Седница одржана на 6 март, 2026
-
Решение за формирање на Комисија за спроведување на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи,
-
Решение за формирање на Комисија за спроведување на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето,
-
Решение за определување на овластени претставници кои ќе присуствуваат во просторијата за време на полагање на стручните испити за вршење осигурително брокерски работи,
-
Решение за определување на овластени претставници кои ќе присуствуваат во просторијата за време на полагање на стручните испити за вршење на работи на застапување во осигурување,
-
Решение за формирање на Комисија за ревизија на одржаните стручни испити за вршење осигурително брокерски работи,
-
Решение за формирање на Комисија за ревизија на одржаните стручни испити за вршење на работи на застапување во осигурувањето,
-
Решение за определување на одговорно лице за утврдување на исполнетост на условите за полагање на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи,
-
Решение за определување на одговорно лице за утврдување на исполнетост на условите за полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето.
Усвоен Извештајот за работењето на Комитетот за финансиска стабилност за 2025 година: Финансиската стабилност е задржана
Комитетот за финансиска стабилност, на седницата одржана на 5 март 2026 година, го разгледа Извештајот за работењето на Комитетот и поткомитетите во 2025 година, при што беше утврдено дека финансиската стабилност е задржана, а финансискиот систем покажува добра отпорност и способност за справување со предизвиците.
Во Извештајот се оценува дека финансиските институции работеа во услови на побрз економски раст, при натамошна неизвесност од светското окружување. Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, при историски највисоко ниво на адекватност на капиталот (од 2006 година наваму), подобрена ликвидносна позиција, раст на депозитите и кредитната активност, зголемена профитабилност и задржан квалитет на кредитното портфолио. Стрес-тестовите упатуваат на солиден капацитет за справување со потенцијални шокови.
Во однос на приватните пензиски фондови, беше заклучено дека тие и понатаму се во фаза на прибирање средства, со ниска изложеност на ликвидносен ризик. При претпазливо инвестирање и соодветна диверзификација, стапките на принос се зголемуваат, особено кон крајот на минатата година.
Осигурителниот сектор бележи натамошен раст на продажбата, со соодветна ликвидност, солвентност и солидна профитабилност, додека останатите сегменти на финансискиот систем (штедилниците, друштвата за лизинг, инвестициските фондови и финансиските друштва) и натаму имаат мал удел и ограничено значење како извор на системски ризик.
Посебно внимание му беше посветено на пазарот на недвижности, којшто и во 2025 година се одликува со силна побарувачка, раст на понудата и двоцифрен раст на цените, над долгогодишниот просек. Во услови на забрзано станбено кредитирање и засилени градежни активности, беше нагласена потребата од внимателно управување со ризиците, заради спречување на прекумерната задолженост и за зачувување на стабилноста.
Во 2025 година, Народната банка примени пакет макропрудентни мерки, со кои ја зголеми стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 1,75% на 2,00% (со примена од четвртото тримесечје на 2026 година), а ги заостри и мерките насочени кон кредитирањето на физичките лица, заради превентивно делување врз потенцијалните ризици во сегментот на домаќинствата и пазарот на недвижности. Истовремено, беше олеснето кредитирањето за купување или изградба на прво живеалиште.
Комитетот ја нагласи потребата од натамошно внимателно следење на ризиците и координирано дејствување на финансиските регулатори, коишто располагаат со соодветни инструменти за навремено реагирање. Финансиската стабилност и натаму е приоритна, а институциите се подготвени да постапуваат соодветно во рамките на своите надлежности и во наредниот период.
Седница одржана на 2 март, 2026 година
-
Барање за добивање согласност за извршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за осигурување ГРАВЕ Скопје, на лицето Зоран Стојановски и донесување на решение,
-
Одлука во однос на неусогласеноста на НГО АД Осигурителна полиса Скопје,
-
Одлука во однос на неусогласеноста на АД за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА Битола,
-
Информација во врска со Имплементација на МСФИ 17 во Македонија и
-
Информација за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, заклучно со 31.12.2025 година.