензионирањето. Опфатени се и основните финансиски инвестиции, а дадено е и објаснување за разликите меѓу банкарските депозити и вложувањата во хартии од вредност итн.
Оваа Публикација претставува прв сеопфатен пишан материјал за финансиска едукација во Република Македонија и истата е подготвена од страна на регулаторните институции – членки на Координациското тело за финансиска едукација. Се очекува дека овој водич ќе придонесе за поголема едуцираност на поединците и домаќинската во Република Македонија за управувањето со личните финансии.
Агенцијата за супервизија на осигурување и натаму со своето делување продолжува во истата насока на спроведување континуирани активности за развој на осигурутелниот пазар и за подигнување на свеста на јавноста за поголема финансиска едукација и инклузивност. Во рамки на своите јавни настапи, работилници, организирани посети, Агенцијата ќе го промовира Водичот за финансиска едукација.
Соопштение
Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на седницата одржана на ден 14 мај, 2018 година донесе Решение за одземање на дозволата за вршење на осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското акционерско друштво ВИАСС Скопје. Субјектот е запишан во Централниот регистар на Република Македонија со ЕМБС 5777291 и ЕДБ 4028003134322.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОСТАНАТИТЕ ЛИЦА КОИ НЕМА ДА ЈА СЛЕДАТ ОБУКАТА И ДА ПОЛАГААТ СТРУЧЕН ИСПИТ ВО МАРТОВСКАТА ЕДУКАТИВНО ИСПИТНА СЕСИЈА
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите лица кои доставиле Пријава за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник односно осигурителен брокер мартовската едукативно испитна сесија а кои поради ограничениот капацитет за спроведување на испит не беа земени предвид односно не се ставени на Списокот на лица за учество на обука и стручен испит (објавен погоре), дека истите имаат приоритет за учество на обука и полагање на стручен испит во следната едукативно испитна сесија која ќе ја организира Агенцијата во септември 2018 година.
Сите лица кои се заинтересирани нивните пријави да бидат земени во предвид во едукативно испитната сесија која ќе ја организира Агенцијата во септември 2018 година се должни електронски да ја контактираат Агенцијата и да ја потврдат својата заинтересираност на следната електронска адреса:
armin.ukikj@aso.mk – за пријави за застапници
berat.murati@aso.mk – за пријави за брокери
Лицата кои не се заинтересирани нивните пријави да бидат земени во предвид во едукативно испитната сесија која ќе ја организира Агенцијата во септември 2018 година имаат право на враќање на доставените документи (со достава на пополнето Барање за враќање на документи во слободна форма) како и уплатениот надомест за учество на обука и полагање на стручен испит (со пополнување на Барање за враќање на средства на Образец кој е достапен на веб страната на Агенцијата).
За било какви прашања поврзани со горенаведеното можете да ја контактирате Стручната служба за регулатива и лиценцирање на следниот телефонски број: 02 3254 054.
Седница одржана на 14.05.2018
- Решение за одземање на дозволата за вршење на осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското акционерско друштво ВИАСС Скопје;
- Решение за издавање на согласност за стекнување на квалификувано учество во осигурително брокерско друштво СУПЕР БРОКЕР АД Скопје.
КОНКУРС
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2018 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
– апстракт;
– осврт на консултираната литература од областа која се истражува;
– опис на методите на истражување кои се користат во трудот;
– анализа;
– заклучни согледувања и
– библиографија.
Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2018 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.
Седница одржана на 08.05.2018
- Решение за давање согласност за измена на Статутот на Акционерското друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ, Скопје,
- Решение за давање на дозвола за воведување на класата 2 – Здравствено осигурување од групата на неживотно осигурување, во работењето на Акционерското друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ, Скопје,
- Одлука за спроведување на Конкурс за годишна награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2018 година;
Седница одржана на 30.04.2018
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ
- Решение за давање согласност за член на орган на управување во Друштвото за осигурување Винер живот, на лицето Мартин Теов,
СООПШТЕНИЕ за новите термини за полагање стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер, дека новите термини за полагање на стручниот испит за вршење работи на застапување во осигурување односно стручниот испит за вршење на осигурително брокерски работи се:
Прв дел (теоретски дел) на 2.5.2018 година
Втор дел (практичен пример) на 17.5.2018 година
Кандидатите кои нема да го положат стручниот испит за застапник односно стручниот испит за брокер со првото полагање имаат право на две повторни полагања на испитот во рок од 6 месеци од денот на завршување на обуката и тоа во следните термини:
Второ полагање
Прв дел (теоретски дел) на 21.5.2018 година
Втор дел (практичен пример) на 5.6.2018 година.
Трето полагање
Прв дел (теоретски дел)на 7.6.2018 година.
Втор дел (практичен пример) на 21.6.2018 година.
АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ