СООПШТЕНИЕ
Агенцијата за супервизија на осигурување Ве известува дека стручниот испит за застапување во осигурување– теоретски дел ќе се одржи на ден 15.10.2018 година од 09:00 до 16:30 часот.
Стручниот испит за застапување во осигурување ќе се спроведува во испитниот центар на Правниот Факултет во Koмпјутерски Центар на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје.
https://goo.gl/maps/eMcWw3xD2hv – мапата со точна локација на објектот.
Ве потсетуваме дека согласно Решението за исполнување на услови за полагање стручен испит за застапување во осигурување, должни сте преку електронска пошта:berat.murati@aso.mk да го пријавите учеството на стручниот испит за застапник во осигурување, во рок од 5 дена од денот на добивање на известувањето. Исто така, Ве известуваме дека е потребно да бидете во просториите на Испитниот центар најдоцна 30 минути пред почетокот на испитот и потребно со себе да носите документ за лична идентификација.

На 17 септември 2018 година во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување предавање за вработените на Агенцијата одржаа Piotr Manikowski, Ph.D., професор на катедрата за осигурување, Jacek Lisowski, Ph.D., професор и раководител на катедрата за осигурување, на Универзитетот за Економија и Бизнис во Познањ, Р.Полска.
Вработените на Агенцијата имаа можност да се запознаат поблиску со карактеристиките на пазарот на осигурување во Р.Полска, главните осигурителни производи, институциите и регулативата за пазарот на осигурување. Покрај ова, беше презентиран и концептот на осигурувањето на кредити, како брзорастечка класа на осигурување во Полска што привлекува особено внимание, како за друштвата за осигурување, така и за супервизијата на осигурување.
На свечена церемонија во седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување, на 2 јули, претседателот на Советот на експерти г. Климе Попоски ,и заменик претседателот на Регулаторното тело за супервизија на осигурување на Турција (Undersecretariat of treasury), г. Ахмет Генк, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.
Овој водич е наменет за пошироката јавност, со цел на едноставен начин да ѝ ги доближи основните концепти и поими од областа на управувањето со личните финансии. При неговата подготовка се настојуваше тој да биде разбирлив и за помладите генерации и за лицата коишто немаат формално економско образование, за да може преку него населението да се информира како е најсоодветно да се управува со финансиските средства за да се постигнат посакуваните цели. Поконкретно, во водичот е дадено објаснување за тоа како може мудро да се управува со парите, како да се подготват финансиските планови и да се следи нивното остварување, како да се биде претпазлив и да не се влегува во финансиска презадолженост, како внимателно да се користат средствата земени со кредит и кредитните картички и редовно да се отплаќаат обврските итн. Истовремено, во водичот е објаснета и улогата на банкарските производи и услуги, финансиските инвестиции, осигурувањето и пензионирањето. Опфатени се и основните финансиски инвестиции, а дадено е и објаснување за разликите меѓу банкарските депозити и вложувањата во хартии од вредност итн.