Шеста работна средба на финансиските регулатори, приватниот и граѓанскиот сектор посветена на медијацијата како алатка за ефикасно и економично решање спорови
Координациското тело, ја организира редовната работна средба на регулаторите, приватниот и граѓанскиот сектор за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија. На средбата, заради поголема популаризација и користење на медијацијата како алатка за решавање одреден спор, предавање на тема: „Медијацијата како алатка за ефикасно и економично решавање на споровите, вклучително и во областа на финансиите“ одржа Јелисавета Георгиева-Јовевска, претседателка на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата при Стопанската комора.
Целта на предавањето е искуствата, пренесени на оваа презентација, да придонесат за поголема примена на медијацијата во доменот на финансиските услуги, како начин на поддршка на финансиската вклученост и заштитата на потрошувачите на финансиски производи и услуги.
Средбите коишто се одржуваат два пати во текот на годината овозможуваат редовен дијалог помеѓу финансиските регулатори, субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор вклучени во активностите за финансиска едукација. Размената на предлози и искуства за зајакнувањето на финансиската вклученост и заштитата на потрошувачите во финансискиот систем обезбедува успешно спроведување на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија.
Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија обезбедува координиран пристап на национално ниво и стратегиска рамка во која се препознава значењето на едукацијата, се овозможува вклученост и координираност на сите засегнати страни и се утврдува мапа на активности за ефективно постигнување на целите.

Седница одржана на 28 мај, 2024
- Записник од 12-та седница на СнЕ на АСО одржана на 20 мај, 2024 година;
- Решение за издавање на согласност за Друштвото за ревизија БАКЕР ТИЛИ ЈОАНИДИС ДООЕЛ Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за осигурување ПРВА ЖИВОТ Скопје за 2024 година.
Седница одржана на 20 мај
- Записник од 11-та седница на СнЕ на АСО одржана на 15 мај, 2024 година;
- Одлука за супервизорски мерки за Евролинк за ИТ супервизијата;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Симона Митовска;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Сања Здравковска Молеровиќ;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Марија Ѓуровска;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Иван Тренов;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Жаклина Анѓелковиќ;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Александра Ќурчиева Димитриева.
Седница одржана на 15 мај, 2024
- Записник од 10-та седница на СнЕ на АСО одржана на 30 април, 2024 година;
- Барање за добивање согласност за измена на статутот на Друштвото за осигурување САВА осигурување а.д Скопје и донесување на решение;
- Барање за добивање согласност за измена на статутот на Друштвото за осигурување ПРВА ЖИВОТ АД, Скопје и донесување решение;
- Финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2023 година со извештај на ревизијата;
- Барање за добивање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на ТРИГЛАВ ЖИВОТ АД Скопје за лицето Христина Џамбазовска и донесување решение;
- Барање за добивање согласност друштвото за ревизија ГРАНТ Тортон ДДО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и донесување решение;
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштво за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје;
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Акционерско брокерско друштво НОБ Независен Осигурителен Брокер АД Скопјe.
Седница одржана на 30 април
- Записникот од 9-та седница на СнЕ на АСО во 2024 година, одржана на ден 22 април 2024 во 12:00 часот;
- Барање за добивање на согласност Друштвото за ревизија МУР СТИВЕНС ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Националната групација за осигурување АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА Скопје за 2024 година и донесување на решение.
Информација за јавност во врска со неоправданото зголемување на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ја охрабрува Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.
АСО како регулатор на пазарот на осигурување уште еднаш јавно информира дека е целосно неоправдан и без основа потегот со кој осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност.
Клучните аргументи против зголемување на цената се наведени во анализата што е доставена до надлежната комисија при Министерството за финансии.
Зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците. Напротив, ова зголемување на цените е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување.
Анализата е достапна на следниот линк https://aso.mk/analiza-za-neopravdanosta-od-zgolemuvanjeto-na-czenite-na-polisi-za-zadolzhitelno-osiguruvanje-od-avtomobilska-odgovornost-2/
Информација за јавност во врска со зголемената цена на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност
Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.
По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.
Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.
Министерството за финансии во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. При тоа заклучи во понеделник на нова седница да разгледа Извештај од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.
Истовремено, Министерството за финансии врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, која е регулатор на осигурителниот сектор, денеска се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување, а согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата.