Седница одржана на 27.06.2019
- Решение за издавање согласност на Емил Кратовалиев да ја врши функцијата член на Управниот Одбор на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
- Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2018 година,
- Годишен извештај за состојбата и движењата на пазарот на осигурување за 2018 година,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија од спроведена теренска супервизија спрема Друштвото за осигурување ХАЛК Осигурување АД Скопј
- Одлука за изрекување мерки на супервизија од спроведена вонтеренска супервизија спрема Друштво за осигурување ЕУРОСИГ АД Скопје,
- Решение за издавање согласност Друштвото за ревизија, консалтинг и даночни услуги Дилоит ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ АД Скопје за 2019 година,
- Решение за издавање согласност Друштвото за ревизија, консалтинг и даночни услуги Дилоит ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје за 2019 година,
- Решение за издавање согласност Друштвото за ревизија ГРАНТ ТОРНТОН ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ АД Скопје за 2019 година,
- Решение за издавање согласност Друштво за ревизорски услуги ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за осигурување УНИКА А.Д Скопје за 2019 година,
- Решение за издавање согласност Друштво за ревизорски услуги ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото животно осигурување УНИКА ЛАЈФ А.Д Скопје за 2019 година,
Под мотото посетете ги финансиските институции и проширете ги своите знаења за финансиите членките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија заедно ги отворија Деновите на финансика писменост и едукација
Целта на Деновите на финансиската писменост е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголеми свесноста за заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.
На настанот, со инфо-пултови, учествуваа институциите од Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија – Агенцијата за супервизија на осигурување, Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност и МАПАС. Учествуваа и банки, друштва за осигурување, осигурително брокерски друштва, штедилници и други финансиски компании коишто ја поддржаа акцијата.
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Климе Попоски, истакна дека АСО уште од самото формирање се залага за унапредување на финансиската писменост, организирање финансиски едукативни активности, подготовка на информативни брошури и интерактивни игри за децата преку кои ќе добијат повеќе знаење во областа на осигурувањето. Исто така, тој потенцираше дека АСО и во иднина ќе продолжи со реализација на бројни активности за натамошен развој и подигнување на финансиката писменост на населението и ќе иницира и поддржува идеи и проекти кои ќе придонесат за развој на пазарот на осигурување.
Активностите на институциите за Деновите на финансиската писменост се одвиваа во рамки на периодот од 28-31 мај. Во овие денови Агенцијата за супервизија на осигурување со свој информативен пулт беше присутна меѓу граѓаните и преку информативен разговор ги запознаваше со своите надлежности и нејзината улога на пазарот на осигурување.
Седница одржана на 07.06.2019
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување Уника живот АД Скопје,
- Решение за издавање согласност лицето Марко Микиќ да ја врши функцијата Член на Управен одбор на Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ АД Скопје
- Решение за издавање дозвола за вршење на осигурително брокерски работи на Осигурителното брокерско друштво СМАРТ МАНИ СОЛУШНС АД Скопје