НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА КОНКУРСОТ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ ‒ 1 НОЕМВРИ, 2025 ГОДИНА
Во врска со наведениот конкурс, подолу го објавуваме списокот на наградени ученици, по одделни категории. И оваа година добивме голем број интересни литературни и ликовни трудови.
На Конкурсот за ученици од основното образование, од 1 до 5 одделение, во категорија ликовна творба- цртеж, на тема „Осигурувањето ме заштитува од ризици”, наградени се следниве ученици:
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИКОВНИ ТВОРБИ – ЦРТЕЖ СЕ НАГРАДЕНИ:
- Марија Попоска IV одделение ООУ “Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски“- Скопје
- Теодора Стојкова III одделение ООУ “Васил Главинов“- Велес
- Илина Ефремов V-а одделение ООУ “Лазо Трповски“- Скопје
На Конкурсот за ученици од основното образование, од 6 до 9 одделение, во категорија литературна творба-песна, на тема “Осигурувањето е моја инвестиција за сигурна иднина“
наградени се следниве ученици:
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ – ПЕСНА, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Милица Тодоровска, VII-5 одделение ООУ “Кочо Рацин“ – Куманово
- Лука Вељановски, VI-б одделение, ООУ “Кирил Пејчиновиќ “- Скопје,
- Лука Апостолов, IХ одделение, ООУ “Даме Груев“ – с.Ерџелија – Свети Николе
На Конкурсот за ученици од средно образование,, во категорија литературна творба-расказ/есеј, на тема “Животот е полн со изненадувања, осигурувањето е моја финансиска сигурност “, наградени се следниве ученици:
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ – ЕСЕЈ/РАСКАЗ, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Матеј Ѓерасимовски, I година, ПСУ САБА Центар, Скопје,
- Мила Божиноска, IV -2 година, СГГУГС “Здравко Цветковски“- Скопје,
- Теодора Тунеска, IV-6 година, СООУ „Ристе Ристески – Ричко„ -Прилеп,
КОНКУРС ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПО ПОВОД ДЕН НА ОСИГУРУВАЊЕ ‒ 1 НОЕМВРИ – „НАУЧИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕТО И ПОКАЖИ ЈА СВОЈАТА КРЕАТИВНОСТ!
Финансиска едукација на учениците од основното и средното образование со поттикнување на нивната креативност во цртање и пишување на тема ОСИГУРУВАЊЕ.
„Јазикот поврзува, осигурувањето заштитува“ – Учениците од „Васил Антевски – Дрен“ со квиз на европски јазици











АСО го започна процесот на подготовка за примената на Меѓународниот стандард за финансиско известување ИФРС 17 за договори за осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) го започна процесот на подготовка за примена на Меѓународниот стандард за финансиско известување (МСФИ) 17 во договорите за осигурување.
Оваа комплексна реформа од областа на финансиското известување ќе го подобри и направи поефикасно работењето на осигурителните компании, а тоа во крајна линија ќе значи подобра заштита на осигурениците – корисници на услугите на осигурителните компании.
По тој повод во Скопје беше успешно организирана петдневна обука и работилница на која учествуваа над 50 стручни лица од осигурителните компании, од пензиските фондови, супервизори од АСО и овластени сметководители.
Обуката АСО ја организираше во соработка со Центарот за реформи во финансиското известување и известување за одржливост при Светската банка. Обуката ја спроведува Дарел Скот, реномиран експерт кој непосредно го има водено процесот на усвојувањето на стандардот, како поранешен член на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди.
Меѓународниот стандард за финансиско известување во нашата регулатива ќе се применува од 1 јануари 2028 година и во овој период сите учесници на осигурителниот пазар ќе го прилагодат своето работење односно ќе ги имплементираат барањата на ИФРС 17.
Во знак на благодарност за успешно спроведениот тренинг за разбирањето, значењето и примената на стандардот за финансиско известување претседателот на Советот на експерти Ели Дракуловска и членовите Александра Дранговска и Горан Здравковски на предавачот Скот му подарија сувенир – реплика од фрагмент од мозикот во античкиот град Стоби еден од најпопуларните артефакти на македонското културно наследство од античкиот период.




Регулаторните барања за водење на сметководство и финансиско известување на друштвата за осигурување суштински се менуваат со објавата на Меѓународниот стандард за финансиско известување (МСФИ) 17 Договори за осигурување. Агенцијата за супервизија на осигурување со помош на Центарот за реформи во финансиското известување и известување за одржливост при Светската банка обезбеди еднонеделна обука за вработените во друштвата за осигурување и во супервизијата со цел подобро разбирање на барањата на стандардот и поефикасна транзиција на институциите. Обуката ја спроведува Г.Дарел Скот кој непосредно го има водено процесот на усвојувањето на стандардот, како поранешен член на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди.


Известување за уплата на средства за обуки за застапници во осигурување и осигурителни брокери
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) апелира до сите потенцијални кандидати на идни обуките за застапници во осигурување и за осигурителни брокери да не вршат уплати на средства за обуки додека не бидат објавени термините за претстојни обуки.
Воедно апелираме до сите заинтересирани лица кои сакаат да се пријават и да посетуваат идни обуки да ја следат веб страницата на АСО каде навремено ќе бидат објавени сите релевантни и официјални информации за претстојни циклуси за едукација и полагање за застапници и брокери во осигурување.
За сите дополнителни информации Ви стоиме на располагање на мејл адресите contact@aso.mk и nikola.stojanov@aso.mk
Со почит,
АСО