СООПШТЕНИЕ
Агенцијата за супервизија на осигурување Ве известува дека стручниот испит за осигурителен брокер – теоретски дел ќе се одржи на ден 17.10.2018 година од 13:00до 17:30 часот.
Стручниот испит за осигурителен брокер ќе се спроведува во испитниот центар на Правниот Факултет во Koмпјутерски Центар на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје.
https://goo.gl/maps/eMcWw3xD2hv – мапата со точна локација на објектот.
Ве потсетуваме дека согласно Решението за исполнување на услови за полагање стручен испит за осигурителен брокер, должни сте преку електронска пошта: armin.ukikj@aso.mk да го пријавите учеството на стручниот испит за осигурителен брокер, во рок од 5 дена од денот на добивање на известувањето. Исто така, Ве известуваме дека е потребно да бидете во просториите на Испитниот центар најдоцна 30 минути пред почетокот на испитот и потребно со себе да носите документ за лична идентификација.
- Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи, просторија бр. 1, од 13:00 – 15:00 часот на 17.10.2018 година.
- Список на пријавени кандидати за полагање на стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи, просторија бр. 1, од 15:30 – 17:30 часот на 17.10.2018 година.

На 17 септември 2018 година во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување предавање за вработените на Агенцијата одржаа Piotr Manikowski, Ph.D., професор на катедрата за осигурување, Jacek Lisowski, Ph.D., професор и раководител на катедрата за осигурување, на Универзитетот за Економија и Бизнис во Познањ, Р.Полска.
Вработените на Агенцијата имаа можност да се запознаат поблиску со карактеристиките на пазарот на осигурување во Р.Полска, главните осигурителни производи, институциите и регулативата за пазарот на осигурување. Покрај ова, беше презентиран и концептот на осигурувањето на кредити, како брзорастечка класа на осигурување во Полска што привлекува особено внимание, како за друштвата за осигурување, така и за супервизијата на осигурување.
На свечена церемонија во седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување, на 2 јули, претседателот на Советот на експерти г. Климе Попоски ,и заменик претседателот на Регулаторното тело за супервизија на осигурување на Турција (Undersecretariat of treasury), г. Ахмет Генк, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.