Известување
Ве известуваме дека Агенцијата за супервизија на осигурување на 23.01.2017 година се пресели во нови деловни простории, кои се наоѓаат на следната адреса:
Ул, Македонија б.б. – “Палата Лазар Поп-Трајков“ – 5-ти кат, 1000 – Скопје
Седница одржана на 04.01.2017
- Одлука за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување во 2017 година;
- Одлука за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи во 2017 година;
Доделени наградите за најуспешни творби на Конкурсот по повод Денот на штедењето
Агенцијата за супервизија на осигурување,Министерството за финансии и Народната банка на Република Македонија доделија награди за најуспешните ликовни и литературни творби пријавени на конкурсот по повод Денот на штедењето – 31 Октомври. Наградите ги доделија министерот за финансии, Кирил Миноски, гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Климе Попоски.
Конкурсот беше наменет за деца и млади од основните и средните училишта во Република Македонија, на тема „И јас умеам да штедам“ и „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“. На конкурсот пристигнаа 402 творби, а најдобрите 15 добија дипломи и парични награди. На 44 ученици и седум училишта им се доделија пофалници.
Конкурсот се распишува по третпат и е дел од активностите што ги преземаат Министерството за финансии, Народната банка и Агенцијата за супервизија на осигурување за подигање на финансиската свест и писменост на населението, и особено на младите.
Министерот Миноски истакна дека младите генерации учат за вистинските вредности во животот, дека во животот може да се успее само со труд, со посветена работа и штедливост.
„Во Министерството за финансии, благодарение на овие вредности, се грижиме за финансиските средства на сите граѓани на РМ. Тие средства ги распределуваме на соодветен начин за да можеме да инвестираме во образованието, здравствените установи, културата, спротот и сите сфери неопходни за функционриање на една држава“, рече Миноски.
Гувернерот Богов, пак, истакна дека интензивно се работи во оваа сфера за да се подигне знаењето не само на најмалите, туку и на целото население, бидејќи од знаењето што го имаат корисниците на финансиските услуги многу зависи какво ќе биде и работењето и на корисниците и на давателите на финансиски услуги.
Претседателот на Советот на експерти, Климе Попоски рече дека истражувањето на ОЕЦД поикажало дека од 2,2 милијарди млади во светот, само 10 проценти од нив имаат пристап до финансиската едукација, што покажува дека има потреба да се работи на оваа тема.
Седница одржана на 28.11.2016
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ А.Д. Скопје на лицето Дритон Азизи,
Седница одржана на 13.11.2018
- Разгледување на Извештајот за реализација на активности на АСО во областа на финасиската едукација и инклузивност,
- Усвојување на Извештајот за оценката на пристигнатите литературни и ликовни творби на конкурсот на тема „Што значи за мене осигурувањето на домот и на семејството“ и избор на наградени учесници за 2018 година,
- Разгледување на Извештајот за Пазарот на осигурување во Република Македонија во првиот квартал од 2018 година,
- Разгледување на Извештај за Пазарот на осигурување во Република Македонија во вториот квартал од 2018 година,
- Усвојување на Извештај за работењето на друштвата за осигурување во периодот 1.1- 31.3.2018,
- Разгледување на Извештај за работењето на друштвата за осигурување во периодот 1.1- 30.6.2018,
- Донесување на Решение за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за неживотно осигурување Кроација осигурување АД Скопје,
- Донесување на Решение за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за неживотно осигурување УНИКА Скопје,
- Донесување на Решение за давање согласност за измена на Статутот на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за неживотно осигурување Скопје
- Донесување на Решение за издавање на согласност за стекнување на квалификувано учество во осигурително брокерско друштво на лицето ХРИСТО КОНДОВСКИ,
- Донесување на Решение за издавање на согласност за измена на Статутот на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје
- Донесување на Решение за издавање на согласност за измена на Статутот на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје
- Донесување на Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на друштво за осигурување, за вршење на функцијата Извршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје, на лицето РОК ПИВК,
- Донесување на Решение за издавање дозвола за вршење осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското друштво ЕНСА БРОКЕР АД, Скопје
Прогласен победникот на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2016 година
Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, на седницата одржана на 31.10.2016 година, го усвои Извештајот на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија за 2016 година со што го прогласи трудот на Ивица Медарски – “Управување со правни ризици во друштвата за осигурување” за победник на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2016 година.
Трудот на Ивица Медарски обработува актуелна и недоволно анализирана проблематика поврзана со работата на друштвата за осигурување, а се однесува на управувањето со правните ризици.
Авторот ги анализира националните прописи, прописите делегирани од страна на институциите на Европска Унија како и препораките на европското надзорно тело за пензиски фондови и друштвата за осигурување (EIOPA). Состојбата на пазарот на осигурување во Македонија, авторот ја утврдува преку добиените одговори на наменски изготвен прашалник на кој има добиено одговор од 8 друштва за неживотно осигурување од кои 7 припаѓаат на друштва за осигурување со седиште во Европска Унија.
Во трудот авторот доаѓа до заклучок дека друштвата кои учествуваа во истражувањето немаат воспоставено официјален систем за управување со ризици, при што ризиците со кои се соочуваат ги управуваат искуствено, и во согласност со задолженијата од прописите во дејноста. Авторот упатува на воведување интегриран систем на правни ризици со предлог за чекорите и редоследот кој треба да биде почитуван во поставувањето на овој систем.