Прогласен победникот на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2016 година
Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, на седницата одржана на 31.10.2016 година, го усвои Извештајот на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија за 2016 година со што го прогласи трудот на Ивица Медарски – “Управување со правни ризици во друштвата за осигурување” за победник на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2016 година.
Трудот на Ивица Медарски обработува актуелна и недоволно анализирана проблематика поврзана со работата на друштвата за осигурување, а се однесува на управувањето со правните ризици.
Авторот ги анализира националните прописи, прописите делегирани од страна на институциите на Европска Унија како и препораките на европското надзорно тело за пензиски фондови и друштвата за осигурување (EIOPA). Состојбата на пазарот на осигурување во Македонија, авторот ја утврдува преку добиените одговори на наменски изготвен прашалник на кој има добиено одговор од 8 друштва за неживотно осигурување од кои 7 припаѓаат на друштва за осигурување со седиште во Европска Унија.
Во трудот авторот доаѓа до заклучок дека друштвата кои учествуваа во истражувањето немаат воспоставено официјален систем за управување со ризици, при што ризиците со кои се соочуваат ги управуваат искуствено, и во согласност со задолженијата од прописите во дејноста. Авторот упатува на воведување интегриран систем на правни ризици со предлог за чекорите и редоследот кој треба да биде почитуван во поставувањето на овој систем.
Информација за одржана работилница 6-7 Октомври, 2016, Охрид
Агенцијата за супервизија на осигурување, во соработка со Светска Банка и Европското Тело за Осигурување и Пензиски Фондови (EIOPA), на 6-ти и 7-ми октомври 2016 година организираа работилница на тема Ризично базирана супервизија (Risk Based Supervision Workshop) во Охрид. За првпат ваков вид на настан е организиран во соработка со регулаторен орган од земја која не е членка на Европска Унија.
Целта на работилницата беше учесниците да се запознаат со начинот на спроведување ризично базирана супервизија, што е задолжително барање согласно Директивата Солвентност 2, која од 01.01.2016 година почна да се применува од страна на земјите членки на Европската Унија.
На работилницата учествуваа 65 претставници од супервизорски регулаторни тела од 22 европски земји (Австрија, Португалија, Ирска, Естонија, Германија, Полска, Турција, Данска, Литванија, Малта и др.). Презентери и панелисти беа истакнати експерти од Светска банка, ЕIOPA и различни супервизорски регулатори од Европа.
На работилницата беа организирани панел дискусии на различни теми од областа на супервизијата на осигурување, како на пример: процесот на супервизија согласно директивата Солвентност 2, корпоративно управување, супервизорски колеџи.
Исто така, на работилницата беа презентирани искуствата на регулатори од Европската унија и регулатори од земји кои не се членки на ЕУ во врска со спроведување на супервизија врз основа на ризици, како и идните предизвици за осигурителниот сектор во регионот.
КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ, НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ
ОБЈАВУВААТ
КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ.
АЈДЕ ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО ‒ 31 ОКТОМВРИ
СО СЛИКАЊЕ ЦРТЕЖ И ПИШУВАЊЕ ПЕСНА:
ПРВА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА:
Ш Т Е Д Е Њ Е ‒ „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“
ВТОРА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА:
О С И Г У Р У В А Њ Е ‒ „ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“
Известување
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер, во септемвриската испитна сесија, дека Испитот за застапници односно осигурителни брокери се одржи во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација: ул. Христо Смирненски бр. 30 ламела 1 (во близина на Универзална сала),
Деталниот распоред на Термини за испити за застапници во осигурување, односно за осигуритлен брокер можете да ги најдете во следните линкови:
Обука
| Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер, во септемвриската испитна сесија, дека обуката за застапници односно осигурителни брокери ќе се одржи во просториите на Европски Универзитет (Бул. Свети Климент Охридски бр. 68 – Скопје).
Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.9.2016 година а обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.9.2016 година и 1.10.2016 година.
Деталниот распоред на предавањата во рамки на обуките можете да го најдете на следниот линк:
|
Соопштение за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник) и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).
Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.9.2016 година а обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.9.2016 година и 1.10.2016 година. Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуките ќе биде објавен на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуките
- Соопштение за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи..
- Пријава/ барање за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник
- Пријава/ барање за учество на обука и полагање на стручен испит за брокер
Агенцијата за супервизија на осигурување и вработените во Агенцијата со акција за помош на настраданите од елементарната непогода
Агенцијата за супервизија на осигурување сочувствува со настраданите граѓани за време на невремето што го зафати Скопје и околината. Како регулаторно тело надлежно за осигурителниот пазар во РМ, Агенцијата во овој период презема низа активности во соработка со друштвата за осигурување со цел да се излезе во пресрет на настраданите.

Исто така, вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување во насока на помош заради елементарната непогода спроведоа, хуманитарна акција- беа донирани различни производи во еден од пунктовите на Министерството за труд и социјална политика лоциран во ОУ Кирил и Методиј во населбата Стајковци. Оттука, производите ќе им бидат доделени на лица на кои им се потребни.
XPRIMM со информации за поплавите
XPRIMM е интернет портал и странско списание специјализирано за осигурување и пензиско осигурување. XPRIMM постои повеќе од 15 години и поседува уникатна позиција на специјализираните пазари, содржи статистички податоци, новости и информации за осигурителните индустрии во повеќе од 32 земји и воедно е платформа за комуникација и размена на податоци за земјите од Европа и пошироко. XPRIMM на редовна основа објавува податоци и информации за осигурителната индустрија во Република Македонија и исто така, објави и информации за временската непогода која ја зафати нашата земја. На следниот линк http://www.xprimm.com/Macedonia-in-need-of-aid-after-the-severe-flooding-of-August-6th-articol-2,10,22-8261.htm може да се преземе информацијата којa воедно содржи и апел за помош на настраданите во поплавите.
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Организацијата на потрошувачите на Македонија
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски и претседателот на Организацијата на потрошувачи, г-ѓа Маријана Лончар Велкова се сретнаа денес во седиштето на Агенцијата. Благодарение на досегашната успешна соработка меѓу институциите истите одлучија да ја продлабочат соработката преку потпишување на Меморандум за соработка.
Во рамки на Меморандумот институциите предвидуваат поблиска соработка во доменот на заштита на осигурениците и корисниците на осигурителни производи и услуги. Преку реализација на проекти и активности институциите планираат значително да придонесат во јакнење на јавната свест за потребата од правилно информирање на потрошувачите во доменот на осигурување и исто така, подигнување на општествената одговорност на друштвата за осигурување и другите субјекти на пазарот на осигурување во Република Македонија.