Завршен настан по повод твининг проектот „Понатамошна хармонизација со ЕУ во областа на осигурување и зголемување на пазарните операции“
Во насока на понатамошно усогласување со законодавството на ЕУ во областа на осигурувањето и зголемувањето на пазарните операции, Министерството за финансии во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурување и Меѓународната ибероамериканска фондација во изминатиот 21 месец работеше на твининг проект за што имаше завршен настан на 17 ноември 2017 година. Проектот го спроведуваше Генерална дирекција за осигурување и пензиски фондови од Кралството Шпанија.
Основната цел на проектот е транспонирање на Директивата за основање и водење на деловни активности за осигурување и реосигурување – Солвентност 2 во нова законска и подзаконска регулатива.
Веќе знаеме дека директивата Солвентност 2 донесе новости и промени истовремено за друштвата за осигурување, супервизијата и за корисниците на осигурувањето и претставува до сега најзначајната промена во европската осигурителна индустрија. Тие промени се толку опсежни што влијаат на промена на целиот бизнис модел на друштвата за осигурување, како и на моделот на спроведување на супервизија кој ќе биде заснована на ризици. Искрено се надевам дека резултатите од твининг проектот ќе ни бидат квалитетен водич во реформите кои ни престојат на пазарот на осигурување, истакна Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, на завршниот настан.
Во рамки на завршниот настан се одржа и округла маса на тема Имплементацијата на Солвентност 2 која ја модерираше г. Климе Попоски, а учествуваа претставници од ЕУ, и тоа
- Хавиер Кастило, генерална дирекција за осигурување и пензиски фондови од Кралството Шпанија
- Петар Пјер Матек, претседател на Управниот одбор на ХАНФА, Хрватска
- Гордана Летица, член на Управниот одбор на ХАНФА, Хрватска
- Нина Колчакова, генерален секретар на Здружението на бугарските друштва за осигурување, Бугарија, и
- Боштјан Вовк, заменик директор и раководител на Одделот за супервизија на Агенцијата за супервизија на осигурување на Словенија.
Во рамки на панелот учесниците ги изнесоа своите гледишта во врска со имплементацијата на Директивата Солвентност 2 во нивните земји. Главните заклучоци се движеа во насока дека овој процес е комплексен и бара голем ангажман и ресурси како за друштвата за осигурување, така и за органите за супервизија.
Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, наседницата одржана на 27.10.2017 година, го усвои Извештајот на Комисијата заизбор на најдобар истражувачки труд одобласта на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија за 2017 годинасо што го прогласи трудот на Ангела Блажеска – “Анализа навлијанието на оперативниот ризик врз деловниот успех на компаниите за неживотноосигурување во Република Македонија” за победник на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд одобласта на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2017година. Победничката Ангела Блажеска изврши презентација на својот труд на7.11.2017 година пред претставници на друштвата за осигурување во Агенцијата засупервизија на осигурување.

Агенцијата за супервизија на осигурување на 14 јули, 2017 година со Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан Први“ склучи Меморандум за соработка. Со овој Меморандум за соработка двете страни ја уредуваат соработката во врска со размена на искуства, знаења, едукација, литература, финансиска едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете страни имаат кадровски и други потенцијали и интереси. Меморандумот за соработка го регулира и начинот на изведување на практична настава за студентите во Агенцијата за супервизија на осигурување.
Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата м-р Стојче Стаменковски изјави дека врз основа на денешниот меморандум за соработка РСБСП и АСО во наредниот период ќе реализираат бројни заеднички активности за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку намалување на бројот на нерегистрирани возила во сообраќајот, активности за подигање на јавната свест за предностите и придобивките од осигурување на возилото, финансиско знаење на учесниците во сообраќајот за полисата за автоодговорност, пријавување на штета во случај на настанување на штетен настан, права и обврски од зелена карта, права и обврски за пополнување на европски записник и многу други активности.