Бројот на осигурани возила достигна 700.000, секое трето возило има зелена карта
Сопствениците на возила во 2023 година вложиле 87 милиони евра во oсигурување од автомобилска одговорност. Во вкупните вложувања зелената карта учествува со 21 милиони евра. Сите цени за задолжителното автомобилско осигурување и за зелена карта ги регулира државата. АСО, Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ
Граѓани, компании и институции осигурале повеќе од 697.700 возила (патнички и товарни возила, автобуси, моторцикли, трактори, приколки и специјални возила) во 2023 година. Вкупниот број на возила за кои сопствениците купиле полиси за задолжително осигурување од автомобилска одговорност во 2023 година е зголемен за 5 отсто во споредба со 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги достави Националното биро за осигурување (НБО).
Секое трето осигурано возило имало и зелен картон за патување во странство, покажуваат податоците. Во текот на 2023 година сите 11 осигурителни компании издале 260.815 зелени карти – осигурување неопходно за возење во странство. Бројот на издадени зелени карти лани е зголемен за речиси 20.000 односно 8 отсто повеќе од 2022 година. Осигурениците во зелени карти во 2023 година вложиле 1,3 милијарди денари (21,16 мил.евра).
Зелената карта е осигурување кое служи за обештетување на трети лица доколку се случи сообраќајна незгода или несреќа во странство. Специфика на зелената карта е тоа што во некои земји нема утврдена масимална сума за човечки жртви во сообраќајна несреќа. Во таков случај осигурителната компанија што ја издала зелената карта ќе исплати износ без ограничување.
Податоците добиени од НБО покажуваат дека граѓаните, компаниите и институциите лани купиле вкупно 958.528 полиси за осигурување возила во земјава и во странство. Во осигурување од автомобилска одговорност (за возење во земјава и во странство) во 2023 година се вложени 5,33 милијарди денари (86,75 мил.евра).
Бројот на издадени полиси за автомобилско осигурување за во земјава и во странство лани во однос на 2022 година е зголемен за 6 отсто, а нивната вкупна вредност е поголема за 6,5 отсто, покажуваат податоците на НБО.
НБО има законски овластувања да ги врши работите предвидени со меѓународните спогодби за осигурување на сопствениците и корисниците на моторни возила од одговорност во сообраќајот. НБО ги претставува сите македонски компании за неживотно осигурување во меѓународните организации и институции за осигурување.
Во Македонија законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и зелената карта имаат регулирани цени кои ги утврдува и контролира Владата преку надлежна стручна интересорна комисија.
Во 2023 одина во продажбата на задолжително автомобилско осигурување и зелена карта „Македонија осигурување“ учествувала со 4,8 отсто, „Кроација осигурување – неживот“ со 9,9 отсто, „Уника“ со 14,6 отсто, „Триглав осигурување“ со 8,8 отсто, а „Сава осигурување“ со 9 отсто. Од вкупната продажба на ова задолжително осигурување на „Винер ВИГ“ отпаѓа 13,4 отсто, на „Еуролинк“ 8,4 отсто, „Граве“ 8,8 отсто, „Халк Осигурување“ учествува со 6,4 отсто и „Осигурителна полиса“ со 9,5 отсто.
Седница одржана на 11 јануари, 2024 година
1. Записник од 35-та седница на СнЕ на АСО одржана на 25 декември, 2023 година;
2. Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Билјана Стошиќ;
3. Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Елена Тасева;
4. Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Марија Калчева;
5. Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Анета Китановска;
6. Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Силвана Петровска;
7. Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Аница Аризанова;
8. Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Бљерта Хани,
9. Извештај за поднесени претставки до Агенцијата за супервизија на осигурување од страна на осигурениците, од корисниците и од трети оштетни лица, за пеиодот, 1.1.2023-31-12.2023 година;
10. Измена на Годишен план за теренска супервизија на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Седница одржана на 25 декември
- Записник од 34-та седница на СнЕ на АСО одржана на 12 декември, 2023 година;
- Правилник за изменување и дополнување на Плавилникот за систематизација на работните места на Агенцијата за супервизија на осигурување;-
- Одлука за неусогласеност на Осигурително брокерско друштво ЕУРОМАК АД Скопје;-
- Стратегиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за период пд 2024-2026 година;
- Стратешки план за внатрешна ревизија за периодот 2024 – 2026 година;
- Годишен план за внатрешна ревизија за 2024 година;
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на Одборот на директори на САВА осигурување а.д. Скопје на лицето Кристиан Лешков;
- Правилник за соодветноста на реосигурителното покритие, методот за пресметка на износот на максимално покритие на друштво за осигурување во табелата за максимално покритие и методот за пресметување на максимално можна штета;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Александра Митреска;
- Одлука за изрекување супервизорска мерка кон осигурителното брокерско друштво Смарт Мани Солушнс ад Скопје;
- Годишен план за теренска супервизија за 2024 година;
- Извештај за извршена ревизија на спроведувањето на стручниот испит за вршење осигурително брокерски работи во 2023 година (едукативно испитни сесии февруари-август 2023);
- Извештај за спроведен испит за четвртиот предмет од Наставната програма за спроведување на стручниот испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар, (2023-2024) – Економија;
- Извештај за спроведен испит за третиот предмет од Наставната програма за спроведување на стручниот испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар, (2023-2024) – Стохастичко моделирање;
- Одлука за формирање на Комисија за попис на средствата и изворите на средствата на Агенцијата за супервизија на осигурување со состојба на 31 декември 2023 година;
- Упатство за работа на Комисија за попис на средствата и изворите на средствата на Агенцијата за супервизија на осигурување со состојба на 31 декември 2023 година.
Осигурителната индустрија се обединува и мобилизира за подигање на нивото на финансиска писменост
На иницијатива на регулаторот на осигурителниот пазар АСО сите осигурителни компании и повеќе од половина од сите осигурително-брокерските друштва се обединија создавајќи платформа за финансиска писменост во осигурувањето. Целта е со заеднички координирани активности граѓаните да добијат комплетна, јасна и споредлива информација за условите и за цените на осигурување, како и за правата и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување
Сите 17 осигурителни компании, Националното биро за осигурување и уште 25 осигурително-брокерски друштва на иницијатива на Агенијата за супервизија на осигурување (АСО) ги здружуваат силите и ги координираат активностите за зголемување на нивото на финансиска писменост во осигурувањето. За таа цел овие 42 компании од осигурителната индустрија и регулаторот на пазарот АСО склучија меморандум за соработка со кој таргетираат заеднички и координирани активности во оваа област.
Сите членки на платформата за финансиска писменост во осигурувањето декларираа дека со потпишувањето на меморандумот активно ќе поттикнуваат, развиваат и реализираат активности со кои преку финансиската едукација ќе ја унапредуваат заштита на правата на осигурениците. Сите мерки и активности, предвидени во меморандумот, се насочени кон натамошен развој на пазарот на осигурување и ќе придонесат кон зголемување на нивото на финансиска инклузија на населението.
Секоја од овие 43 компании (осигурителни друштва и осигурително-брокерски фирми) ќе донесе план на активности за зголемување на финансиската писменост на населението во делот на осигурувањето. Потоа врз основа на тие планови сите компании ќе утврдат заеднички активности со кои преку координирана промоција на финансиската едукација ќе ја подигаат јавната свест за значењето на осигурувањето.
Една од најзначајните цели кои треба да ги постигне оваа соработка е да се овозможи на што поголем број граѓани да добијат комплетна, јасна и споредлива информација за условите за осигурување и за цените на полисите. Паралелно со тоа да се унапреди информираноста за нивните права кои произлегуваат од договорите за осигурување.
Меѓу другото оваа соработка меѓу компаниите и АСО има за цел да го афирмира и поддржи пристапот на медијација односно можноста за вонсудско решање на споровите.
Компаниите декларираа дека даваат поддршка за стимулирање на финансиските иновации за развој на пазарот на осигурување, а активно ќе учествуваат и во создавање платформа за споредување на осигурителни производи.
Оваа активност е дел од континуираните напори на АСО во рамки на националната стратегија за финасиска едукација и финансиска инклузија која е дел од заложбите на сите финансиски регулатори за унапредување на состојбите во финансискиот сектор во земјава.