Седница одржана на 18 мај, 2026 година
- Записник од 9-та седница на СнЕ на АСО одржана на 21 Април, 2026 година;
- Извештајот за извршена ревизија на испитите за застапници во 2025 година;
- Одлука за спроведување на постапка на порамнување на Осигурително брокерското друштво Бролинс АД Скопје;
- Одлука за изрекување мерки на СИГАЛ Иншуренс Груп АД Скопје;
- Одлука за спроведување на постапка на порамнување од страна на Осигурително брокерско друштво МАКОАС БРОКЕР АД СТРУМИЦА;
- Одлука за спроведување на постапка на порамнување од страна на Осигурително брокерско друштво ЈДБ БРОКЕР АД Скопје;
- Одлука за спроведување на постапка на порамнување од страна на Осигурително брокерското друштво ФЛЕКС БРОКЕР АД Скопје;
- Одлука за спроведување на постапка на порамнување од страна на Акционерско осигурително брокерско друштво ВФП АД Скопје;
- Одлука за спроведување на постапка на порамнување од страна на Осигурително брокерското друштво БД БРОКЕР АД Дебар;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон АД за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола;
- Решение за изрекување дополнителни мерки кон АД за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола.
Учество на АСО на традиционалните синдикални спортски игри
Вработени од АСО и годинава учествуваа на традиционалните синдикални спортски игри организирани од СФОМ, каде се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини.
Преку вакви активности се поттикнуваат тимскиот дух, меѓусебната соработка и спортските вредности.
Настаните од овој тип придонесуваат и за јакнење на професионалните и човечките релации меѓу вработените.
АСО меѓу граѓаните преку едукативни активности
Граѓаните покажаа интерес особено за начинот на остварување и заштита на правата од осигурување, функцијата на АСО и улогата на осигурувањето.


Отворени денови во АСО во рамки на месецот на финансиска писменост
Во рамки на активностите за одбележување на месец мај – месец посветен на финансиската писменост, Агенцијата за супервизија на осигурување организира „Отворени денови“, со цел граѓаните на едноставен и практичен начин да се запознаат со улогата и функционирањето на АСО, како и со правата на осигурениците.
Отворените денови ќе се одржат во просториите на Агенцијата, на 18 и 26 мај 2026 година, во периодот од 11:00 до 12:00 часот.
Своето учество можете да го потврдите најдоцна до 13 мај, на телефон 3254065 или на е-mail адресата edukacija@aso.mk.
